Отселување од Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 16 јули 2020.

?

Дали сакате да се иселите од Македонија?

  1. Да

    137 глас(а)
    63,4%
  2. Не

    23 глас(а)
    10,6%
  3. Веќе сум отселен/а

    35 глас(а)
    16,2%
  4. Не знам

    21 глас(а)
    9,7%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.181
    Поттикната од муабетот на Актуелни политички настани, сакам да поставам едно прашање:

    Дали сакате да заминете од Македонија?

    Доколку некој сака да го образложи одговорот во анкетата, слободно нека го направи тоа.
     
    На Sexychica, Fallen.Angel, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Планирам. Ова уште од поодамна. Најверојатно другата година ќе ги пакувам куферите и....аривидерчи :hai:
     
    На Nevenche26, ЕденЧлен, yourfavoritegirl и 15 други им се допаѓа ова.
  3. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Па што знам. Живеев еден период во странство, кратко ама слатко ми беше. И ми помина тоа некако, најубаво ми е дома со мама тато бато. Ама дечко ми е од Белград и изгледа ќе морам кога тогаш. ;(
     
    На crazylady, elimkd, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.964
    Пол:
    Женски
    Да ,планирам да заминам и да не се вратам.
     
    На Sexychica, Nevenche26, teaiva и 14 други им се допаѓа ова.
  5. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    3.510
    Пол:
    Женски
    Бегајте од тука што подалеку.
    Се немам никогаш одселено.
    Едвај знам на карта неколку држави да покажам а не па да сум посетила или одселила.
    Бегајте од тука што подалеку.
    Ако имате услови бегајте.
     
    На Nevenche26, Tanjamm, Роберт 7 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. deskarada

    deskarada Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    15.378
    Да не фатеше Коронава веќе немаше да бидам тука.
    Сега малку ќе ми се помести, уште малку заминувам од тука засекогаш :)
    Одвај чекам.
     
    На Sexychica, crazylady, yourfavoritegirl и 19 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    16.476
    Допаѓања:
    149.181
    Ај за мене да си кажам.

    42 години имам, и уште не знам дали сакам да останам, или да заминам.
    На моменти ми се бега, на моменти ми е душман ко ќе ми текни дека се' на ново треба да прајме 'на старост' |(

    Сме имале прилики, и се' нешто не било погодено.
    Сега, дали вистина не било погодено, или само сме наоѓале изговори, не сум 100% сигурна.

    За привремен престој, би се нафатила веднаш.
    На пример, пола година-година да поживееме во друга држава.

    Едит: Додуша, кога ќе размислам, да би имале можност, би живеела привремено во што повеќе различни држави.
    Многу сакам да го видам светот.
    Не знам дали ќе имам време, мамицу му јаречу :worried:
     
    На crazylady, GoodGirl45, PaLaVa и 17 други им се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    2.636
    Допаѓања:
    12.695
    Пол:
    Женски
    Да. Во план ми е по завршување на студиите.
    Животот тука не е за мене, трудот не се вреднува, секаде има криминал и мито.
     
    На Sexychica, crazylady, Frosty! и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Ladybug98

    Ladybug98 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    438
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Веќе сум отселена и не се каам воопшто.
    Овде не слушам политички муабети, ниеднаш не ме вратиле во било која институција затоа што системот им е паднат или се на пауза.. си имам свој ред и начин на живот и на никому не му сметам и не ми се меша. Ја нема таа напнатост, стрес и притисок меѓу луѓето како кај нас, одат и си потпевнуваат по патот, многу поопуштен народ.
    Ми фали семејството, ми фали неделен фамилијарен ручек, пропуштив многу празници, родендени и семејни прослави. Ама немаме друг избор :)
     
    На crazylady, Frosty!, Nevenche26 и 27 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    2.278
    Допаѓања:
    5.328
    Пол:
    Машки
    Јас не сум многу прошетан човек, најдалеку сум стигнал до Солун и таму веќе ми е "друг свет".


    Јас како личнсот и карактер сум многу голем патриот во душата си ја сакам држава каде што сум роден, али тие што ја водат и општо менталитетот не ми се допаѓа, се повеќе и повеќе ме тера да размислувам за некогаш да се преселам негде каде што има подобро утре.
     
    На crazylady, Nevenche26, teaiva и 18 други им се допаѓа ова.
  11. princess5

    princess5 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.974
    Допаѓања:
    13.321
    Пол:
    Женски
    Искрено порано категорично велев не иако имавме можност со мм да заминеме но јас бев таа која велев ај не да бидеме блиску до своите и сл...но како тргнало засега го имам оној став дека нет има немора да сме физички тука но има нешто што сеуште ме кочи да се спакуваме и чао чао...
     
    На crazylady, teaiva, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.
  12. felisitas

    felisitas Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    684
    Болна тема за мене.

