1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отселување од Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 16 јули 2020.

?

Дали сакате да се иселите од Македонија?

  1. Да

    152 глас(а)
    63,1%
  2. Не

    26 глас(а)
    10,8%
  3. Веќе сум отселен/а

    40 глас(а)
    16,6%
  4. Не знам

    23 глас(а)
    9,5%
  1. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.640
    Допаѓања:
    9.457
    Пол:
    Женски
    Јас со години уназад планирам да си заминам, цело време ме кочеа недовршени студии.

    Сега кога сум на сам крај уште толку ми се зајакнува желбата да си заминам.

    Имам убава струка, но факултетот тука (за државна раб) не ми го принзаваат, ја ценат дипломата од средно образование (facepalm)

    Не ми се допаѓа тука ни менталитетот ни политичката ситуација која веќе 30г е една иста дури се полошо станува некако.

    Не сакам да живеам со просечна плата и да гледам како имам колеги кои ради врски и ради националност се испопикани а згора на се им ја вршиш и нивната работа.
     
    На sj *O*, teaiva, VictoriaSan и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Јас од денес сум веќе преселена :wasntme:

    Причини имаше многу, сум живеела и претходно во странство, ми беше јасно како функционираат работите и што можам и треба да очекувам.
    Овој пат не отидов далеку како првиот, сепак сум во соседна држава, но ми е скалило што мора да го поминам за да ја исполнам крајната цел.
    Дали се гледам себе надвор од МКД уште долго? Сигурно да. Додека не створам доволно капитал за да може да се вратам и да уживам, без да мислам дали моите деца ќе бидат страдни за леб, лишени од основните човекови права или од солидно образование.

    Во странство секогаш ќе си странец, да, граѓанин од втор ред можеби, но јас и во својата земја се чувствував исто. Кој има познанства, контакти и пари, тој секогаш ќе има предност.
    Не сакам. Не повеќе.
     
    На KittyAgnes, sj *O*, mKdevojce и 17 други им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ментално се отселив уште од првиот ден кога штрапнав надвор и видов колку е саат тука. :) Кој да ти знаел дека животот можело убаво да се живее? :D

    Физички требаше сега веќе да бидам замината, но останав заради пандемијата.

    Тежок е стартот во странство ама можеш да си го олесниш колку-толку ако собереш некој :cash: плус и научиш јазик пред да тргнеш, колку да се разбереш де. Не мора да си нејтив левел.

    Мене лично ми е потешко тапкањето во место во Мк ама секој си знае каков карактер е и што му е потешко.
     
    На mKdevojce, 1209, crazylady и 22 други им се допаѓа ова.
  4. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Сакам и те како ама не би.
    Многу млади се иселуваат од државава и голем дел од работната сила си оди.
    Остануваат постарите луѓе кои не допринесуваат нити во БДПто нити во зголемување на наталитетот.
    Ако сите млади си отидат и у државава остануваат само постари луѓе црно ни се пишува.
    Мислам дека сите млади треба да останат овде и заедно да допринесуваме во подобрување прво на општеството пошто уште некој живее во 19ти век, потоа во економијата, во зголемување на бројот на населението.
     
    На crazylady, Cosmi, Snowflake97 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ништо страшно... ќе ја 'пополнат' со наредниот бран бегалци.

    Повеќе, ништо не би ме изненадило... буквално.

    Иначе сосема си во право.
    Само колкумина би си го жртвувале комодитетот на своето постоење, за да оправаат држава, која 30 години никако да се оправи?

    Ако имавме чувство за заедница, немаше ни да ни се оди од тука... никому... зошто во 3 децении и тоа како имавме време да ја оправиме државичкава цвеќенце да биде..
     
    На sj *O*, crazylady, *Amethyst* и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.760
    Допаѓања:
    17.266
    Пол:
    Женски
    Би се отселила. Ако можам, би гледала и да повлечам и други луѓе од дупкава.
     
    На sj *O*, crazylady, злоба и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.677
    Пол:
    Женски
    Реално овде не е толку црно за живеење.Бар за својот живот од економски аспект не можам да се жалам.
    Мене повеќе ми смета менталитетот неголи економската состојба.
    Да чукнам во дрво во тој поглед немаме проблем дома.Али проблем ми се луѓето надвор од прагот.
    Прво во фамилија имам кленови научени со врски да добиваат се, и сѐ нешто не им чини.Ако имам во фамилија такви, па надвор од нејзе ги има со лопата да ги ринеш.
    А башка и да избегам еве негде не сакам да си идам и да бидам садоперачка у Мекдоналдс и да кажам дека ,,сум се спасила”.
    Подобро ќе учам овде и ќе најдам таму работа по струка.
    Сите се палат на високите плати за некои пониски работни места а не сфаќаат дека (пример) Германија има поголем процент пари во однос на работни места.Германците се образовани и им фали таков тип на кадар па им пукаат по 1000€ плата на странците.
    И овде можат да дојдат шо е најтрагично до 1000€ плата со малце поише труд и работа..
     
