Обврзана е и фирмата да исплати ако има договор на неопределено. Колку плати, зависи колку стаж имаш во фирмата.
Знам дека е така ама не знам по која формула се пресметува износот на плати. Пример: за 2 години следува 1 плата. За 5 години следуваат Х плати...
Доколку сама си најавам отказ, а нема поминато 6 месеци, дали имам право да ми ги дадат тие 2 дена во месецот што следуваат по закон? Значи ако сум работела 3 месеци, да ми дадат 6 дена слободни пред за напуштам?
Дали имам право да поднесам итен отказ без почитување на отказниот рок, доколку работодавачот ми исплаќа плата, а потоа бара незаконски да му ја вратам во кеш (за што имам вибер комуникација како доказ и дека е побарано и дека е остварено), и дали тоа би значело дека нема да имам негативни последици и покрај тоа што во договорот ми стои отказен рок?
Секако дека нема да му ги вратиш, но ова треба да го пријавиш, не треба да го оставиш така, а за отказ секако дека можеш бидејќи истиот го крши законот и договорот за вработување.
може ли некој да објасни ако ми дадат отказ од фирма каде работам повеќе од 10години на неопределено каде да се обратам,во бирото? во Фзом? Пиом? за да ми дадат пари во наредните неколку месеци?
за да зимаш пари преку бирото треба да исполнуваш услови а еден е да не биде спогодбен отказ прашај си најдобро во бирото.
Ако те отпуштат од фирмат треба да ти дадат отпремнина. За 10 години мислам дека треба 2 или 3 плати. Побарај го Законот на интернет.
Гледај тоа да биде строго технолошки вишок, никако да не си потпишала спогодбено (зашто тек тогаш ништо нема да земеш од АВРМ). Те следува и јубилејна награда зашто си кај истиот работодавач (но најверојатно си ја зела на 10 години работење). Откако ќе добиеш технолошки, одиш во АВРМ, таму ќе ти кажат подетално што и како понатака. Генерално брзо оди процедурата, само за парите ќе почекаш отприлика месец и половина дури почнат со исплатата. Среќно!