И мене не ми чини повеќе бурмата до пола прст ми влегува и плус ми смета вака што ми се прстиве на рацеве како ќебапчиња. Тука јас пијам газирана вода постојано, и понекогаш газиран сок, сол минимално јадам, благо исто малку јадам. Ама не ми се па премногу отечени за газиранава вода што ја пијам по 2 литри на ден. Јас повеќе мислам дека е нормално сите да потекуваме во бременост и плус ова жешко време.
Другарка ми е 9-ти месец и има огромни отоци на стапалата. Пробала и со борова вода и вода со сол. Знаете ли некој лек?
Не знам дали е некоја случајност, ама кога почнав да јадам повеќе благо ми се појавија отоците и болките. Малку намалив со благото ама не можам да се откажам, јас благо никогаш не сум јадела волку. Им ставам ациди борици, ама не помага, нема лек.
Мами нормално е да почнав да отекувам уште во 6 месец? Кога се будам на сабалје носот ми е потечен и рацете. А денес гледам и на нозете оток. Ќе ставам слика дали е тоа да ми кажете Спојлер: Слика.
Јас почнав да отекувам во носот и рацете на утро после будење, а денес го заприметив и ова на нозее.. Отоци ли се?
Ne se gleda ubavo mila.Jas radi otocite ispitav proteini vo mokraca,albumini,globulini.Ne bea pokaceni a mene nozete mi bea tapani osobeno desnata.Sami od sebe splasnaa.Sega mi se ok.Najdobro e da si go prasas dr.Jas koga se zalev mene mi kaza se dur ne mi otece liceto i dlankite ne bilo strasno
Мислам на нозете најубаво ке приметиш кај глуждовите. Јас отекував по малце кога работев цел ден на нозе и жешко сега немам. Ова ако е од чорапи немора да значи дека имаш отоци, јас купив чорапи без ластичиња за секој случај.
34+ недела сум а веќе десетина дена полудев од отоциве. Нозете ко балон, рацете исто. Нозете- ме фаќаат грчеви (иако пијам дупла доза магнезиум), рацете- ми трнат без престан , дланки ме чешаат. Веќе ме фаќа нервоза. Мајка ми крева паника ми вика како ќе раѓаш толку отечена ќе мора царски. Има поврзаност нешто отокот со раѓањето или џабе мајка паничари?
Јас првата бременост многу се поправив, но и повеќето беше отоци. Страшно отекував, глуждови не ми се гледаа на нозете, рацете ми отекуваа и дури лицето, носот и очите.. бев како да ме искасало нешто, капаците огромни се деформирав во лице Природно се породив и уште тој ден нииикаде отоци, дури послаби ми беа цели нозе (зашто имав од горе до доле како бранови, личеше на целулит.. но отоци беа). За три дена после раѓање минус 11кг бев и секоја недела помалку и помалку, мн брзо ослабев. Нема врска отоците за раѓање... но да пазиш притисокот да не ти се качува, зашто знае со отоци да се качи... е тој би сметал за природен пораѓај.
Со солта сум скарана од секогаш не јадам солено воопшто, вода пијам многу, притисокот негде во 4-5 месец стигна do 140/90 (што мислам од многу јаките главоболки и напоните од повраќање), после тоа ми се движи 120/80 или 110/70 во тие граници, го мерам скоро секој ден. Мислев дека само стапалата и дланките ми се отечени ама сега се допирам по ногата и боли отокот боли како балон сум. Ниско, дебело па и плус надувано. Вчера ставав нозе во ладна вода некои 15 мин, па ги кренав високо уште пола саат и ништо фајде. Мм ме масира цело време се труди да ми е подобро ама пак ништо. Дали некоја нашла спас за отоци или ќе тераме така до пораѓај? Oд утре 35 недела почнувам.
Викаат нема чаре, ама многу вода помагало. Јас превентивно се товам со вода. Мм мислам секој втор ден купува пакет вода
Вода пијам цело време значи минимум по 2 литри и на 20мин пола саат нонстоп во вц на 2 дена нова вода се отвора (си користам 6л горска со пумпичка). Штом нема чаре ќе си чекам бебушко да ме спаси
Пред да почнете со алтернативни методи за намалување на отоци - испитајте и протеини во 24ч. урина, доколку веќе не сте.
Ги испитав но не ми рекоа во 24ч., тоа беше само со утринска мокрача и добри се резултатите, но докторот ми рече да лежам цело време, а тоа за мене страшно ми се виде како што бев цело време активна, ама морам тоа е.