Значи јас стварно незнам што ќе правам со овие отоци... Купив во саботата едни бабски кондурчиња од пазар, затоа што само тие ме фаќаа од цело Скопје! Значи од колена надолу, крш. Ај што ми се тешки нозете како олово, туку што болат, тоа да видиш! Секогаш ми се јавувале отоци заради други здравствени причини, ама волку да болат како сега, не. Одвај одам, како пингвин сум.
Јас сега за сега отоци ми се јавуваат само кога одам подолго време и тоа не големи, само малку ме стегаат чевлите и ги снемува кога ќе седнам.
консултирај си се со докторот, мислам дека не треба да ти отекуваат нозето од колена надоле, туку е нормално зглобот и стапалото. Види што ќе ти каже гинекологот да не треба да направиш некое испитување дополнително
Jas mnogu se plasam vo levata noga imam propusteni veni epten se gledat i debeli se pa se plasam sega sum 8 nedeli ama sto ke pravam ponatamu mi e strav tromboza da ne fatam tesko mene ova mi e nasledno i taka sega si se plasam i mi otekuva nekogas mnogu a sto me ceka pokasno
ако си јадела нешто јакичко вчера, или касно навечер? мене така ми се случи два пати ако јадам покасно и тоа доооста зачинета храна
Си имам јас мака со тироидната, од тоа ми отекуваат толку. Докторите викаат нормално е да боли кога крцка кожата од што ми е затегната. Сол јадам од онаа за трудници и тоа многу малку, здраво се хранам, не се дебелеам. Треба да одмарам повеќе, ама со мојата работа тоа е малку потешко...
кај нозете малце имам чат пат,не секогаш-забележав кога ги соблеков чорабите е сега ова незнам,некогаш Rакава десна ми е како бумбарче,најцесто кога спијам ми се дрви и потечена е малце ке ја размардам и поминува,порано небило вака,незнам дали од спиењето е или така почнуват отоци
Нозете до сега воопшто не ми потекле(ќе видиме натаму) ама рацете секое сабајле ми се потечени,дури не можам да ги стегнам.Дали има некој начин за да се спречи ова?
И мене сега за сега само рацете, ми помогнува масажа Ама ако има нешто како да се спречат дајте ни некој предлог
Znam deka u bremenosta veke u deveti mesec i osmi treba da se izbegnuva solta...ne sum otecena ama na prstite na racete imam kako brcki a i burmata ne ja nosam ni dr prsteni oti sum popravena u racete...se izv za lat od mob sum
Порано си замислував дека во бременоста се ќе ми биди отечено и ќе бидам како балон хахахах но добро е засега само по малку рацете ми се отечени поточно прстите а нозете воопшто или можеби сеуште е рано ќе видиме...И др.Таше кога ќе одам на контроли ми кажува дека немора да значи дека ќе имам многу отоци....Значи сеуште можам да ги носам старите чевли хехехех
женски, денеска забележав оток од внатрешната страна на стапалата,само во долниот дел сум отечена, прв пат забележувам.. хмм, денеска не јадев солена храна, ни газирано, ама си стоев извесно време, чистев низ собиве, можи од тоа да ми е. и друго, пред 2 дена, вечерта, во спиењето, сакав да ја истегнам ногата, и наеднаш грч ме фати, болка неиздржлива, потстанав ги фатив нозете, под колената на тој мускул грч добив, и бше камче тврдо, ме држеше 10тина минути едвај издржав....... ме тргаше одвнатре нешто мн голема болка... и еве овие 2 дена левата нога , мускулот го чувствувам како преоптеретен, неможам да стојам убаво на таа нога, како да сум истегнала мускул или сум се превежбала.... можно ли е грчот да биди од предолго стоење на нозе.. таа вечер бев во кафаана и цела вечер игравме стоејќи ама сеа затоа мака си гледам
Oтоци и грчеви на нозете нормално е да се појават во текот на една бременоста,само треба да се внимава да не дојде до преголеми отоци(тогаш треба да се внимава на храната и течностите кои се внесуваат)
И грчевите навечер се нормални во бременоста, затоа што тогаш се олабавуваат мускулите па болат повеќе. И мене често ми се случува ноќе да ме фатат грчеви,кога ќе ги испружам нозете, па наредниот ден имам болки во тој предел. Јас ете активна сум скоро цел ден, не сакам да седам и да залежувам, па отоци до сега немам ни на раце ни на нозе. Често слушам дека од слаба активност отоците можеле да се појават, но тоа не мора да значи. И јадењето е многу битен фактор, во последните месеци треба малку повеќе да внимаваме каква храна внесуваме, затоа што и на организмот му е потешко да ја преработи а и тежината е зголемена.
извинете за сликава, ама ме загрижи една комживка за отоков, одоздола кај второто мало прсте ми се направи плускавец од пешачење.. наредниот ден пак бев цел ден на нозе и денеска ногата ми изгледа вака... што мислите? изутрина неможев да си ги свиткам прстите од отокот одоздола од плускавецот.. а отокот ако може да го забележите на сликава, горе над прстите и кај внатрепниот глужд....