Здраво, дали ви се случило цело лице да ви потечи? Ми беше потечено ама сабајлево дури и кај очите и искрено се исплашив☹️ Треба да превземам нешто? И што ако знае некој? Иначе сум 34+ 4
Здраво, ми треба итен совет.. Не бев многу на нозе, но ми отекоја стапалата на горната страна, ме болат на нежен допир и ме жежат, буквално како балони ми се подујаа.. Ова го забележав бидејќи неможев да станам од кревет.. Што да правам??? Неможам да одам.. 36 недела сум..
Намали течности,разладувај со вода и ставај облоги со борова вода. Провери и притисок. Нормална појава ,кај мене почнаа од 7 месец ги имав до 2,3 недели по породување.
Итно ми треба некој да ми каже нешто оти јас сум на работ на полудување. Веќе 4ти ден како нонстоп без прекин ми трпне левата дланка, посебно прстите, вкочанети не ги осеќам значи. Нит се спие нит се седе ни леже, ако малце нешто фанам да работам одма цели трпки трпки, дури и ме боле многу, значи посебно врвовите на прстите, луѓе не се издржува. Оток видно нема, малце само, ама чувството не се издржува веќе. Матичната крева раменици нормално е, 20 кг имаш качено, 35та недела си, крвотокот максимум ми работел, да сум издржела, дупла доза мг, ама не помага џабе е. Сабајле се заборавив појадив инаку ќе одев кај општиот матичен нешто испитувања да ми каже шо да правам. Млечни производи пијам јадам секој ден, вода до 8 чаши пијам, сол намалив, бел лрб не јадам и благо ептен ретко, под ладна вода а ставам раката џабе, ништо не помага...како нешто внатрешно да ми работе, дури и вцрвени ми се. Десната исто знае да ме фате вака ама ќе ја одмарам и пушта, а левата веќе 4 ден брз прекин е вака. Утре ќе одам кај општиот секако ама некој има ли вакво искуство?
Jas licno iskustvo nemam ama drugarka poslednite 2-3 nedeli od bremenosta gi preleza vo krevet zatoa sto ednata noga ne si ja osekase i ne mozese da ja dvizi taka i se namesti beba pritiskase nekoj nerv i imase strasni bolki. Moze da e i kaj tebe nesto takvo taka da smiri se ne panici use malce imas, kade ke se akas po ispituvanja vo koronava koga golema verojatnost ima da ne dobies konkreten odgovor. Kolku sto sum citala trnenje na prsti e normalno vo bremenost
Мене ми трнат дланките и стапалата, со прекини ама по 100 пати во денот, не ми ко тебе да ме држи со денови, ама од сабајле до сега повеќе од 10 пати ми трнат,ваљда нормално е аман веќе само нешто ни е
Нормална појава во бременост, Карпал тунел синдром,вака некако се викаше. Го имав последниот месец и најчесто ми се јавуваше во спиење ме будеше од сон трпнењето и вкочанетоста. Ме држеше до 10 дена по породување. И јас пиев дупла доза магнезиум и мене не ми помагаше. Ја тресев,ја миев раката со ладна вода ама џабе. Малце ќе се подсмиреше и ќе заспиев ама цело време ми беа здрвени првите три прста од десна рака.
Знае ли некоја членка лек да ми каже за потечени нозе. 6 месец сум, со тироидна што дополнително придонесува за подуеност, сол ми е кажано само да не јадам и плус на работа одам 8 часа надолу ми висат нозете. Сакам барем кога си идам дома нешто ефикасно да правам па ако може предлог (освен нормално кревање нагоре нозе )
Здраво, гледам постот е постар па претпоставувам досега се имаш породено. Ме интересира дали и после колку време после пораѓај престанаа да ти трнат прстите. Јас го имам истиот проблем веке 3 недели немам спиено од болка. Сега сум 37ма недела.
Нема баш лек, сол никако и многу протеини: јогурт, белка од јајце, бело пилешко месо, риба.. и да се следи на редовни контроли. Плус можеш ациди борици да ставаш ладни облоги. И јас во првата бременост имав огромни отоци, се испитав и се беше ок а отекував. Во втората немав воопшто, а ме фатија и жештини, ама ете секоја бременост си е различна.
@lady.N да, еве и мајками така во првата бременост отекувала во втората не, па може и јас така да бидам. Ќе елиминирам сол тоа барем не е проблем. Ти благодарам на одговорот
Здраво девојки што можам да користам за отечени раце и грчеви во рацете од болка веќе неможам да спијам,пијам магнезиум но не помага
Se sreduva po poragaj,prvata bremenost imav od krajot na 8mI,sega mj se pojavija od 4ti mesec Jas imam otoci a sum 23ta nedela duri do kraj neznam kako ke isteram primam kleksani,pazam na jadenje ama etto pak imam
Почна на левата нога да ме боли под коленото околу коската, претпоставувам грчеви се напив магнезиум. Ама гледам ми се појави како оток околу колената. Дали е тоа нормално во бременоста? Во Грција сум моментално, па неможам да одам докај матичниот. Се загрижив ептен.
Ај пробај стави ладно како мраз или ако има во аптека ациди борици. Може да ти е топлото да отекуваш, која недела си?