Може ли да откупиме туѓи гревови!? Дали за сторените гревови на нашите најмили, блиски или сакани можеме ние да испатиме а ако не може, зошто тогаш му се молиме на бога за нив...која е поентата да се молиме за други луѓе!?
Има некои работи кои ние луѓето не можеме да ги знаеме, како на пример тоа на кому што ќе му биде простено. Но, верниците знаат дека треба да се молат за другите, затоа што голема сила има усрдната молитва на праведникот (Јаков 5;16). Молитвата изговорена со срце полно љубов може да направи чудо, затоа што Бог е милостив и Неговата љубов е голема. На Бог мили му се луѓето во кои пребива љубовта, па сѐ е можно. Наше е да ги сакаме сите и да се молиме за сите. Верувам дека нашите молитви ги спасуваат луѓето за кои се молиме. Е сега, кога велам да се молиме за другите, мислам на тоа да се молиме за простување на нивните гревови, а не за откупување. Малку нетипично е второво, но се случува и тоа. Човек може да се моли тој да плати за нечии гревови, но верувам дека молејќи се на тој начин, Бог ја гледа љубовта кај него и не го казнува него за туѓ грев, туку напротив, му дава благодат на тој човек затоа што така се моли.
Чудни се божјите патишта... Но, зошто ние плаќаме за туѓи гревови, зошто јас да бидам наречена грешница од самото мое раѓање и да одговарам за некои сторени грешки на моите родители или некои прапрапредци...штом е така, тогаш зошто неможеме да откупиме, т.с.гревовите на моето дете на пр.јас ќе ги платам!?
@baba Rada Да, точно е тоа дека децата може да платат за гревовите на нивните родители или баба/дедо, како што е познато спрема Словото, но баш пред некое време прочитав дека може да се случи, дете, сеуште кревко, малечко, да се соочи со лоша реалност само заради гревовите на неговите предци, но ако тоа дете тргне на патот кој води кон Бога, сѐ ќе се смени, тоа дете ќе ја стекне милоста божја. Ако тргне по лоши патишта, бел ден нема да види... затоа што е речено, она што сме посеале, тоа и ќе жнееме. Да, чудни се патиштата божји, често и малку конфузни за мнозинството, но сѐ е полесно и побистро ако има вера, надеж и љубов. Ова со наплатата до 3/4 колено, на многумина не им се допаѓа, но во животот сите се соочуваме со тешкотии. Работата е во тоа како ги прифаќаме, тоа многу ни менува. А ти Радо, ако сакаш твоето дете да не плаќа за твои гревови, би требало да се погрижиш за својот начин на живот. И сите, општо. Живеејќи праведен живот, со верба во Бог, се спасуваме себеси но ги спасуваме и нашите потомци, кои подоцна, сепак, самите ќе изберат еден од двата патишта.
