Не знам кој број носам, трудна купив поголем број патики уште ги носам нив Немам облечено штикли Подебела сум од тоа што отидов на пораѓај Посмирена сум Не помислувам на работата Само зборам за бебето, ама гледам да се контролирам Како и сите мајки и јас сум опиена од бебето Кога ќе легнам да спијам, вистински сум среќна и спокојна.
Се немам наспано раат - цица активно скоро 2 год. Трчајки идам во вц, а камоли раат да се избањам ако не е мм тука. Најсреќна мајка сум. Најгорда. Но, ова не е ништо секоја жртва би ја прифатила за тие најубави дупчиња на образите
- станав октопод, - зачистувам многу побрзо одколку предходно (да се искористи додека не станал), - се спремам за 5минути (порано ми требаше 45), - јадење полека и пред тв стана историја - не ми е повеќе досадно Итн, итн...
Заљубена сум по втор пат и тоа овај пат многу повеќе Многу сум посмирена, некои работи што претходно ми сметаа и ме нервираа, сега не Горда сум на моето синче Посилна сум, похрабра Скржава кога треба да купам нешто за мене Немам слободно време Нема кафиња со другарки, ова ми фали Нема ноќни излегувања, ова не ми фали Научив да готвам Се спремам за 2 мин, порано ми требаа 2 саати И за крај најтешкото за мене, НОЌНОТО НЕСПИЕЊЕ 10 месеци немам врзано сон повеќе од 3,4 часа.
Првиот син ми вика мамо одкако имаш бебе повеќе ме сакаш,повеќе имаш љубов (ова настрана од тоа што се претворив во зомби)
Откако имав бебе, сега веќе девојчица од 3години, сватив дека - нема слободен викенд, - нема ноќен сон, за денски да не зборуваме тоа е научна фантастика - има многу гушкање и љубов од едно мало а големо битие - сватив дека едно срце чука благодарение на меме и мм - сватив дека природата е непобедлива - никогаш не бев свесна какви чувства буди детето кај мајката - одам со немиена коса - облекувам што ќе ми падне прво при рака - сватив што правела мајка ми за мене - сватив дека одам на шопинг за себе, а купувам за неа. - сватив дека здравјето е најскапоценето нешто, а дека болничките ходници кријат милиони искрени плачови и молби - сватив дека детето е најслабата точка во животот на еден родител - сватив дека се расплакувам од среќа, додека тоа претходно не било случај - сватив дека јас без неа сум ништо и уште мал милион работи но да не тупам повеќе, доволно е.
Уф... моето искуство беше пред повеќе од 13 години... -Не бев спиена повеќе од година дена -Ме фати (и ми помина) пост-породилна депресија -Во животот толку слики не сум исчкрапала, како првата година откако таа се роди -Не можам да поверувам дека од мене излезе.. дека ние ја направивме... и дека е најубавото нешто што ми се случило во животот
1. Не сум наспана 2 год 2. Ако сум врзала неколку саати сон, се будам преплавена од љубов. Добро, некогаш и пцујам. 3. Сум подобар човек. 4. Се шминкам за 2 мин. 5. Се туширам за 4. 6. Поминаа 2 год, уште не сум заборавила колку ме болеше доењето. 7. Си правам задоволства и не се запоставувам. Кога сум задоволна, син ми ја добива најдобрата верзија од мене. 8. Сфаќам дека цел еден никаков ден може да го поправи само една насмевка. 9. Јадам брзо. 10. Добив нова почит кон слободното време. 11. Повеќе си се допаѓам. И физички и психички. 12. Сум многу поблагодарна за сѐ што имам. 13. Стравовите ми се поголеми. 14. Желбите поскромни. 15. Животот е поубав. 16. Станав фрик за чистење. 17. Пеглам 18. Сакам некого неспоредливо повеќе од себе.
Немам спиено нормално Убаво е се ама сакам бар на еден ден да се исклучам и да не мислам дека е време за јадење, менување пелена, бањање, спиење, играње....
Како и секоја мајка, многу работи од горенаведените Немам време баш за пишување, но еве една, две црти... - Сфатив што е јака главоболка - Коса (еден тон што ја имам), научив да ја средам за 10мин... а порано ми требаа 1ипол, 2 саати (фенирање, пеглање). - Деновите ми летаат (ова најчудно од се ми е). Ама баш како една нед да поминало од некоја дешавка, а тоа поминале 6м на пример. Или роденденот на малава е за брзо, а како вчера да и беше првиот Ми лета времето!
1. Немам време 2. Пре-посветена мајка сум 3. Исполнет ми е секој момент 4. Јадам поредовно и поздраво 5. Се туширам за 10 мин, 6. Се спремам за надвор за ултра-кратко време 7. Уживам дома 8. Рано се будам, не сум наспана 9. Ги подобрив моите кулинарски способности 10. предходно сум имала многу слободно време, којзнае што сум правела
Јас ќе кажам само една реченица. Откако го родив првото бебе пред 9 години, после шест второто и за нецели две третото, сфатив дека имам сила за која никогаш не сум знаела дека ја имам. И супермоќи. Испаднаа две реченици .
*Сфаќам што значи да сакаш некого повеќе од себеси. *Ме исполнува времето поминато со неа *Трошам пари само за неа,купувањето шминки и штикли е на пауза *Станав кавгаџика, не давам никој ништо да и пререче *Станав посебична, ме занима само нашиот мал свет во кој главна улога имаме јас и она *Станав малку болничка по чистота *Станав голем дечар,пред не ги погледнував *Се топам кога ќе ми рече “мама”, ќе ме бакне и гушне со рачињата *Не сум наспана година и пол *Ц*цкиве ми виснаа ко на баба тоа на кратко.
Се е поубаво Наспана сум не се жалам за до сега. Исполнет ми е денот. Среќна сум. Дознав дека постои толкава количина на љубов. Посветена сум му максимално, се изолирав од се