Sum ispolneta i srekna i pokraj goolemiot umor i plus odam na rabota, a nemame ni 3 meseci. Od kako imam bebe zivotot dobi nova poubava dimenzija. Fala mu na Boga za toa.
- немам слободно време - навечер не знам дали заспивам или се онесвестувам - стално е растурено, несредено - секогаш нешто брзам - и кога не се буди ноќе, јас се будам и се штрецам за неа, ја проверувам - станувам рано - ја дотерувам нејзе, а јас набрзинка излегувам кога шетаме - имам друштво и за во вц - не сум си приоритет - посилна сум - појака - поодлучна
Кога се гледам во огледало како тоа да не сум јас, како да е некоја друга особа..секако подобрена верзија од мене! Заборавам колку години имам, заборавам кој ден во неделата е, не го ни приметив летото, ќе видиме сега за зимата. Не се нервирам за глупости за кои порано сум се нервирала. Ми годи кога ги гледаат и ми кажуваат колку се слатки, се топам, и егото малце ко да ми се дигна што си имам убави, прекрасни, здрави прави бебенца. Поинаков ми е пристапот кон луѓето, попитома станав, бев подива за непознати, сега не. Јадам ако ми текне дека не сум јадена, не уживам, јадам колку да не сум гладна и набрзинка секако. Туш исто набрзинка, мачкање со млеко минимално, ако ми текне некогаш, па си викам ајде де гелот за туширање е сосем доволен. Чистам по дома ко мрдната, се да свети, претходно беше колку да се помине. ....ќе забегам ако продолжам,доста е..а има..има што да се збори...
-Секое утро ме развеселува една убава насмевка -Се чувствувам исполнето -Се чувствувам уште повеќе сакана од мм -Престојот во вц ми трае брзовозно -Јадам набрзина --Се спремам за две минути пред излегување -Ограничена сум со излегување на 2 часа, на бебуш ќе му се пријаде -Си легнувам со кокошките во 9, кога заспива и бебуш -Ми фали долгометражното шеткање низ град и кафетисувањето -Ми фали честото излегување со другарките на кафе
Не знам што е цела ноќ сон Не знам што е да јадеш со две раце. Не знам што е да се тушираш сам и полека. И не знам како би живеела без него.
Zaboraviv na sebe.. pred se e bebe,se ostanato moze da ceka. Nemav poim deka tolku ispolneto moze da se cuvstvuvam koga ke se nasmee ili ke me pogledne.. I da,kako i mnogu,abe se si pogaziv shto sum rekla pred da imam dete.. demek ja stroga,Hitler ke sum bila,a na kraj ispadna deka dovolen e eden pogled i se bi napravila samo da e nasmean bebushko..
Сфатив дека можам да жонглирам со многу топки во воздух, додека возам моноцикл и на носот држам стапче со кинески порцелан на него. Циркусот на мојот живот
Се фаќам како навечер се будам да видам дали е покриена , да ја мирснам,бакнам и да и се насмеам и израдувам без никој да ме види и да му кажам на Бога фала што ми ја прати
Се чувствувам најгорда и најсрќна што имам добиено најголем Божји благослов а тоа е мојата ќерка. Цела моја душа цел мој живот е соберено во тие 2 мали рачиња кои неизмерно ме галат а најмногу кога цица. Ја обожавам едноставно некој пат дури ми се плаче пд што не можам да опишам колку мн јс сакам
Не знаев дека можам да сакам толку многу две мали очи. "Леле колку убави крзнени чизмички за беба" - купено. Мама штикли не купила со месеци. Не знаев дека косата и не ми е толку лоша во пунџа за по дома. Па ни за пазарање. Ни за шетање. Дури и кога мирно спие јас се будам да ја проверам. Некогаш не се сеќавам навечер како сум заспала од умор. Не верував дека ќе имам таков мир на душата кога сме сите тројца заедно. Мислев дека ние двајца сме си доволни засекогаш. Откако ја имаме неа сфатив дека не можеме без оваа среќа. И тука некаде полека малку се изгубив себе. А не сакав.