Не. Според Христовите објави за денешницата (на пр. книгата „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„) објаснето е дека секој треба да ги спознае и исчисти своите сопствени гревови. Но за ова да може да се сфати мора да се земе в предвид знаењето за повторното раѓање (реинкарнацијата). Замислата дека би можело да се откупат, превземат туѓите гревови доаѓа од митот дека Исус со жртвата на крстот ги превзел гревовите од луѓето, но сличен мит постои и во источните религии каде наводно духовниот учител (гуру) имал моќ да ги превземе гревовите на своите ученици доколку тие „совесно„ ги исполнуваат неговите упатства за разни спиритуални вежби. Тоа е заблуда. Ниту еден човек не може да ги превземе нашите сопствени гревови. Душата е составена од духовни атоми. При човековото грешење етеричните сили, силите на Светиот Дух, не можат повеќе нормално да протекуваат и да го просветлуваат душевното тело па доаѓа до постепено затемнување на духовните честички. Но тоа се духовни честички на дотичната душа, не туѓи, оттаму таа самата треба да ги увиди и отстрани тие нечистотии. Но Христос тука ѝ стои како помошник и учител (воедно единствен Небесен учител) на секоја душа доколку таа сака да се преобрати. За туѓите гревови не, но постои можност доколку некој грев бил заеднички направен да тогаш последиците и нас нè погодат освен ако правовремено не сме препознале, простиле, замолиле за прошка и поправиле она кое било згрешено. Впрочем тоа е духовната позадина на „случајностите„ кои доведуваат до настанок на семејствата и другите видови на заедништво помеѓу луѓето: душите и луѓето поради заедничките или сличните оптеретувања (т.е. гревови) кои биле предизвикани во една или повеќе поранешни инкарнации, навидум случајно се сретнуваат повторно заедно, можеби во променети улоги. Доколку секој се потруди да живее според духовните закони на несебична љубов, простување, мир и слобода тогаш, учесниците и без да ги знаат деталите за минатите животи (што било, како било, кој прв почнал и сл.) тие наврзаности од претходните животи постепено се разлагаат и надминуваат. Друга можност е среќавањето да биде поради исполнување на некаква заедничка мисија која тие луѓе како души доброволно ја прифатиле додека биле во отадестраното, значи пред да се инкарнираат. Во Христовите објави е објаснето дека со човековата искрена молитва до Христа, позитивните со љубов исполнети мисли Христос може да ги пренесе во вид на светлинско зрачење кон душите кои живеат во отадестраните светови, бидејќи сè е енергија, па така и мислите се енергија. Тогаш тоа им дава додатен спокој и сила на душите да ги надминат евентуалните земски наврзаности и да го спознаат своето некогашно грешно (на пр. дека некому сториле неправда) и истото да го надминат полесно воедно и да замолат искрено за прошка. Еден вид на бодрење, како би можеле полесно и побргу да напредуваат по еволутивниот пат на нивните души. Но таквите молитви треба да бидат насочени исклучиво кон Христа и преку Христос - избавителот и спасителот на сите луѓе и души. Никако не би требало да се ословуваат самите бестелесни души. Во спротивно би можело да биде привлечено влијание и врзување од покојниците а тоа би било на штета на обете страни. Истото важи и кога се сака да се замоли за прошка или да му се прости на некоја душа т.е. некому кој не е повеќе во земска облека т.е. бидејќи физичкото тело починало. Сето тоа би требало да оди исклучиво преку молба до Христос. Повеќе за ова може да се прочита во книгите „Јас дојдов - од каде? Јас заминувам - кон каде? Живот после смртта - Патувањето на твојата душа„ како и во книгата „Секој умира за самиот себе„ двете во издание на Универзален живот.
Можеш, ако се пријавиш во полиција за туѓ криминал, на пример... Пред да рипнете, не е само шега и сарказам – туку кога би претпоставиле дека постои виша сила која воспоставува ред и правда, може да се направи аналогија колку би било праведно. Ама тоа ми е хипотетичко размислување, не верувам во апсолутна правда и казни за гревови, бидејќи насекаде околу нас има примери што го одрекнуваат истото. За сите негативни и нечовечки постапки само лично се „одговара“ (секако може и други во околина да страдаат, ама нормално не по своја волја и не праведно и правилно) и тоа со последични неволји, пореметување на психата (а со тоа и физичкото здравје) преку грижата на совест, на крај краева и пред законите ако е таков гревот, итн итн. Најапсурдно верување, апстрактно објаснување на ситуациите, you name it – ми е она обратното на прашањето од темава – дека невини личности (деца!) со страдање плаќаат гревови на свои предци, и дека тоа е правилно, оправдано од Бог и со некаква смисла. Просто дегутантно ми е и ми се коси со секаков сенс, етика и емпатија. П.С. ова ми е лично размислување по сопствен морален код и така и ми е намерата да се изразам, па културно замолувам да нема препораки да се „едуцирам“ во врска со религија.
