Отоци во бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од bebebio, 10 јануари 2010.

  1. bebebio

    bebebio Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Zdravo !!
    Jas sum 37 -ma nedela vo bremenosta i pred 2 nedeli mi se pojavija otoci na stapalata i gluzdovite. Ne mi preci na odenje iako koga ke se vidam se uzasnuvam, bidejki imav dolgi a tenki stapala, no sega veke 3-4 dena ima kako pocnav da custvuvam bolka gore na stapalata kako da sum se udrila, najverojatno e od otocite.. Ve molam ako nekoja imala vakov problem neka pise, posle kolku vreme od poragajotse gubat otocite ili kako sega da gi namalam, ili skroz izgubam :D.. Moram da potenciram deka mnogu jadev solena hrana i znam deka mi e od toa, no sega veke vnimavam. Pozdrav
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.162
    Ништо, одма после породување се губат, за неколку дена, а сега мирувај со нозете нагоре. Не се нешто страшно отоците, а и ти си при крај, така што се издржува :)
    Ајде, со лесно...
     
  3. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    E aj neka ti e dobramisla, pa super si ti stom u 37 nedela ti se pojavile otoci. Pa ja uste vo 7mesec celata oteciv nemozev burmata da ja nosam a nozete leleee si kupuvav cevli br39 a ja nosam 37 :D Uzivaj si jadi pomalku soleno, i odmaraj sekogas koga mozes , a otocite posle poragajot se gubat.
     
  4. bebebio

    bebebio Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    a sto e sreka u nesreka imam otoci samo na nozete, burmata mozam da si ja nosam. Ama mng posnaa da me bolat nozete, t.e. stapalata. Pa jas sum zivec, neznam da sednam i odmaram, samo setam negde, samo na noze sum, majka mi se smee deka na ulica ke se porodam kako sto sum trgnala ... :lol:
     
  5. mamicka

    mamicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    draga moja bebebio sakam da ti posakam sreca i so lesno naporagaj ovaja privilegija ja imame samo nie zenite i zatoa samo hrabro lepotice
     
  6. bebebio

    bebebio Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    10
    Fala srcka ... ke pisam kako sum pominala :))
     
  7. Natasha-Sofi

    Natasha-Sofi Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    5
    Stom setas togas super ke pomines. Jas mnogu setav i vo dvete bremenosti i lesno se porodiv. I koga ke te fatat bolkite pa se do raganjeto ke gledas da setas za polesno raganje. Prvoto go rodiv 41 nedela, a vtoroto 40 nedeli i 2 dena. So vtoroto otidov na CTG na rutinski pregled posto posle 40 nedela odis na CTG da mu gi slusaat tonovite na srceto i me pratija na oddelenie da ragam, 4 prsta sum bila otvorena, a jas nemav nikakvi bolki. Ispadna od setanje na raganje. So lesno neka ti e ama da znaes deka normalno e da rodis od terminot sto ti go odredil lekarot 2 nedeli porano ili pokasno. Znaci od 38-42 nedela e normalno, iako i posle 36 nedela da se rodi deteto e sosem vo red (narodski samo sto ke vlezes vo devetti mesec).
    A otocite vednas ke ti spadnat otkako ke se porodis, a stom duri sega ti se pojavile super si. Setaj za da nemas otoci i da odmaras nema da ti pomaga pak ke otecuvas.
    So lesno
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AleksandraNajdova

    AleksandraNajdova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    I mene mi se sluci istoto so otecenite stapala! Vo 35 nedela sum i pred dva dena mi se pojavija , nozete mi se kako nadueni balonceinja! znam deka mi se od premnogu stoenje , i dvizenje zaso bas vo ovoj period sreduvav po doma za bebeto i bev mn na noze , a i odam na fakultet, bas sega mie ispitna sesija! Iskreno ne se uplasiv bidejki cela bremenost ja pominav vo dvizenje i sega ne mozam da legnam da odmaram! a i ne mi e prestavuva problem , se nadevam deka so dobro iso lesno ke si gi rodime nasite mili najmili i se ke bide super!!! pozdravvvvv
     
  9. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    24.162
    Не е само до шетањето, и од топлото е. Ретко на која трудница не и се јавуваат отоци во последото тромесечје, акои се падне во лето. Јас имав мнооогу отоци во јуни, а бев 7ми месец, ама тогаш јуни беше страшно топло, исто како сега, а јули и август не беа толку топли. Тогаш одев на работа, и гледав колку можам да седам, а и послебо шетав после работа. После во 8ми и 9ти месец немав отоци и продолжив многу да шетам.
     
