Спас за отоци нема ,јас како влегов во 9 месец премногу отоци ми се јавија прво почнаа на стапалата и на дланките и после мислам дека целосно бев отечена ,затоа што последниот месец дена мислам 10 дека 10кг имав плус од отоци само ,мачни се многу мислам дека се ме чешаше од нив .Нема поврзаност отоците со пораѓајот ,јас се породив природно.Не се секирај после пораѓај за 10тина дена телото се враќа во нормала отоците исчезнуваат.
Среќен Божик на сите. Христос се роди. Мене ме фатија празници и само проблеми неможам да си појдам на гинеколог, од вчера ми отече само едната нога во глуждот немам болка туку само како тежина на ногата. Некој со слично искуство
Еве јас сум 35 недела и веќе два три дена ми отекоа глуждевите ,дури десното стапало ме боли како да сум го акнала у нешто али тоа е претерувам со солена храна и газирани глупости )) шопингување по дуќани аха ахаххаха
Гледам дека отоците ве се јавуваат веќе после 34-5та недела. Јас отоци имам само на прстите на рацете. бурмата ја извадив бидејќи ме стега, а претходно ми беше дури и широка. Сега сум 27ма недела, а домашните ме гледаат чудно поради отоците на лицето, особено устата, носот, под браата. Верувам дека тоа што досега качив 20 кг игра голема улога, почнав многу да се плашам со секој поминат ден плус.. Искрено се намачив до сега, освен што сум целата нафрлана на грбот и градите и што многу се здебелив, сега треба да се справам со отоците. Едвај чекам да се породам и да се обидам да се приберам и во килограми и во изглед и да се гушкам со бебе
Девојки ПОМОШ! Имам огромни отоци на нозете, глуждовите, рацете... Крвна слика, д димери и урина се во ред, немам скриен шеќер, докторите имаат ист одговор дека такво ми е носењето, уште од 5 месец сум отечена. Дали некоја го има истиот проблем и како можам барем некако да ги намалам отоците???
Да видиш протеини во мокрача дали имаш? притисок висок да не имаш? работата на бубрезите како е ? намали солено кисело чувај нозете во ладна вода и кревај високо што можеш повеке
Притисокот ми е нормален 125/75, протеинни во урина немам, бубрези ок се.. одморам цело време но мислам дека колку повеќе седам толку повеќе отекуваат
Убаво те советува феминката пред мене, но ќе споделам и мое искуство. Јас пред спиење глуждовите на нозете ги виткав со лист од зелка сабајлето ми беа супер до вечер пак отоци и јово на ново цеееело лето. Пиев и лимонада со малку магдонос (или чај од магдонос), во еден литар вода ставав 3 лимони и малку магдонос (или ако ставав чај ставав една ќесичка) и преку ден го пиев. Пробај не губиш ништо.
Mamaicki kako stoite so otocite vo ovoj perijod i sto vi pomaga vo toa... Jas sum cela poduena mislam ke puknam aa posebno nozete mi se mnogu oteceni
Јас потекувам на работа, бев на боледување 1 недела ни отоци ни ништо, ама сега дека топло и работата ми е седечка и баш сум во гужви што немам време да се раздвижам додека сум на работа. А за чај од магданос нели не треба да се пие во бременост?
Чај од магдонос знае да спушти нагло притисок, трудниците по дифолт се смета дека имаат низок притисок, затоа не се препорачува. Пијте многу вода за отоците, колку повеќе ве тера на мокрење, толку подобро. Безалкохолно пиво исто може.
Влегов во 32ра недела и се појавија отоци во глуждовите. Ме болеше како да сум се удрила во нешто, така ги приметив Вода пијам многу, солено избегнувам, облоги со ациди борици смеам ли да ставам?
Јас сум 30 недела пред два дена почнав да чуствувам болки во стопалата кога станам наутро од спиење.А денеска ми беа отечени и ме болат.