Да се надоврзам и јас, во градов имаме еден убав и познат манастир и тука од сабајле отидов со моите, прво присуствував на литургија па сестрите ја заклучија вратата и јас е отворив и си ги испочитував правилата што ми ги кажа, и така бев многу среќна тој ден. . . Радостииии
Нема врска дали е суеверие или не,се додека не штети никому.... Како постапка,само по себе не е лошо воопшто отклучувањето на некое Свето место....и секако дека тоа се прави без некоја посебна желба,сопствена корист,или по наредба на бајач,едноставно се прави за душевен мир....
Дали може да го замислите Бог како ѕирка зад облаците за да види кој денес ќе отклучи црква: Аха, ене онде еден отвори црква, свети Петре пиши му еден благослов, ама од тие поголемите бидејќи ја отвори со десна рака и плус ја зачисти кваката. Мислам дека му штети на оној кој отклучува, бидејќи кога правиме бесмислени и ирационални работи, тоа ја намалува нашата интелигенција и потоа тоа психолошко размислување се пренесува и во практични секојдневни работи, одлуки, интеракции со луѓето, воспитување на децата, поставува еден модел на суеверен мајндсет кој не прилега на образовани личности од 21 век.
Се сложувам со @EvAngelos , и баш така ми изгледаат работите, и секогаш се докажувам со луѓе кои веруваат во суеверија. Викаат не штети. Можеби не штети, ама како верник го деградираш Бога, со тоа што веруваш дека ќе го поткупиш да ти даде среќа/здравје со отворање врата од црква/манастир. Истото го мислам за луѓе кои оставаат пари на икони, со цел да го поткупат светецот да му даде здравје. Оти во касичката не се важи, Господ повеќе дава кај тие на икона што оставаат. Или кога ќе те навредат дека си пуштил машина за перење на празник. Зарем стварно мислат дека Господ е едно лошо човече што седи горе и чека да пуштиш машина за да ти обезбеди место во пеколот? Кога би ги исфрлиле тие суеверија, и би се свртиле повеќе кон вистинските вредности, да ги почитуваме Божјите заповеди и да правиме добро, тогаш би биле добри христијани и на Бог ама ИЧ нема да му е важно дали сме отвориле врата од манастир или не.
Страници наназад со тебе имам дебатирано на темава за суеверија за црни мачки и бандери,и што уште не,и делиме исто мислење во врска со тоа. Ама,да ме извиниш не сметам за суеверие да отклучиш Црква,ни па некој те тера на тоа,ни квака да зачистиш ни ништо,ни па Господ ќе му рече на Свети Петар да ти пише петка на рака. Толку од мене,милион пати се изјаснив,и во ред е да делиме спротивни ставови,макар и 23 век бил,не 21
Не сфаќам зошто за некој црна мачка што пресекла пат и поминување под бандера би биле суеверие, а отклучување црква не? Можат ли таквите да наведат барем еден рационален аргумент зошто едното е суеверие, а другото не? Само затоа што се спомнува зборот "црква"?
Типична special pleading fallacy. Прави исклучок од некое правило без да ги наведе причините за исклучокот. Во превод: ама друго е тоа... Се јавува и кај телеолошките аргументи, не само овде.
Кажи плиз пример за исклучокот кај телеолошките аргументи. Ме интересира на што мислиш. Може и во онаа темана општо за религиите што е. Што сте запнале со тоа хомофоб хомофоб по сите теми... барем еден на форумов да имаше фобија од хомосексуалци па да имаше смисла да пишувате за тоа. Али ја до сега не сум сретнал таков на форумов, а ретко и низ секојднениево гледам такви. Само еднаш видов и тоа на теливизија во Србија мислам на ЛГБТИ парада едни хомофоби ги нападнаа да ги тепаат тие што парадираат.