Буквално се од горенаведеното, само ќе издвојам многу похрабра сум. Сега можам и со лав да се борам, и за бебе знам дека ќе направам се
-Јас не сум јас -Не можам да им се изнарадувам на тие две очиња што зависат од мене♥️ -Ми фали малку слободно време за себе -Плачам за сон -Паничам левел 1000000 -Немам вишок време за небитни луѓе -Сум поисполнета и позрела како личност -Сум среќна што сум мама
Мислам ретки се тие кои се наспани јас особено сега од ко имам 2 - заборавам да се намачкам крем за лице, а за други третмани да не прам муабет - ретко се шминкам (уствари ич, само за свадби ) - за пола сат можам да се спремам и јас и децата - ако сум дома заборавам и заби да измијам - научив побрзо да работам со една рака - нон стоп гледам колку е сатот - нон стоп се мислам шо за јадење - попретпазлива сум - се нервирам често, особено за коментари од страна - Среќна сум кога големото го гушка малото - имаме помалку заеднички моменти со маж - понекогаш ми фали седењето кај другарка со саати без да гледам дали е време за спиење на децата
Си го заљубив нередот, неспиењето и уморот. Си го заљубив светот и животот. Сфатив дека навистина постојат и други универзуми, оти си родив еден. И секое утро одново и одново се заљубувам во него, во моето мало девојче.
-Во исто време преморена но и исполнета -Си го гледам секој ден во раце тоа мало човече и си потврдувам пак и пак дека дефинитивно нема друг феномен како создавањето на живот, растејќи од зрнце до цело живо слатко суштество,без чија насмевка не можеш потоа да си го замислиш животот -Хаосот околу мене ме тера побрзо и подобро да се организирам -Сега со второто сум посмирена некако и позрела за некои работи иако понекогаш имам притаени стравови да не им се случи нешто лошо,грижи..мисли..нема мирен сон..како за сегашноста така за иднината.
Научив што е да осеќаш чиста, неизмерна љубов, ми се плаче од што го сакам, но и страв. Страв да не погрешам, страв дали му е се добро, страв да не се загуши, страв да не падне, страв дали сум доволно добра мајка, страв да не донесам некоја одлука што ќе влијае негативно на него во иднина.
Конечно научив каква е таа љубов за која сите родители претходно ми зборуваа, ме убедуваа дека е нешто посебно што не може да се опише, а јас само мутаво климав со главата као "да, да, океј, whatever". Се уверив дека животот навистина е поубав и повреден со детенце. Некако, повеќе има смисла. Иако сум родител само 3 месеци, научив дека можеби најважната работа е трпението. Се' може да се изведе, за се' има некакво чаре. Во првиот месец се двоумев за секоја моја постапка, но како што поминуваше време увидов дека со трпение и смиреност, и секако информираност, можам се' да правам по ред како што треба и дека нема потреба за паника и страв. Се' се учи, потребни се интерес и посветеност. Научив дека денот е мнооооооогу подолг, а времето како да е многу пократко. Ако тоа има некоја логика... Порано освен за работа, времето си го поминував како јас си сакав, само за мое задоволство. Се изнагледував серии и филмови, се изнаигрував кантер, се изначитував книги, се изнашетував надвор... и пак немав време! Сега сфаќам дека тогаш и те како сум имала време. Научив дека океј е луѓето да дадат мислење/совет/коментар. На почетокот туѓите мислења малку ме нервираа, ги гледав како мешање во моја манџа, а тоа ме тераше да се осеќам неспособно. Си мислев штом коментираат, сигурно ме сметаат за неспособна. Среќа брзо сфатив дека тоа е една голема глупост, затоа што: 1. не е битно што мислат луѓето, битно е што правам јас; 2. во природата на луѓето е да коментираат; 3. нека коментираат до кога сакаат и што сакаат, моја е одлуката како ќе постапам. Ама таа почетничка нервоза ја препишувам на хормони. Со сето ова кажано ќе заклучам дека научив да си верувам на себе, на својата интуиција и на својата способност. Но научив и дека сосема е океј да побарам помош доколку ми е потребна. Нема ништо лошо во тоа, не ме прави помалку способна и како мајка и како личност. На крајот од денот она што е важно е пред се' бебуш да е здрава и среќна, а секако паралалено со неа и јас.
Сум горда што сум жена! Љубовта има сосем друга димензија! Никогаш не ми е досадно! Сите коци си дојдоа на свое место! Не сум веќе себична, сега она ми е се!