    На L-a-d-y-Bug, *Amethyst*, Cosmi и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    И до 2000 и до 3000 и до 4000 евра плата можеш да стасаш во МК, се слагам дека со малце поише труд и работа не се баснославни тие суми.

    Уствари, кој работи и се труди ќе има секаде и секогаш многу повеќе од другиот.

    Проблемот е што по некое време пак ќе удриш во еден invisible ceiling каде што имаш сопки од разно-разни други причини што не треба да бидат сопки како закони што треба да работат за ама работат против тебе, бирократија од време на Тито, а за корупција, мито, рекет и сл да не праиме муабет.

    За жал, овде нема дека небото е граница, овде границата е однапред одредена и се знае кој ги врти најголемите пари и како.

    Друг проблем е па што не треба сите да бидат воркахолици и доктори на наука за да живеат пристоен живот. Не секој е толку амбициозен, посветен, ниту пак секој го исполнува таквиот начин на живот.

    И тетката од КАМ треба да си приушти достоинствен живот, пристојно живеалиште и одмор исто како што тоа треба да го направи докторот од приватна болница.

    Паметно девојче си, ќе видиш како се одвиваат работите после факс овде...
     
    На LivingGlam, annii, 1209 и 30 други им се допаѓа ова.
  9. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Мене дечки што ме прати еден малер цел живот ... таман ми се укажа прилика за странција фати коронава |(
    Едвај чекам да заврши короништево и си одам и прашање е дали ќе идам и на одмор тука !
    Видете , овде веќе нема што да барате , овде е дно дна , ма и дното е пробишено ,и од толку што е пробушено нафта ќе излези :D
    Нема овде иднина , овде е само мачење и нервирање , и од финансиска страна и владее еден тежок вид на примитивизам ,а јас имам поголеми гледишта подалеку од носот (како некои што не гледаат подалеку од носот) , јас би ви дала совет да си заминете но не да печалите туку да живеете квалитетен живот ...
    Ми се допаѓа што во Германија постојат Германци што живеат под кирија ,и не им е во интерес да го трошат целиот животот за кредит за стан, и тоа живеат секој посебно, не живеаат 4 генерации заедно (за нив тоа не е нормално)
    Јас сум атеист/агностик , но ќе ви кажам на тие што ќе останете тука Господ нека ви е на помош ....жал ми е но немате квалитетен живот тука...
     
    На crazylady, Herrera, *Amethyst* и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Секако дека да. Во план сум, само ме кочи малку актуелнава ситуација. Причини има милион.

    И претходно реков, и сега ќе повторам, не бегаат сите од економски причини. Како што рече @Feminka22 сега за сега, неможам да се пожалам од економскиот аспект, живеам подобро од пред некоја година, АМА, она кое највеќе ме копка, не е променето.

    А тоа е, нашиот менталитет, тоа што секој втор е буквално опседнат со политика и на секоја дружба се зборува за тоа. Вчера поминуваат деца по пат, кога велам деца, мислам дека немаа повеќе од 9-10 години и дискутираат за политика. Мислам...жално.

    Но не дека кога заминувам нема да заминам и од економски аспект, секако дека и тоа ќе биде причина, затоа што примањата кои ги имам се доволни за тука и за еден просечен одмор до Грција. Да не се жалам, можам да скокнам и до Европа некаде, еднаш- два пати годишно.

    Ќе заминам и од образовен, правен, здравствен аспект... кога ќе имам фамилија децата сакам да ми растат во нормално општество, не општество полно со предрасуди, политики, простотилук (со чест на исклучоци), не почит и сл.

    Во странство, исто така има и повеќе можности од тука. Далеку повеќе. За сите струки. Исто и за децата, од мали ќе може да одат во различни организации да волонтираат, не само во 2-3 кои се нудат тука.

    Јас во странство гледам тотално подобар живот. И сум го искусил неколку пати на пократок период во Норвешка или за мене друга планета. Таму колите застануваат за ти да преминеш улица на пешачки премин, не ти за тие да поминат како тука и со страв да преминуваш улица, прост пример. Просто сум водушевен сум од начинот на кој живеат.

    Таму нема врски, таму секој закон важи еднакво за сите. Нема ако си братучед на инспектор да ти се скине казната или воопшто да не те казнат. Не. Ете во Норвешка, пак прост пример, принцот возел напиен и си платил казна, без никакви привилегии.

