За навреди се добива бан од форумот нели? Ама кажав, овие што управуваат со истиот за едни мајка а за други маќеа... а како пиша @Femina во темата за нови модератори: не треба да бидат наклонети кон едни повеќе од други.
А каква навреда гледате? Што се вознемиривте толку не сфаќам. Плус темава не е за претците туку сосема друга.
Оууу мај гад... а таман мислев барем во категоријава религија дека се потсмиривте со нетолеранцијата во последно време
За Прочка тоа беше сега се враќаат полека во нормала поминаа празниците. Прво за загревање ќе почнат со тужби и откривање на идентитетот, а после во жешкото кој знае што би било Може ќе ни пуштат во live да гледаме тепачка Па не е интересно инаку
Јас дојдов да си кажам дека прв пат слушам за ова и ми нема некоја логикаСе чудев едно време на што се мисли при отклучување на црква
@EvAngelos , сепак нема да те дадам на световен суд, бидејќи така ќе бидеш ослободен од судот Господов. Сепак, нека Господ твоето потсмевање со маките на девиците и невестите кои биле осквернети од нечестивите Агарјани, праведно го накажи и на овој и на оној век! Уште еднаш те повикувам да се покаеш и да се засрамиш, ако не од мене тогаш од твоите мајка, жена, сестра, ќерка, баба и од целиот христијански женски род кој пострадал од агарјанските силувачи. @JollyGirl на Прочка некој лицемерно и лажно побара прочка, за да се покаже демек ете тој е подобар од нас... Патем и не можам да давам прочка на некој кој не ме навредува мене туку моите најголеми светињи: верата, а сега и претците.
Јас имам слушнато дека црква се отклучувала за здравје, среќа, благосостојба... Немам отклучувано и не би можела да дискутирам дали има вистина во тоа. Моја познаничка отвори така, се договори со вработените во мала црквичка во близина на едно скопско село. Во големите градски цркви не верувам дека практикуваат вакво нешто.
Јас мислам дека само ти гледаш потсмевање и навреда во горниот коментар. Објективноста дека во коментарот нема никаква навреда ти се потврди од многу независни и објективни форумџии погоре. Зарем не те замисли за момент тоа што сами ти гледаш навреда во тој коментар? А за тоа дека нема да ме дадеш на световен суд, не е поради „ослободувањето од судот Господов“. Ти добро знаеш дека ни Господ не гледа навреда таму каде што нема навреда. Туку откако преспа и си дојде малку при себе, увиде дека секој психички здрав адвокат ќе ти се згази од смеење ако му дојдеш со таква смешна тужба Тврдењето дека некои од нашите предци биле убивани и силувани воопшто не е навреда, ниту потсмевање, туку едноставно признавање на објективната и реалната вистина. Зарем познатата драма на Војдан Џернодрински „Македонска крвава свадба“ според која е снимен и филм е навреда и потсмевање со силувањето на Цвета? Зарем легендарната песна „Со маки сум се родила“ и навреда и потсмевање на маките на жените македонски? Зарем библиските писатели ја навредиле или се потсмевале со Бетшеба кога запишале во Библијата дека царот Давид ја силувал? Напротив, игнорирањето на таа вистина и менувањето на македонската историја би било навреда за македонскиот народ, а и навреда за разумот и интелектот на современиот човек.
Види, може ти си бил нервозен од друго а се истури тука. Значи од страна гледано, твојата реакција беше смешна и непотребна Уште си пишал за на суд да го даваш... Смешно е и без логика. Што ќе речеш на суд? Еден непознат на јавен форум рече дека пра пра пра прабаба ми МОЖЕБИ била силувана од Турчин? Какви навреди и пцовки летаат на форумот, па таман работа по судови да идевме Затоа сите ти кажавме да се смириш, пошто немаше никаква навреда... А тие што те "палеа" дека стварно те навредил, тие само чекаат кавги по форумов за да си фаќаат сеири. Ама мило ми е што си се смирил и си размислил добро.
Штрумф Веле, ај не се дурли бадијала, човекот е најмалку од сите тупаџија... Каде ви е релноста само незнам...офф... Што па јас тапам тап агол со тебе, првпат те читам.
Да не бидеме Офф Топик Овдека се зборува за отварањето на цркви и Манастири, не за поколенија или кој е прав христијанин... за православен Христијан се потребни дела и верба, почитување на Светите Тајни и уште многу работи ( Има многу да не бегам и јас пак ). Сум отварал црква и сум затварал, нема поконкретно значење убаво сум се чуствувач кога сум можел да бидам од корист на Бога. Но убаво е денот да го започнеме со славаење на Бога, молитва , добри дела. Доколку ти било посочено од некоја бајачка да отвраш црква немој да го правиш. Те молам во согласност со твоите можности редовно во неделите или поголемите празници да си ги посетуваш Православните Цркви па во твоите молитви да ја отвориш вратат на срцето за Господ Исус Христос. спомниси за мене грешниот кога ќе ја посетуваш Црквата
Јас мислам и да и рекла некоја гатачка да отвори црква нема ништо лошо во тоа , бидејки гатачите од ум тресаат направи го ова она ( појма немаат) црквата си е Божји Храм и секој е добредојден , но дека за да ти се оствари желба некоја да некој отвори црква со надрж дека ке му се оствари -Не верувам ! Но сепак нема ништо лошо во отварање на црква но не можи како што реков да се исполнуваат желби ... Штом одите во црква палите свеки , молете се Господ ке биде со вас насекаде и секогаш и во најтешките мигови.
Ме измачувате со вакви коментари. Секој си верува во она шо сака да верува не напаѓајте и не се расправјте. Девојката праша едноставно и сега пак не знае во шо да верува
Вака мислам дека настанал овој обичај. Некој поп заглавувал сабота навечер до касно и не му се станувало во Недела рано да ја отклучи црквата и ги замолувал луѓето да отклучат, ама и на нив им се спиело и се нешто изговори му давале. И тогаш како на народнине приказни се досетил да им вика дека ако отклучат, среќа бериќет ќе ги прати, дедо боже ќе им дарува ова она и оп му успеала финтата. И така се проширило тоа верување низ другите села.
@Massage Boy А што ќе кажеш на тоа дека ниту еден поп не ја отклучува Црквата во 5-6 наутро па да смислува фори,туку тоа го прават вработените жени како служителки што се... И не по селата,туку во град се почесто луѓето отклучуваат Цркви,некој од мака,некој за здравје,некој зошто едноставно така мисли дека треба Те разочарав а?! Бре,само нешто да се контрело,гледам нов член си и оп одма докажување нешто каде ако не на испробаниот начин(против Православието и поповите)
Да ја размрдам малку темава...Утрово ја отклучив црквата во едно село(додуша попот пред нас стигнал,отвориле,ама рече да се затвори црквата и пак да ја отворам,можело и така бидејќи и први бевме). Инаку по сон и дошло на мајка ми и се ветивме да ја отклучам на овој празник.Се верува дека е за здравје, среќа, благосостојба.Како и да е,напомош празникот,и секаде Господ нека дава здравје, бериќет.
Браво На голем и убав празник си отклучила Црква,нека ти донесе мир и здравје.... И јас имам отклучено Црква,два пати