1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отклучување црква или манастир

Дискусија во 'Религија' започната од Daniela2207, 20 март 2017.

  1. Daniela2207

    Daniela2207 Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Девојки дали сте слушнале зошто е добро да отклучиш црква или манастир?
     
    На Meckicja и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.244
    Па сигурно за здравје и среќа. Е сега знам една другарка на која бајачка и кажала да оди во толку и толку цркви да ги отклучи, рано сабајле. Дел направи така, а потоа се откажа. Демек за среќа, па сега дали има врска не знам.
     
    На Meckicja и Daniela2207 им се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам за што се отклучува,но во секој случај не е воопшто лошо да се отклучи Црква или Манастир,јас два пати без да ми каже некој по сопствена желба отклучив Црква и се чувствував убаво и смирено...
     
    На Meckicja, Lotus-14, Daniela2207 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Како ги отклучувате Црквите?:?:
     
    На cresa-jagoda, corapce, buba4e89 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Со отклучувањето на цркивте има една анегдота.
    Пошла млада госпоѓица во еден српски манастир и побарала од монахот да ја отклучи црквата, нормално за да се омажи. Монахот и` дозволил и на шега и` рекол:
    - Сестро, еве отклучи ја црквава, ама имај на ум, дека јас 40 години ја отклучувам и пак сум неженет.
    :)
     
    На kuc, душленце, Outlook и 23 други им се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.942
    Допаѓања:
    14.003
    Пол:
    Женски
    Уште едно суеверие :)
     
    На celineparis, *Amethyst*, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    И јас имам отворано црква , рано наутро, 4ипол беше, за смиреност, здравје. :)
    Периодот после ова ми беше зачудувачки смирен, без нервози, како друга јас :)
     
    На душленце, Meckicja, Jas! и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Daniela2207

    Daniela2207 Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2017
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    И јас имам отклучено и ми велеја оди отклучи да ти се отвори среќата , не знаев што значи.
     
    На Jas!, La.loca, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Нема крај, ниту граници на човечките суеверија. Но ме чуди како е можно да опстојуваат и меѓу некои од помладите, меѓу студенти, интелигентни и образовани луѓе :(
     
    На stetoskop, iloveyou29, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    И мене ме чуди како некои млади и образовани личности, се откажуваат од верата на своите татковци, од Црквата која е изградена врз крвта на мачениците и за едно УСБ се причислуваат во разни протестантски верски заедници (од почит кон мојот соговорник кого го цитирам не ги нарекувам секти ;) ).
     
    На DAngel, душленце, Meckicja и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Затоа што често сум ги читала твоите мислења и ми личиш на доста упатен/а ( извини, не сум сигурна за родот :) ), ова со отклучувањето на црквата е суеверие или има и верска позадина?
    Да не е како она "свеќа под перница и ќе го сонуваш идниот сопруг", "не треси трошки навечер" и слично.
    Фала :)
     
    На Jas!, Victorian, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Црквата која е изградена врз мачениците нема допирни точки со црквата која е изградена пред 50тина години со неканонски раскол од Српската православна црква. Она што верувале и практикувале христијанските маченици од 1-3 век и она што денес верува и практикува твојата црква немаат допирни точки и се оддалечени како исток и запад :) Не сакам да навлегувам во ваков меѓуцрковен дијалог, ама ти почнуваш со добро познатите клевети.

    Која вера и на кои татковци? Мојот татко и мојата мајка се атеисти. Јас самостојно и лично си одлучив да бидам христијанин-протестант, откако ги истражив повеќето гранки во христијанството, Исламот, источните религии и сл.
    А ти чија вера и на чии татковци се придржуваш? Дали знаеш дека нашите предци (словените што живееле на овие простори) биле пагани и верувале во богот на сонцето (затоа и го имаме на знамето!), верувале и во богот на грмотевиците (Перун) итн. Зошто не се придржуваш на верата на твоите предци?

    И дали го одобруваш тоа што тие предци од 1ви век се откажале од верата на своите татковци (пагани) за да го прифатат христијанството што апостол Павле и го проповедал на Лидија и останатите? Или и нив не можеш да ги разбереш? :)
     
    На *Amethyst*, Rebecca_R, Zlatna12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ванилала

    ванилала Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.233
    Пол:
    Женски
    Тоа е моќта на психата, мислите.
     
    На daylight, fallenangel, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @Prijatelot А бе пријателче,што се зачуди како се отклучувале Цркви? Едноставно е,им кажуваш на вработените дека сакаш да си отклучиш,ти кажуваат кое утро да одиш,земаш клуч отклучуваш врати колку што има Црквата и тоа е тоа,ништо страшно и тешко нема во целиот тој процес.

