Откако имам бебе...

Дискусија во 'Бебе' започната од NEA, 9 октомври 2019.

  1. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    -Посреќна сум од денот кога дознав дека сум бремена и дека во мене расте мало чиа семче
    - Спиењето е луксуз
    - Заборавивме што е романтика и интимни моменти со сопругот, но затоа сме поблиски и посветени во растење на нашето мало маченце
    - Гледам да биде што почисто дома заради бебе
    - Заборавив што е тоа телевизија,филмче,серија
    - Туш трае 10мин, а миење коса е луксуз
    - заборавив што е да испиеш топло кафе на раат секогаш останува недопиено или оладено
    - за шетање само натнувам нешто брзински дури и се мразам што не се дотерувам како порано, два пати само ставив карминче а порано без батем римел и кармин нигде не сум одела
    -се чудев на колешки како кога сме иделе во шопинг гледале за децата ствари а не за нив, ете и јас го правам истото,дури пресреќна сум што прееска бендисав прв пат после година дена еден фустан и намеравам да си го купам
    -утрата ми почнуваат со најубавата насмевка на светот и најневините очиња што ме гледаат кога синко цица, ти благодарам Боже за овој дар
    -темперамент и карактер немам сменето сеуште
    -и да, ми фалат сите другарки што не ми се ни јавуваат повеќе за да не ми сметале нели бебе спие по цел ден и нели телефонот не ми е на нечујно ставен,
    има уште многу ама ај доста е
     
    На kostovaivana, Сара Лав, januari19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.119
    Пол:
    Женски
    Не ме сфаќај погрешно, не прашувам со лоша намера.
    Ама кога веќе сакаш да си средена и така би се осеќала подобро, тогаш зошто не?
    Недостаток на време?
     
    На zverkica и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  3. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    18.790
    Пол:
    Женски
    Ако не секој ден, барем еднаш неделно можеш да си дозволиш да се средиш. И да излезеш како човек. И кафе да испиеш.
    Детето има татко. Ако имаш баби на располагање уште еден плус.
    Не знам колкаво ти е бебето, ама ако си на породилно и те како имаш време. Најави на маж ти дека треба да го чува детето а ти излези. Ако не можеш, тогаш твоја грешка.
     
    На zverkica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Секогаш е бебе во прв план, станал од спиење, ајде да го пресоблечам за надвор, да го нацицам, па дали земав цуцла, шише,кебе.... и секогаш брзо излагаме од дома за да бидеме што повеќе време надвор и затоа не сум оставила време за мене за средување и шминкање, ќе биде и тоа само нека подпорасне малку
     
    На Emotional123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    И да го оставам по пола саат почнува да врти, да праша нешто или на бебе му се спиело или било кенкаво и слично. Затоа повеќе од саат не сум била надвор, бебе е 4++ и цело време си бара внимание. Покомотно се осеќам кога сме заедно излезени сите тројца и мирна душа, ќе биде и кафе со другарки кога бебе ќе потпорасне малку
     
    На LazaLaza му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    18.790
    Пол:
    Женски
    Си го размазила сопругот. Бебето е твое колку и негово и тој ке најде начин да го смири. На таа возраст и те како лесно може да се смири бебе.
    Ако го научиш дека си достапна 24/7 така ке си тера. Откако ке се најаде бебе имаш 2 часа најмалку. Опција да го најадеш и успиеш е топ.
    Не се ставај во втор план, не те прави тоа лоша мајка. Ти ке си сносиш последици.
    Допрва ке е напорно за чување бебе. ;):toivo:
     
    На joy1, zverkica, Tiny Love и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. LazaLaza

    LazaLaza Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2020
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    9.235
    Пол:
    Женски
    Немојте бе мами одма со генерализирање за дотерување и грижа на бебето од страна на тато.
    Дајте да не нормализираме дека треба секоја од нас да изгледа како инста мамичка. Сосема е ок мама да не биде дотерана, сосема е ок да има брк и несредена веѓа, сосема е ок да не отиде на депилација, сосема е ок да се шета во износени тренерки. Јас не гледам ништо лошо во тоа. Се додека бебе е спастрено и дотерано мама е супер. Јас разбирам дека се нема време ако сам си со бебе по цел ден. Не е ставање тоа во втор план тоа е грижа на суштество кое моментално е му треба сето внимание на светот.
    А за грижа од страна на тато...секој со својата приказна. Лично мм доаѓа попладне од работа, некогаш и доработува и мене ми е таман што ќе ја избања и ќе ја успие навечер. А викенд лично не сакам да шетам со другарки туку сакам да поминам квалитетно време со нив пошто преку недела е скоро невозможно.
    Така да сосема е ок било која да се осеќа некако во одреден момент. Само да не се оптоваруваме со тоа мораш... ништо не мораме.
     
    Последна измена: 9 мај 2022
    На PoisonGirl, andromedae, kostovaivana и 17 други им се допаѓа ова.
  8. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Така е, во право си, ќе фатам ред со тек на време :)
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. zverkica

    zverkica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    1.476
    Допаѓања:
    2.618
    Тоа викам и јас, еднаш се бебиња и се најслатки на свет, ќе пораснат па ќе се средиме и ние ;)
     
    На lia22, lovely91 и LazaLaza им се допаѓа ова.
  10. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.182
    Допаѓања:
    10.618
    Пол:
    Женски
    Многу ми се спие :|
     
    На Anaroz1, lovely91, unearthlysarah и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    18.790
    Пол:
    Женски
    Не да фаќаш ред, туку да го стегнеш таткото да фати ред. :D
    Ти си имаш ред.
     
    На lovely91, mal.ecka и joy1 им се допаѓа ова.
  12. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.905
    Допаѓања:
    18.790
    Пол:
    Женски
    Јас не мислев за инста мамички туку просечна жена, облечена нормално и со нормална количина на шминка. ;)
    Доаѓаме до моментот што членката мрази што веќе не е тип топ како некогаш, а сака да е.

    Јас и сега и претходно имав време за дотерување, ама не сум тој тип. Си излегував лабаво во тренерки и без шминка. Така излегувам и сега, и кога бев девојка таков стил имав. Ама ако кажам дека сакам да се средам, и дека сакам да излезам со другарки 2 часа без да ми ѕврцка на 15 мин, тогаш тоа треба да го добијам. Затоа што заслужувам и јас и секоја мајка.

    Не е океј жената да се запусти откако ке стане мајка. Ни за психа не е добро ни за око. Депилација еднаш месечно трае 45-60 минути цело тело. Брк еднаш неделно 3 минути. Бањање може кога детето спие. Нокти за 10 мин средени.
    Дај да не нормализираме дека жената треба да е како партал ако е мајка.

    И мажот и жената како пар треба да излезат без да мислат на бебето. А посебно мајката треба. Неделата има 168 часа, и ако не можеш еднаш да потрошиш 2-3 часа на себе, тогаш како да функционираш нормално?
     
    На Slonce91, Anaroz1, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.434
    Допаѓања:
    5.707
    и мене :rofl:
     
    На Tea SK му/ѝ се допаѓа ова.