Да ти кажам, ако некој пиши дека му е океј и правилно зошто било така, да дете или некој друг невин да плаќа за туѓи гревови - многу ми зборува за тој човек, него за човекот кој трпи туѓ грев, или дури и човек кој свесно прави грев. Овие другите (прво опишаните, кои им е океј невино дете да плаќа за туѓ грев) ми се позлобни некако.
Неможам и јас никако да сфатам, како можам молејќи се за некој друг, за негово подобро здравје или за да му прости бог некои негови грешки, е сето тоа да биде ислушено а особата за која сум молела да не е верник!?
Па ти веруваш и ако има некаква промена ја гледаш низ таа призма. Ако човекот не е верник, се справува со својот морален код на друг начин. Секој на свој начин се справува со проблемите.
Бидна тоа што преку Христос ние добиваме спасение. Адам, кој требаше да биде совршен, згреши, па ние сите ја наследивме таквата природа склона кон гревот. Виде Бог и скова нов план, Нов Завет. Го прати меѓу луѓето својот Син (Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него, да не погине, но да има живот вечен, Јован 3;16)
Па се молиме за нивна добробит и благосостојба. Мислам дека на никого не му треба нашето сопствено патење, ни децата ни би го сакале тоа, ниту пак Бог. Треба единката да добие свест за своите гревови и навистина да се покае. Покајувањето не е толку едноставно. Мозокот може да “оправда“ покајување/ да не го оправда, тоа доаѓа од срцето и од спознавањето на љубовта кон ближни и кон Бога.
СИЛАТА НА МОЛИТВАТА Добитникот на Нобелова награда од областа на медицина, д-р Алексис Карел, молитвата ја нарекува најмоќен облик на енергија. Според него, тоа е сила подеднакво реална како што е силата на Земјината тежина. После него прочуениот американски научник д-р Х. Ј. Стовел, при едно чудесно откритие, ја измерил моќта на молитвата. „Бев циничен атеист… еден ден работев во големата патолошка лабораторија на една клиника. Бев окупиран со задачата како да ја измерам брановата должина и јачината на зрачењето на човечкиот мозок. Сакавме да испитаме што се случува во човечкиот мозок кога човекот преминува од живот во смрт. Избравме една жена која боледуваше од смртоносен рак на мозокот. Жената беше духовно, психички потполно нормална. Општо гледано, беше навистина зачудувачка нејзината животна ведрина, со оглед на нејзината безнадежна телесна состојба. Знаевме дека е на умирање. И таа го знаеше тоа. Исто така знаевме дека станува збор за жена која целиот живот го поминала со вера во својот Спасител Христос. Непосредно пред нејзината смрт, во нејзината соба сместивме еден високо осетлив апарат за снимање. Тој апарат требаше да ни покаже што се случува во нејзиниот мозок во последните минути. Притоа, уште, на креветот сместивме мал микрофон за да можеме да слушнеме што ќе каже, доколку воопшто може да дава некакви знаци на живот. За тоа време се сместивме во соба веднаш до нејзината. Бевме пет трезвени научници. Меѓу нас јас бев оној најприземниот и најтврдокорниот. Полни со исчекување и внатрешна напнатост, стоевме пред своите инструменти. Стрелката стоеше на нула и можеше да покажува сé до 500 степени во позитивна насока на десно и 500 степени во негативна насока на лево. Пред извесно време со помош на истиот овој апарат го имавме мерено емитирањето на една радио станица, чија програма беше испраќана во етерот со јачина од 50 килохерци. Стануваше збор за порака што веројатно била пренесена низ целата земјина топка. При тоа мерење утврдивме вредност од 9 степени во позитивна насока. Ни се стори дека на болната ѝ дојде последниот миг. Наеднаш слушнавме како почна да се моли и да Го слави Бога. Го молеше Бога да им прости на сите луѓе што во животот ѝ направиле