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    11.141
    Допаѓања:
    50.915
    Пол:
    Женски
    Здраво, би сакала да го слушнам вашето мислење. Вчера си викам ај да ја извадам бурмата од рака и неможам никако. Ставај масло , ставај сапун , мм помагаше и никако да излезе :$ А јас гледам некако прстиве отечени. И не само прстите туку и лицето. А не сум качила мн кила , ја почнав бременоста со 47 а сега сум поправена 12-13 кг. Дали вие трудниците имате ваков проблем ко мојот со отеченост? Дали по бременоста ке се вратам како што бев или истата ке бидам? :( :worried: Позз
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    622
    Пол:
    Женски
    Отеченост во бременоста

    Јас сум 5 ти месец и уште немам проблем со отоци, ама знам сестра ми кога беше трудна многу отече, за свадбата не можеше чевли да си најде. Ама не се секирај после пораѓањето ќе се вратиш во нормала ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.031
    Пол:
    Женски
    Јас немам проблеми со отоци, барем не досега, а веќе сум 37+1. Се случува ако стојам долго време, да почувствувам дека нозете ми се отечени, ама брзо поминува штом седнам или легнам.
    Не внесувај многу сол, газирано и слатко, повеќе движи се. Ќе се вратиш во нормала после породувањето, тоа сигурно ;) Може ќе остане некое кило вишок, ама се' се средува.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.657
    Јас уште немма отоци, ама кога ќе се разбудам, во фацата сум бубмарче! Тоа е сега за сега, натаму ќе видиме.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    Малку информација и совети. Се извинувам ако преводот е лош![​IMG]

    Ако имате подуени нозе, најверојатно страдате од отоци (едем). Тоа е медицинскиот поим за задржување на течности и значи дека во вашето телото се задржува повеќе вода од вообичаеното. Отоците се среќаваат многу често во бременоста...

    Причини:
    Со зголемување на вашето тело притисокот врз вените се зголемува и крвотокот се забавува. Како резултат на тоа, како и под дејството на хормоните на бременоста во ткивата ви се задржува течност. Отоците се среќаваат речиси при 100% од бремените и се должат на присуството на повеќе течност во ткивата, отколку во крвните и лимфните садови. Најзасегнати се нозете.

    Симптоми:
    Кожата може да изгледа подуена поради задржувањето на течностите во поткожното ткиво. Можно е знаците да се зајакнат во текот на денот, особено ако стоите подолго време, како и во топлите периоди.

    Зошто најмногу отекуваат нозете?:
    Задржување на течности во областа на нозете се должи на гравитацијата. Бидејќи организмот ви се напрегнува повеќе за транспорт на дополнителното количество крв, крвта се забавува и под влијание на тежината дополнителната течност од вените оди во ткивата на нозете и стапалата.

    ВАЖНО!:
    Отоците на стапалата, зглобовите и прстите на рацете се сосема нормална појава во текот на бременоста. Ако лицето почне да ви отекува, имате нарушување на видот, ако нозете ви отекуваат наеднаш или едната нога е повеќе отечена од другата, можно е да се работи за состојба наречена прееклампсија. Ова е знак за консултација со вашиот лекар.

    Дали постои опасност за нероденото бебе:
    Опасност за нероденото бебе постои, ако отоците се должат на зголемен крвен притисок и прееклампсија. Затоа при утврдување на некои од овие состојби веднаш консултирајте се со лекар.

    Што да правите?:
    Отоците можат да се намалат ако користите секоја можност да ги подигнете нозете (над нивото на колковите) и да јадете помалку сол (таа задржува течноста во ткивата). Јадете здрава и избалансиран храна и не ги игнорирајте потенцијалните компликации. Добро е да следите некои правила.
    # Кога седите, не вкрстувајте ги нозете, испружете ги секогаш кога можете. Избегнувајте подолго седење и стоење, бидејќи е потребно стимулирање на циркулацијата. Редовно правете лесни вежби за бремени.
    # Носете удобни широки алишта и избегнувајте кратки чорапи со тесни ластици околу скочните зглобови.
    # Измерете си ги стапалата. Во бременоста можат да ја зголемат големината, а носењето на помал број чевли ќе зголеми отоците.
    # Колку и да е чудно, пиењето на повеќе вода ќе помогне да се задржи помалку течност, па погрижете се за "наводнување" во текот на целиот ден.
    # Спијте на левата страна. Така нема да ги притискате големите крвни садови, кои се наоѓаат во десниот дел на градниот кош, кој се грижи за долниот дел на телото.