    До пред неколку години мислам дека немаше човек што повеќе сака да се отсели од Македонија од мене. Разочарана во секој сегмент во државава бев во состојба ама каде било да одам само да не бидам дел од целата таа агонија.
    Светот голем дел ми е виден, а моментално и сум во друга држава да живеам.
    Е сега можам да кажам дека нема човек што повеќе сака да се врати во Македонија од мене :)
    Со годините станав инертна, не прилагодлива. Помлад да се оди ми се чини дека е многу подруго. Поголем е ентузијазмот и склоноста кон предизвици.
    Во Македонија имам средено станбено прашање и повеќе од солидно и дојде момент да се прашувам што правам тука. Зошто се почнува буквално од 0 и е инвестиција.
    Дополнително ситуацијава со пандемијата уште повеќе ми го засили тоа чувство. Осетив голема потреба да сум дома, своја на своето. Во мојот дом.
    За храната да не зборам, се пластично, без вкус.... Тоа ми е во топ факторите за назад.
    Зависи и која е дестинацијата за преселба, наш избор беше Европа за поблиску. Преку океани не доаѓа во обзир.
    Во однос на тоа како се фунционира тука, можам да кажам дека сме во Мкд светлосни години назад. Се си тече како што треба, има култура вродена. Секоја институција функционира. Едноставно може да се налета на некој што ќе ве гледа со белките како странец но сепак ќе остане професионален.
    Моментално можам да кажам дека од х причини ќе мора да останеме овде уште 2 години барем и се надевам брзо ќе помине тоа време.

    Секако ова е мој став, дојдов во ситуација сама себе да се негирам ете. Сите фрустрации што ни ги раѓа државата ги разбирам, секое гледање вести ме депримира и се како заглавена сум ни таму ни ваму.
    Но секој кој има желба, да проба! Како што споменав погоре има предности има негативности.
    Назад може секогаш да се врати но без да проба нема да знае како е.
     
    Последна измена: 17 јули 2020
    На crazylady, teaiva, dunika и 19 други им се допаѓа ова.
  13. JoanaS

    JoanaS Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2016
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    3.005
    Пол:
    Женски
    Сакам од 2 причини да ја напуштам државата:
    -не сакам да живеам со народ кој краде тазе засадени цвеќиња по паркови, дворови и слично (тоа покажува каква мизерија од народ е ова)
    - не сакам единствена цел во животот да ми е да се мислам како ќе ја платам ратата од кредитот за живеалиште и дали ќе имам доволно за во месецот финансии после тоа

    ( можам да набројам сто причини, но овие две се фундаментални)
     
    На Sexychica, crazylady, Nevenche26 и 15 други им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    4.977
    Пол:
    Женски
    Имам шетано многу за мои 21 години, ама некако спокојот и мирот само можат овде да го најдам така мало е ама многу ме прави среќна посебно природата која што не е многу ценета а многу ја имаме металитетот не ми се свиѓа, платата така така ако се оселам во друга држава би сакала некаде во Америка ме привлекува тоj skyscraper вајб, луѓе, блиску до се до соништа, желби што ги имам, несакам со дечко или фамилија сакам со другар, другарка
     
    На crazylady, WildMk, turist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    14.534
    Пол:
    Машки
    Да не ми се променеше толку животот пред 1.5 година сега веќе сигурно ќе живеев некаде далеку. Може тоа значеше втора шанса да и дадам на земјава? Сепак не. :)
    Желбата за заминување од овде може беше спречена во дадениот момент, но никогаш не престана да постои во мене, само остана пролонгирана за некое време. Овој пат, сакам да е тоа Европа. Поблиску, подобро. Не ми се оди на другата страна на светот.
     
    На Мариаа., candy.cane, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  16. cornflakes6556

    cornflakes6556 Активен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2020
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    На шетање е супер, да живееш а притоа си пораснал во Мк е тешко. 1.Сам си тука.
    2.имаш 2 недели да се видиш со сите блиски и додела да се навикнеш пак ги оставаш.
    3.секој празник си сам или стриктно со фамилија со која живееш.
    4.нема излегување секој ден на кафе ниту пак журки како кај нас.
    5.се се затвара у 7 па после 7 сите си одат дома.
    Мислам дека овие се доволни причини. Јас сум патувала порано на шетање е супер а овака како што сум сега не е баш. Ако имаш обврска само работа дома и тоа е тоа. Има и позитивни страни ама дома си е дома.
     
    На crazylady, teaiva, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Ич да не се мислиш. Комшии на твои години аплицираа за зелена карта и заминаа за Америка. Повеќе од 10 години се таму.
     
    На crazylady, Nevenche26, azelea и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Nightwish11

    Nightwish11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    1.964
    Пол:
    Женски
    И доста до тоа ,,стара,, :devil: .Не си стара.
     
    На teaiva, piksooki, edna_malecka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Машки
    Не сакав и не размислував за заминување. Ама како ја распродадоа државата, не остана уште многу, па почнав да размислувам за тоа. И да не постигнеш нешто многу, барем ќе знаеш дека си туѓинец, ама многу поболно е на своето да бидеш туѓинец и секој ден насекаде да слушаш се за едни исти личности и случки како демек да се богови. Станува неподносливо.
     
    На crazylady, Nevenche26, teaiva и 10 други им се допаѓа ова.
  20. FRANCUZINOT

    FRANCUZINOT Активен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2020
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Машки
    Јас ќе се селам. Посебно тешко е за нас во Западна Македонија, ние сме граѓани од втор ред. А и народот си покажа дека сака да гласа само за криминалци, така да не сум за овде
     
    На crazylady, Nevenche26, teaiva и 8 други им се допаѓа ова.