неправда. Тогаш ја изрази својата цврста вера во Бога со зборовите: ‘Знам дека Ти Си Единствениот сигурен извор на сила за сите Твои созданија и тоа ќе останеш‘. Му благодареше за силата со која Он ја носел целиот нејзин живот, како и за сигурноста што смее да се нарече Негова. Му сведочеше дека нејзината љубов кон Него и покрај сето страдање, никогаш не се намалила. Во моментот кога зборуваше за прошката на своите гревови преку Исусовата жртва, од нејзините зборови одекнуваше неопислива среќа. Најпосле, ја зафати радост при помислата дека наскоро ќе може да Го гледа својот Искупител. Стоевме потресени пред својот апарат. Веќе и заборавивме дека всушност сакавме да истражуваме. Се погледнавме и притоа не се срамевме од своите солзи. Толку бев трогнат од она што го слушнав, што морав да плачам, како што никогаш уште од детството не сум правел. Наеднаш, додека жената уште се молеше, слушнавме на својот инструмент некаков тон на постојано удирање. Кога погледнавме, видовме дека стрелката покажуваше 500 степени позитивно и непрестајно удираше на границата од апаратот. Нашите мисли се испреваруваа една со друга. Со техничко мерење сега по прв пат откривме една неверојатна стварност: мозокот на оваа жена на умирање која со молитва беше соединета со Бога разви сила 55 пати посилна од силата на зрачењето на онаа светска радио станица! Во тој миг почна да се руши мојот атеистички поглед на светот. Стоев пред лицето на сезнајниот Бог. Потполно смешно ми стана моето неверие. Така станав среќен Христов следбеник…“. Извор: http://bigorski.org.mk/detsko-katche/silata-na-molitvata/
Според мое убедување - не, бидејќи светот едноставно не функционира на таков начин. Не можам да ја пронајдам логиката во тоа за одредени негативни дејствија сторени во минатото од страна на едно лице, да се пренесат како последица врз друга личност, зборувано од аспект на откупување на туѓи гревови. Секако, постои статистичка не/веројатност да се случат одредени настани во текот на животот на една личност и карактеристиките на настани во него зависат од повеќе фактори, од кои некои зависат, додека некои не зависат од самиот поединец, без разлика дали се тие позитивни или негативни.
Ете тоа е ТОА...се согласувам со тебе...таа нелогика, таа неправда да некој казнуваш за туѓи гревови, па дури(замисли до четврто колено фаќала казната, од кај го извадија овој бесмислен податок)...Па Адам и Ева ко да направиле 1000 грева а не еден, па и тој крстен неправедно грев е само нормален потег на свесно битие...навистина незнам, што се бара од нас луѓето....неправедно осудени, осакатени и жигосани, со товар во душа дека сме некои грешници и дека ако мене ме поштедил бог, или ете ме промашил, на моето дете ке ја изврши казната????? Каква е таа ОСВЕТА...око за око, заб за заб... Ако треба да сносам одговорност и да платам за нешто, за кое немам појма, дај тогаш да можеме унапред да си ги платиме грешките... Премногу глупава работа е тоа во нашава вера...да осудиш некој за грешник, да осудиш некој цел живот да се моли, клечи...да му дадеш свест а да му забраниш да ја користи...глупоштини. Нели
Да можевме ние да откупиме туѓи гревови, Исус воопшто немаше да дојде на земјава и Бог Отецот немаше да дозволи Исус да пострада како најголем грешник за откуп на туѓите гревови. Единствената неисполнета молитва на Исус е таа што ја молел во Гетсеманската градина непосредно пред Неговото апсење и распнување: "Татко Мој! Ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша. Но не како што сакам Јас, туку како што сакаш Ти!" (ев. Матеј 26, Библијата) Исус три пати ја молел оваа молитва во силна агонија со капки пот што како крв му паѓале на земјата и дури и барал поддршка од своите најблиски ученици Петар, Јаков и Јован. Исус не барал ескивирање од мисијата за спасување на човештвото. Сè што барал е поинаков алтернативен начин, не толку болен и срамен, и да не биде Тој жртвата за гревовите на луѓето и ако е можно Бог да најде некое друго алтернативно решение за човечките гревови АКО Е МОЖНО! Но не било можно. Бог не му ја услишил оваа молитва. Зошто? Затоа што немало, нема и ќе нема друго решение за човековиот грев освен преку жртвата на Исус. Платата за гревот е смрт и никој не можел и нема да може да ја плати таа казна. Единствено Исус, Кој немал Свои гревови и по Божјата воља бил определен за тоа, само Тој можел да даде откуп за нашите гревови. Имало период во времето под Мојсеевиот (стар) завет кога децата ја наследувале казната за гревовите на своите родители (до трето или четврто колено, а милоста до илјадници генерации), но заради бунтувањето на евреите Бог го променил ова уште во времето на пророкот Езекиел. „Ми дојде Господово слово:”Зошто вие ја употребувате во Израел пословицата: ‘Татковците јадеа кисело грозје, а на синовите забите им фаќаат оскомина!’ Животот Ми Мој, говори Господ Бог: Никој од вас нема веќе да ја повторува во Израел таа поговорка; зашто, сите животи се Мои, како животот на таткото така и животот на синот. И еве, оној кој ќе згреши, тој ќе умре. ... Но вие велите: ‘Зошто синот да не го носи татковиот грев?’ Затоа што синот извршува закон и правда, ги чува и ги врши сите Мои наредби, ќе живее. Оној кој ќе згреши, тој и ќе умре. Синот нема да го носи татковиот грев, ни таткото синовиот грев. Врз праведникот ќе биде неговата правда, а врз безбожникот неговата безбожност. (Езекиел 18, Библијата) Прочитај го горниот цитат од Библијата и ќе видиш дека осудата за гревовите на родителите не се пренесува на децата и секој ќе си прими плата за своите лични, индивидуални гревови. Бог е праведен, свет и фер. Но она што го наследуваме од нашите родители е несовршена и гревовна телесна природа, едноставно затоа што сме комбинација од нивните несовршени гени. Од нив наследуваме склоност кон болести, смрт, себичност и општо склоност кон грев. Тоа е, нивни деца сме, не не родиле марсовци Но сепак секој си е одговорен за сопствените сторени гревови. Бебињата ни во Стариот завет не биле осудени за гревовите на предците, а камо ли па во Новиот завет.
Од сето ова твое прекрасно објаснување(мислам дека си професор по теологија), не најдов одговор зошто тогаш би се молеле за други луѓе!? Исус не успеал, не гледам ни јас никаде, ни трунка надеж, дека би ни биле услишани молитвите.
Дали зборуваш за молење за починати или за живи луѓе? Ако станува збор за првото, тие молитви немаат смисла и не се богоугодни. Залудно е и раздавање храна за починатите, бидејќи таа храна нема да ги поништи нивните гревови. Ако зборуваш за молитви за живи луѓе, тоа веќе има смисла, бидејќи Бог може да го омекне нивното срце и да ги донесе во ситуација каде што ќе се отрезнат од суетниот живот, ќе сфатат дека грешеле и дека им треба покајание и ќе поверуваат во Исус. Потоа нивната вера во Исус ќе ги спаси, се разбира поради Исусовото дело на крстот.
Зарем има молитва и за починати...аууу..што би молеле...да не шврља мажот горе како што шврљаше доле на земјата..хаххахаха..мала шала.... Велиш Бог може да им го омекне срцето на грешниците, просто речено, може ама ако сака Бог, да им го дотера умот на место....но, повторно доаѓам до тоа дека молитвите не се сигурно..моли се ти ако не си имаш попаметна работа..Извини на грубоста на моите зборови, но ......дефинитивно станав неверник и мислам дека библијата е премногу погрешно пишана, премногу подценување и изживување врз човекот има.