    Ќе исчезнат ли по раѓањето?:
    По раѓањето организмот брзо ќе се ослободи од вишокот течности. Во првите денови може да забележите дека уринирате и се потите повеќе. Како резултат на тоа отоците ќе исчезнат. Значи и покрај непријатностите што предизвикуваат, тие се само привремен феномен, нормален придружник во бременоста.
     
    На Meckicja, Natasa. P, AnaMadam и 2 други им се допаѓа ова.
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    11.141
    Допаѓања:
    50.915
    Пол:
    Женски
    Многу корисно , ти благодарам! :) Вчера бев да ми мерат притисок и ми беше 130 со 50.Ме фати паника и сега цело време на притисокот мислам :( Ми е страв да не ми се качува уште повеке..
     
  16. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    koritsaki, мила, каква терапија ти назначи гинекологот?
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    11.141
    Допаѓања:
    50.915
    Пол:
    Женски
    На гинеколог треба да одам на 3ти март , а последен пат бев пред 1 месец , така да докторката моја не знае ништо што се случува во моментов а инаку секој ден пијам 2 пати железо сабајле и навечер и по јадењето земам калциум 2 пати , инаку по ручекот пијам фолна киселина. Друго ништо не пијам.
     
  18. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.668
    Пол:
    Женски
    За железо ти пропорачувам во пола тегла мед, да ставиш 3 лажици големи семе од коприва (го има во аптеките) малце ореви и сок од 1 лимон. Све да го измешаш и на ден по 1 лажица на гладно да си јадеш. Од тоа поубав лек за железо здравје му кажи...мојата докторка ми го кажа тој рецепт. Многу поубо е од апчиња!!!!
    Ако ти е стално така притисокот треба да кажеш на докторката, ако е било зш си се пренервирала за нешто не го мисли толку...ама притисокот мораш да си го следиш. Јас пред 3-4 недели имав 90 со 40, премногу низок со тахикардија (силно срцебиење) 2 сати ми беше вака (тоа ми се беше десавало и предходно ама не бев бремена). Маж ми откачи од притеснение. После 2 сати појдовме во гинекологија и поради притисокот имав контракции. Бев во 33 недела и мораше да ме задржат таму, примав инекции за задржане на плодот 3 дена по 2 инекции....Тој притисокот се менви на секој 5 мин, но ако стално ти е висок, кажи обевезно на докторката. :*
     
    На tamarce.j му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sanja22

    sanja22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Состојба на хипертензија - покачен крвен притисок во период на бременоста се означува кога ке се зголеми притисокот над 140/90. Постојат повеќе фактори.
    Постојат две опасни ситуации - прееклампсија и еклампсија.
    Прееклампсија е кога ке има покачен притисок, плус едеми (отоци), и протеини во урината и врз основа на овие два параметри има полесен и потежок облик.
    Еклампсијата е церебрална манифестација односно напад со главоболка, пречки во видот, повракање и појава на генерализирани грчеви.
    Доколку постои покачен крвен притисок без протеини во урината се препорачува мирување во кревет во домашни услови, редовна проверка на притисокот и тежината и нормално поредовни УЗ прегледи.
    За оние кои имаат позначајно зголемување на притисокот или присуство на протеини во урина се третираат во болнички услови, се даваат интравенски течности со цел да се намалат отоците, многу е важно да се следи дали има појава на вртоглавици, заматување на видот и болка под десен ребрен лак.
    Доколку мајката има состојба на хронична хипертензија - и пред бременоста , се оди со стандардната терапија, но некои лекови - како што се диуретици, АКЕ инхибитори не се препорачуваат.
    Во вакви состојби се препорачуваат контроли кај специјалист секоја втора недела од 24-30 недела , а потоа секоја недела.
     
  20. LaChiquita

    LaChiquita Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    350
    Последниве неколку дена страшно ми отекуваат рацете, т.е прстите на дланките. И чудна работа, немам отоци на нозете, најнормални ми се. отоците ми се јавуваат приквечер, од сабајле чувствувам само трпнење на рацете.
    Бааги читав за превентива, ја намалив солта во храната, пијам вода...
    Некој совет што да правам, нешто друго освен овие сва совети?
    Дури ни на компјутер не можам да куцам :(
    Од утре влегувам во 39 недела, така да да ја истерам некако и оваа недела :)
     
    На tamarce.j му/ѝ се допаѓа ова.