1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откупување на туѓи гревови

Дискусија во 'Религија' започната од baba Rada, 25 јануари 2018.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Има во православието и католицизмот.
    Во Библијата и христијанството нема.

    Во Библијата човекот е опишан онака каков што е во реалноста, без ронка шминкање и идеализирање. Библијата зборува без влакно на јазикот за човекот. Ако на некој не му се допаѓа тоа, нека не ја чита Библијата, но нека не чита ни црна хроника, нека не гледа вести, нека не излегува надвор и последно нека не се гледа во огледало бидејќи ќе го види баш човекот што е опишан во Библијата.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="EvAngelos, post: 37778 бидејќи ќе го види баш човекот што е опишан во Библијата.[/QUOTE]

    Мислам дека многу убаво ќе видиме дека совршенството може да биде несовршено.
    Сакам да те прашам..Кој владее со светот, ѓаволот ли!?
     
  3. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Мислам дека многу убаво ќе видиме дека совршенството може да биде несовршено.
    Сакам да те прашам..Кој владее со светот, ѓаволот ли!?[/QUOTE]
    Баба Радо ме замисли нешто - ти да не си богомилка?
     
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Баба Радо ме замисли нешто - ти да не си богомилка?[/QUOTE]


    Незнам душо, можно е ако прапрабаба ми имала некоја тајна веза со поп Богомил кога шетала низ село Богомила..
    ;)
     
    На daylight и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  5. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Кога Господ ќе ни суди покрај нашите добри дела, ќе ги земе в предвид и добрите дела кои се извршени во наше име. Така да нашите гревови не можат да бидат избришани како што се бришат преку светата тајна покајание и исповед, но можат да бидат скриени со Божјата љубов поради љубовта на оние кои се молат и ќе се молат за нас.
    За библиското и преданиското потекло на молитвите за покојните можете да прочитате овде:
    https://blogoslovmk.wordpress.com/2015/06/20/молитвата-на-црквата-за-упокоените/
     
    На agios, sonuvana, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Многу без врска е да кажеш дека што почине некој, престанува неговото влијание на овој свет. Многу добри дела се направени во чест на некој починат. Да кажеш дека после смртта на човек престанува и се што оставил зад себе, би значело од прилика дека штом почине некој би требало и да заборавиме на се што открил, создал или измислил тој човек.
     
    На hermosa, sonuvana и Rama им се допаѓа ова.
  7. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Русите ја имаат св. Ксенија Петроградска,јуродива.
    Живеела во 18 век во Петроград. На 26.години останала вдовица и од преголема љубов кон починатиот сопруг, решила да се жртвува себе си, за да ги откупи неговите гревови. На самиот погреб, се облекла во неговите машки алишта и на сите им објавила дека Ксенија е мртва, а таа го продолжува животот, посветен на Христа, како Андреј ( името на мажот).
    Го распродала и разделила целокупниот имот и наредните 45 години ги поминала во молитва и чинење добри дела.
    Бог ја наградил уште додека била жива, а денес е позната како светителка која најбрзо помага, ако и се молиш усрдно.
     
    На Selest, marchi-cool, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Имаш ли информација со што поточно бог ја наградил!,
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  9. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Со дар на исцелителство и пророкување..
    На многу луѓе им помогнала, мали чуда се случуваат и на нејзиниот гроб.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.