двете ли стапала ти се вака отечени??? Kолку што можам да видам и глуждот ти е бајаги отечен(освен ако конструкцијата на ногата не ти е таква) .Kолку недели си??? Jас сепак би посетила доктор ,а до тогаш ќе ја избегнувам солената исхрана и водата. инаку, кога веќе сум на темава да чукнам у дрво не сум се соочила сеуште со отоци, баш отоци,може некогаш да се задеси да осетам на прстите од рацете,ама ептен минимално,незнам како е до последниот месец ама се надевам дека лесно ќе поминам
на двете нозе ми е така. не ми е таква конструкцијата, отечено ми е тоа. на доктор утре имам закажано, утре ќе одам.. јас мислам дека ми е од тежината, висока сум а и не бев слаба кога останав бремена, а сеа дополнително се здебелив..
Се познава дека се отоци, глуждот не ти се познава веќе. Пробај не јади солено, леб, внесувај повеќе течности, овошје и зеленчук сега има барем и колку што можеш повеќе биди раздвижена. отоците може да настанат и поради недоволна циркулација во крвта, т.е доколку повеќе си во седечка положба. Ете да е далеку од мене, 31ва недела, до сега не се појавија никакви отоци, освен како што напомена Гласна некогаш(ретко) во делот на прстите од рацете, но забележав дека само ако во текот на денот не сум била активна. Совет мој да отидеш на лекар, сигурно ќе ти даде да правиш дополнителни испитувања на трансфузиологија(ако до сега не си ги направила).
сношто спиев цела ноќ со нозете кренати на тврдо, бидејќи перница под нзоете не ми помагаше воопшто.. и утрово еве си ја препознав ногата
^ Јас пред да останам бремена имав големи проблеми со нозете, во однос на отоци, болки подуеност, и сите од околу (вклучувајќи ме и мене) ми велеа дека ќе имам уште поголеми проблеми кога ќе останам бремена, сепак се работи за тежина која се зголемува за кратко време. Но, еве 8ми месец и да е далеку од мене, јас не знам што се отоци, имав една внатрешна вена, која за среќа стои во иста состојба цело време и дури ми е многу подобро и нозете ми се многу поопуштени од претходно. Се е индивидуално, јас многу движам, не работам физичка работа но цел ден се трудам да движам, циркулацијата на крвта подеднакво да кружи, одмарам 2-3 часа во денот, потоа сум активна. може е до тоа кај мене,пак ќе речам индивидуално е кај секој, но доколку медицински е се во ред со резултати тогаш биди колку што можеш повеќе во движечка состојба, не залежувај, нема врска она што кажуваат дека трудница треба само да одмара и лежи(доколку има нормална бременост), затоа што со самата неподвижност се ствараат проблеми со отоци и уште повеќе, проблеми со тежина а тоа е многу покритично од отоците.
Jas sum sega 21 nedela, i nozete mi otecuvAat mnogu, okolu gluzdovite i napred, ne mozam nisto da oblecam, ne jadam mn soleno no celo vreme sum vo dvizenje , vo ponedelnik ke odam na doktoer da mi prepise nesto, bidejki ke treba da odam bosa ))
оф леле и јас истата мака, намалив солено, намалив леб, намалив брза храна и сепак ми отекуваа нозете. ете види сликана претходната страница какви ми беа нозете, и уште ми се. Единствен лек за мене беше да спијам со кренати нозе, подолго време кога ќе лежев со нозете кренати повисоко од главата и отокот ми спаѓаше, наредниот ден пак ќе имав, ама си практикував по 1 саат во дено да лежам така со нозете и се стабилизираа. Еве сега пак запоставив и вечерва пак ќе треба така да спијам... Инаку од движење мене ништо не ми помогна, ни оток ми спадна ни ништо, единствено ти велам, кренати нозее
Dobro utro zenicki!!!! Najprvo se izvinuvam za latinicata ama tuka nemam druga poddrska, a morav da vi pisam za eden proveren lek za otoci preporacan od lekar. Aqua-flow se tableti na prirodna baza preporaclivi za trudnici i sosema bezopasni za bebeto. Problem e samo sto gi nema vo site apteki(vo zegin sigurno gi nema), cinat okolu 700 denari i se vo pakovanje od 60 tableti, se pijat po 2 nautro. Pozdravce do site i imajte ubav den!
и јас помислив на чај од магдонос кој го пиев без проблем кога не бев бремена.Е сега прашањето ми е смее да се пие во бременост чај од магдонос???
Мене на пример магданос како зачин ми беше забранет во исхрана во период на менструација бидејки го поттикнува крварењето, а дали има некои контра ефекти во бременост навистина незнам
Јас кога бев бремена мн отеков и појдов и на специјалист и тој ми рече дека слободно можам да пијам чај од магдонос и вода колку што сакам
А ксде може да се најде ТАА вода? Јас имам отоци и болки во рацете. Ми рекоа дека е од некој нерв на вратот, ама како оди се повеке ме болат рацете,на нозете немам сеуште ништо. Инаку сум активна по цел ден и во 31 недела
Majkicki jas sum 37 nedela go ogromna zelba za cistenje I sreduvanns. Imam ogromna energija ama koga ke zavrsam vecerta mnogu me boli krstot ,edvaj stanuvam os krevet I denes cel den rabotev I gledsm I nozete mi se podueni. Normalno li e? Treba li poveke da odmaram sega na kraj?
Јас неделата кога ми беше терминот генералка правев. Некако се осеќав ко слон, а и бев, не дека не, и се си мислев дека ако легнам подолго, нема да можам да станам. Башка лежењето не ми беше воопшто пријатно, немав позиција во која ми беше удобно, целата со перници околу мене... Убаво е да се движиш, но да не претеруваш. Во однос на отоци, имав особено на крај на 9 месец, нозете ми беа отечени кај глуждовите, а прстите ко ќебапи цели... На рацете имав отоци ама не беа толку изразени. Она што знам дека треба да се внимава во последното тромесечие е на прееклампсија. Ако забележите несекојдневни отоци, измерете притисок. Ако ви е повисок, направете урина во лабораторија. Ако имате протеини во урината одма со доктор да се консултирате. Доколку со отоците ги немате другите симптоми, не е проблем, запнете ги мажите да ве масираат!
Девојки дали ви се појавувале отоци на стапалата во почеток на 6ти месец? И што да се користи за да се намали отокот?
да се иѕбенгунува сол и оцет односно солени и кисели јадења качувај на високо нозете да се намале отокот некогаш може да се случе и од претерано стоење или одење