    Околу тоа дека нема журки и дружења таму, нека нема, мене тоа не ми е пресуден фактор. Ни тука не сум многу по тие излегувања, журкања и сл. Имаше една: "Во странство луѓето се ладни, а па тука колку се фини...", мислам вака беше.

    Преку океан некаде ни јас не би, најдалеку би отишол во Доха или Дубаи да живеам, односно таму би сакал најмногу... море, плажи, архитектура, современост, иднина, клима... сè :D. Или некаде во Европа, пак би претпочитал да има море каде што живеам, или бар некое поголемо езеро :lol:. На пр. Осло, Хаг, Брајтон, Копенхаген, Ница... :D

    Иднина каква што замислувам, во Македонија нема, нема ни да има, затоа, наскоро ќе се поздравиме :).
     
    На crazylady, Nevenche26, *Amethyst* и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    Јас живеев на другата страна на светот и плачев да се вратам дома затоа што не разбирав.
    Убаво кажа членката погоре. Се си има свои предности и мани
    Кога се вратив тука, кога видов дека упорно се стои во место и луѓето пред се се тие кои одбиваат да се променат за да сменат нешто во животот, сакам НАЗАД
    Тешко е да си сам, одалечен од фамилија но овде не се живее
    Нервозата и стресот убиваат
     
    На crazylady, elimkd, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    5.840
    Би сакала поради поголемите можности на кариерен и финансиски план.
     
    На *Amethyst*, WildMk, edna_malecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.640
    Допаѓања:
    52.561
    Пол:
    Женски
    Не знам искрено.
    Порано сакав да се отселам ама сега не сум сигурна. Како и да е, засега не планирам такво нешто. Сакам тука да се обидам да постигнам некаков успех.

    Колку и негативни страни да има во земјава има нешто што ме приврзува, што не ми дава туку така да оставам сѐ и да заминам. Прекрасна природа, слобода повеќе од каде било, дружби, луѓе што ми значат...
    Крај краева никаде не е лесно и не сакам да живеам само за да работам и ништо друго.

    Би патувала насекаде низ светот, би била отсутна од дома и еден месец, ама на крај мислам дека секогаш ќе сакам да се вратам од каде што сум тргнала. Многу добро сфаќам што значи ко ќе речат дома си е дома.

    Сепак не гарантирам дека ова мислење ќе ми остани засекогаш и можеби во иднина ќе ми се пружи прилика, можеби ќе сакам да заминам. Цел живот е пред мене, ништо точно не се знае што ќе биди. Едноставно не сакам да избрзувам со одлуки и оставам работите полека да се одвиваат.
     
    На WildMk, pdb123 и Angie1432 им се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Живеев скоро 3 месеца во странство, мислам дека при крај кај и моите па и маче и куче и комшијата ми зафалеа, сериозно срце ми се кинеше, џабе кога имав пари и се можно купував и шетав кога плачев за дома буквално.
    Не можам емоционално да поднесам да сум разделена од сите што ги сакам, да одам само на печалба 3 или 6 месеца па да се вратам ќе издржам ама цел живот не.
    Башка што со минималец во Германија од 1300 евра плаќаш пример кирија од 500-600 и живееш ко ѓупциве овде:bandit:и друга работа што се од храна е ужасно.
     
    На teaiva и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  15. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    3.084
    Пол:
    Женски
    Порано сум сакала да се отселам од тука и никогаш да не се вратам сметајќи дека таму е мед и млеко, имаш пари и можеш да правиш што сакаш и да шеташ каде сакаш. Кога малку созреав и тргнав да спечалам на сезонска работа(не е битно во која држава) сфатив дека не е за мене. Прво ако не работат двајца се е џабе како што кажа една членка погоре ќе живееш како ѓупците тука. Кириите се околу 500-700 евра и за јадење отприлика 100-200 евра. А платата минимална е околу 1300 тогаш не ти останува ништо.
    Не може да се нарече тоа живот.
    Плус тоа си оддалечен од семејството, ама има и луѓе што тоа не им смета и си жувеат најнормално.

    Можеби да одиш да спечалиш 5 6 месеци и да си дојдеш и тука да си го средиш животот и да си купиш тоа што ти е најпотребно тогаш се согласувам.
     
    На teaiva и Tanjamm им се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Веќе тоа е целта на грото луѓе, способни и помалку способни. Мизеријата секаде е иста, ама добриот живот е поразличен.

    Вака изгледа со една нога сум надвор, ќе гледам и другата да ја префрлам.
     
    На *Amethyst*, azelea и Ahoy им се допаѓа ова.
  17. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    10.364
    Пред 15 - 16 години назад кога бев студент скоро па исто мислев ко денешната младина од Мк кои одат на сезонска работа по Европа.

