И мене ми се такви прстите на рацете. Само прстите ми отекуваат а све друго ми е ок.Спас едино под ладна вода, и ладни облоги колку почесто можеш, и стварно помага....
Труднички муабети Јас пак со некој проблем сакав да прашам искуство во отекување. Цела еве недела стапалото на десната нога ми е отечено, само од десна страна ме фаќаат грчеви и само од десна страна ме боли грбот. Можно ли е плодот повеќе да лежи на таа страна или .....Затоа што ми е чудно нели ако отекуваш отекуваш на двете нозе или раце не е битно. А јас сум само на десна ?
Труднички муабети Карак, да си отидеш на преглед ако не си била скоро и да го кажеш проблемот? И јас отекував многу, особено последниот месец, ама и двете стапала и рацете. Мене ми правеа некои испитувања, ама ич не се сеќавам за што беа.
Труднички муабети ок ќе прашам и така ќе идам деновиве и мене ме чуди зашто само едната нога тупан ми е ајде се надевам дека не е нешто сериозно
^ Karak дане јадеш многу солена храна мила? Викаат може и од тоа да ти отекуваат,ама ме шуди зоштио само едната нога Инаку и јас си го имам истиот проблем иако после долго стоење на нозе ми отекуваат двете а на десната ми се појавија дури и модринки со првата бременост немав вакви маки освен што бев тупан во дете нозе. Има ли некоја ваков проблем,икаат модринките си останувале во некои слушаеви и после бременоста ,па ако има нешто што помага споделете искуство...
Мама25 тие модринки да не се капилари ? во тој случај остануваат ,инаку јас намалив со солта пошто ја задржува течноста во организмот па е плус причина за појава на отоци , со првата бременост немав некој проблем прстите на рацете пред да се породам ми беа како кебачиња а нозете не ми отекуваа , и сега ги забележувам рацете навечер или после подолго движење ми се како поцрвенети а прстите одвај ги виткам, нозете гледам барем од време на време да ги одмарам на повисоко , сега сме отежнати и полесно пукаат капилари или недај боже некоја вена да попушти
не нешто којзнае колку солено. Ок еднаш неделно знам да изгрицкам 100гр. сончоглед, но не јадам многу солени работи освен сирење сто внесувам секој ден. И во поглед на водата пијам во бременост солидно бар неможам да излезам од дома без шишенце со вода
Пепитке,некои се како капилари некои не! Уф да знаеш колку ме нервираат неможам да ги гледам.Има ли нешто за мачкање што смееме да го користиме?
како и да е, откако ке се породите ке ги снема отоците, мене нозете кога се вратив од на пораѓај како балони ми беа во стапалата, па за една недела се снема, а и ногата додека бев бремена ми порасна за еден број и сега пак ми се нормализира ,можам да си ги обувам старите чевличиња
Јас сум веќе средина на 6ти месец, и вчера гледам отоци на нозете. Не сум многу здебелена само 2кг. Дали отоците ми се направија од тоа што вчера премноогу седев на нозе или од тоа што премногу беше топло не знам.. него прашањето ми беше... не ми е малку рано за отоци? Денес се гледам како да се намалени ама пак се тука... откако останав бремена.. од 38ка носам 40ка кондури. Дали има некој крем, маст, гел нешто... онака превентивно за мачкање колку да помогне.
Јас во осми месец многу отеков, абе одеднаш бумбар станав мислам немав врат споена ми беше главата со телото и кога отидов на гинеколог на контрола, не ми даде масти само ми рече од сол ни с во ништо, се што јадам без сол да биде, види пробај така
I jas eve se uste imam otoci po nozete,iako od poroduvanjeto pominaa 11 dena.Duri moze da se kaze deka sega se pooteceni.Do koga ke e vaka ne znam...
И јас кога бев бремена ми велеа да не јадам сол....така да во право е Mravce немој да јадеш,најверојатно од тоа се отоците
И кај мене последнава недела приметувам отоци на нозете,ама само доле стапалата.И тоа приметив дека поттекуваат од подолго време ако сум на нозе, ако пешачам,се движам, и тоа се случува откако се стопли.Навечер ги ставам во ладна вода, и другиот ден отокот е намален, ама ако повеке се движам, пак отекуваат.Сум слушнала да се ставаат во млака вода со едра сол околу 15мин. и божем солта го намалувала отокот, колку е вистина не знам, уште не сум пробала, ама изгледа ке морам
А бе мене изгледа само дента ми се направија отоци. Од тогаш ништо не ми се има појавено повторно. Сигурно дека тој ден се преморив и дека беше абнормално топло. Нејсе, за недела дена три пати ме фати грч на ногата.. ви се случува ли тоа?
Ne da me fakaat grcevi mila zvezdi brojam na mm pred dve nedeli u sred vecer za gusa ke go fatev od bolka.....najmnogu me faka koga sakam nautro da gi protegnam bozete e togas koga ke fati snemuvam vozduh .....mi rekoa normalno bilo nedostatok na magnezium..... Inakuu deneska za prv pat si primetiv otoci vo racete t.e prstite mi se kako kebapcinja hahhaha
јас еднаш само отеков, и тоа откако изедов лесковачка од Вили!!! цела недела во прстите на рацете бев отечена поготово од сабајле кога ќе станев, но за недела дена се си се стабилизира, се прочисти организмот од отровите у тоа сосовите и веќе сендвичи јок! не дека многу ги јадев, ама па ете ми присака душичката, али више јок. Сеа неам отоци, ама не се знае, 9ти месец е магичен, денес вака, утре така- не се знае каква ќе се разбудам утре ))
Аууу каква ли болка се тоа грчевите лелеллеле,во сред нок ке ја истегнам ногата и кога ќе ме фати мислам дека сите дзвезди ке ги избројам(само што ги нема во собата ),а инаку да,и јас имам отоци,ја намалив солта,но приметувам дека ми е од газираните пијалоци