    Според мене не е никакво суеверие,јас лично отклучив 2 пати и ќе отклучам здравје пак,и не дека очекувам да се случат чуда,здравје,среќа или во краен случај да се омажам туку едноставно осеќам некој мир после тоа и сметам дека така треба да направам :D
     
    На stetoskop, Jas!, Oscar Lady и 6 други им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Дали можеш да ми наведеш едно единствено суеверие во кое суеверниот човек не чувствува мир откако ќе го изврши суеверието?

    Еве на пример имам еден пријател што доколку помине покрај бандера во облик на буквата А, мисли дека ќе го прати несреќа, дека нешто лошо ќе му се случи. И ако незабележано помине, чувствува голем немир и се враќа назад преку бандерата и едноставно осеќа некој мир после тоа и смета дека така треба да направи - исто како ти што велиш погоре :)
     
    На Troi, Lella, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Примери со бандери колку сакаш има и со црни мачки и незнам ти што.
    Не ми зависи мирот од ниедна бандера или пак да се вратам назад три чекори ако патот ми го пресечи црна мачка,ова за мене е мал пример од стотиците суеверија,ама ниту едно не допира до мене.
    Всушност нема што да ти набројувам суеверија кога темава е отклучување на Црква,а јас тоа во никој случај не го сметам за суеверије,како и се друго во однос на Црквата :)

    П.с не си се променил,упорен си во црнењето на Православието :D
    А да,ако ти се читаат суеверија има посебна тема за тоа,мислам дека си на погрешна тема.
     
    На Jas!, Abeja, Smilleeeeee и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Ok
    Tvoe mislenje si e toa
     
    На Bitter-Sweet и Rama им се допаѓа ова.
  18. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    @Avery , не постои света тајна отклучување на црква, не постои ни такво чинопоследование. Но, верата и делата кои што ги правиме во име на верата прават чуда! Познавам неколку случаи на сега веќе омажени кои со вера отклучиле по три цркви и се омажиле... Со вера река народ за свети Наум оди во неговиот манастир и околу црквата вртат јагниња во знак на благодарност што светецот им помогнал во некој проблем што го имале. Со вера во Стариот Завет Сириецот Нееман, кој беше оболен од лепра, се закрена и појде кај светиот пророк Елисеј за да го исцели. Но, немаше вера да направи мало дело и три пати да се потопи во реката Јордан. Одвај го кандисаа и откако се потопи лепрата исчезна.
    Со вера болните се исцелуваа преку сенките на светите апостоли кои поминуваа над нив. Со вера болните се исцелуваа преку шамичето за пот од светиот апостол Павле...
    Сума сумарум, ако отворањето на црквата е наша желба за да направиме мало богоугодно дело се сврстува во народна побожност. Но, ако не` пратила некоја бајачка/гатачка тоа е веќе светогрдие и потсмевање со светоста на храмот Господов.

    @EvAngelos , по енти пат, спорот меѓу МПЦ и СПЦ си е внатрецрковен спор. И кога тогаш ќе си се реши. МПЦ, СПЦ, БПЦ, Иерусалимската Патријаршија, Константиноградската Патријаршија и сите останати помесни Црквиа имаат исто Свето Писмо, исти свети тајни, исто свето предание, исти светци, со еден збор иста вера. Така да прикаските дека МПЦ е оформена во 1967 кажувај им ги на тие што им давате УСБ-иња.
    Промената на служењето на демони во служење на Преблагиот Христос, како што направи светата Лидија и нашите праоци Словените во 9. век не е исто со промена од служење на Преблагиот Христос во служење на демоните (како што почнале да прават некои во 19. век), а оние кои ја рушат и ја напуштаат Црквата им служат на демоните.
     
    На kuc, melnicanecot, jacqueline.s и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.243
    Пол:
    Женски
    Фала ти на одговорот :)
    Не можам да се декларирам како вистински верник, веројатно затоа што сум растела во окружување полно со "бабини деветини", суеверија и искривување на верата, па ме интересираат вакви теми :)
     
    На Victorian и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Јас лично досега не сум отклучила но сигурно е тоа посебно чувство и духовно доживување. :) Всушност, тоа и го потврдивте со вашите коментари. :) Благо на оние кои го сфаќаат тој чин и тоа чувство што следи (уште повеќе тие што лично биле дел од тоа), а оние на кои тоа им е суеверие, нека им биде.
     
    Последна измена: 21 март 2017
    На Jas!, Rama и Orthophill им се допаѓа ова.