    Само еден добронамерен совет да им дадам на младите :

    Бидеќи ве праќаат на 3 месеци работа, кога бирате Германија, бирајте источна Германија помали места во близина на градовите , таму е багатела, 200 евра е соба кириите , така да 100 % ќе ви остануваат пари да си заштедите.

    А за да не давате пари за месечна карта, ќе си купете точак за до работа и назад.

    Максимално ве разбирам , исто бев во шок кога дојдов во Штутгарт оти бев навикната на ефтин живот во Берлин, ама тука е ненормално многу скапо.

    Не за џабе гугл вели најскапи гадови во Германија се: Минхен, Франкфурт и Штутгарт

    Така да , подалеко од скапите места штом сте на краток период од 3 месеци , не се ставајте во додатни трошоци. ;)


    Да гласам само на анкетата : веќе сум отселена и немам намера и не ме интересира ништо за Македонија, ако сака нека пропадне државата, исто ми се фаќа мене.

    Поздрав до @Gosh (highfive)
     
    На Gosh, teaiva, ЕденЧлен и 15 други им се допаѓа ова.
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    Да, но не по секоја цена.
    Здравјр планирам догодина преквалификација. Зависи од приликата за работа.
    Не за мене, сакам на син ми да му овозможам опции да биде кај сака и што сака во животот.
     
    На crazylady, WildMk и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    11.333
    Пол:
    Женски
    Верувам дека сте во право дека со минимална плата каде и да е во светот сепак не е многу поразлично од нашата држава.
    Но, далеку повеќе се шансите за работа и можностите за напредување.
    Токму тоа е и причината зошто сакам да заминам. Сакам да бидам ценета во мојата професија, да придонесувам во работата, да напредувам. Нешто што знам дека е тешко изводливо во Македонија, особено со изборот кој го имам направено.

    Од друга страна, знам дека ќе ми недостига мојот град. Колку и да велам дека не сум носталгична, како студент во друга држава, сфаќам колку ми фали се од дома. Блиските, пријатели, шетање низ градот, кафиња.
    Посебно на празници или некои прослави.

    Мислата ми е дека, доколку имав можност за добра работа, развивање и напредување во кариерата, не би се отселила.
    Сепак, за мене најубаво е таму каде што ти се луѓето кои ги сакаш.
    Но, сега сум решена да го направам тоа.
     
    На candy.cane, *Amethyst*, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    Секако дека и тука можеш да стигнеш до плата од над 1000€, 2000€, па и 3000€, ама ти секогаш ќе бидеш тој кој се курчи (извинете на израз), фалбаџијата и слични некој вакви епитети поради љубомората и зависта која владее меѓу Македонскиот народ.

    Да имам такви примања, нормално дека би си дозволил неколку патувања во текот на годината, од кој ете, едно- две и поегзотични, некаде подалеку, нормално дека би си дозволил и вечера во некој поскап ресторан, најнов телефон и сл., ама пак меѓу комшиите ќе бидеш тој, фалбаџијата што непромислено ги користи парите. За жал. Секако дека и би донирал, ама ни тоа нема да потпомогне народот да го смени мислењето за тебе.

    Да, малите работи те прават среќен, ама за тој со толкави примања погоре споменатите нешта се малите работи кои го прават среќен :).

    И пак дојдовме до тој наш менталитет, никаков. Тука е срамота да работиш за 400€ нели, и тоа без струка, а да се жалиш оти мама и тато не ти дале 100ка за на кафе |(. А сепак имаш најнов телефон од 1000€ со 250€ примања, оти ако немаш ќе бидеш исмеван од тој што има... Колку само погрешни размислувања (facepalm)

    Во странство "децата" (поголемиот дел) почнуваат да работат од помала возраст, работат и за тамошен минималец (додека тука тоа е срам), но истиот го штедат за за на 18-20 години веќе да се осамостојат од своите родители, да купат своја кола, стан...

    И за крај, да, 3000€ во Македонија се далеку подобри за живот од 3000€ во Норвешка, ама нема да имаш исто здравство, образование, ако не си платиш приватно или и' однесеш кафе и сок на докторката за да те прими достојно и да се однесува со тебе коректно, нема да имаш ни суд ни полиција ако не ги потплатиш малку, или малку повеќе.

    Заклучок: пре би на минималец во Норвешка (иако не би сакал) него во Македонија, затоа што таму барем ќе бидам еднаков со другите класи и нема да бидам исмеван. Среќен сум и благодарен што не сум на тој минималец тука и имам просечни примања кои ми обезбедуваат еден добар живот тука, ама јас сакам подобар, далеку подобар, затоа што знам дека имам капацитет, амбиција и желба да си го овозможам, ама не тука :).
     
    На crazylady, candy.cane, *Amethyst* и 4 други им се допаѓа ова.