1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отселување од Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од WildMk, 16 јули 2020.

?

Дали сакате да се иселите од Македонија?

  1. Да

    152 глас(а)
    63,1%
  2. Не

    26 глас(а)
    10,8%
  3. Веќе сум отселен/а

    40 глас(а)
    16,6%
  4. Не знам

    23 глас(а)
    9,5%
  1. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    5.904
    Допаѓања:
    135.247
    Пол:
    Женски
    Порано мислев дека ако отидам некаде нема да се вратам, отидов на 1г, не ми беше лошо ама многу ми фалеа луѓето тука и сфатив дека не можам така лесно да се адаптирам, и не пробав да останам си се вратив.
    Последниве неколку години се повеќе сме на мисла дека не е веќе овде здраво да се живее, посебно ми е страв за децава. Не збирам толку од економски причини ама генерално квалитетот на живот, менталниот склоп на луѓето, функционирање на институции а богами и на приватниот сектор и пред се очајната политичка ситуација.
    Тешко е многу да се решиш над 40г со 2 деца да се подбереш и почнеш се од почеток, посебно со оглед на тоа што и двајцата сме со некои општи струки кои не се барани многу надвор. Во секој случај вака со семејство мислам најпаметно е едниот прво да оди да направи терен па да си ја повлече фамилијата.
     
    На annii, teaiva, dunika и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    9.135
    Пол:
    Женски
    Јас би заминала без да размислувам, знаев дека сме дно од држава ама со целава ситуација со вирусов мислам дека го достигнавме дното на дното
    ( ако постои такво нешто).

    Прва причина зошто би заминала се ужасните услови за наоѓање работа во земјава. Ајде да речиме дека си ја нашол, ама пак џабе бидејќи ќе работиш за плата со која едвај сметки ќе платиш. Си се мачел 4 години на факултет, си се трудел вистински да научиш, да се усовршиш и на крајот да работиш 8 часа за некоја мизерна плата, свесен дека во странство истата работа е подобро платена и трудот повеќе се цени.
    Втора причина зошто би си заминала е ради политичкава ситуација. Па, ми се смачи да ги гледам СДСМ и ВМРО да се обвинуваат меѓусебно кој колку ја уништил државата. И двете партии се исти, си работат за својот џеб, а народот го прават будала.

    Би сакала ако имам шанса да заминам во странство. Ако се снајдам во ред, а ако не Македонија тука е, не ми бега.
     
    На sj *O*, andrejko82, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Порано сакав.. Мислев ќе студирам во странство и ќе се извлечам од овдешниве проблеми. Не ми смета само тоа што финансиски не сум стабилна. Ми смета и овдешниот менталитет. Ми сметаат многу работи. Но ете мојот одговор е дека не знам. Не знам што би направила. Имам двојно државјанство и мислам дека ако дојде работата до таму, да немам веќе што да изгубам би се отселила. Но сега не е толку лесно со мало бебе и семејство.Затоа и мојот одговор е таков. Не зависи само од мене. Пред две години сфатив дека не е толку лесно да се замине. Се запишав и на курс по германски за во случај да морам да заминувам да имам барем познавања од уште еден странски јазик и барем малку да се чувствувам по сигурно. Моја многу блиска личност неодамна замина. Тешко e. Многу е тешко, но жртвата е за подобра иднина. Во државава и политичката состојба е ужасна и тоа е причина плус за заминување.

    Мојот татко секогаш велеше да си имам алтернатива, да земам уште едно државјанство, да знам уште еден јазик, да тргнувам пари на страна за не дај боже бидејќи тоа не дај боже може да биде уште утре.
     
    На sj *O*, andrejko82, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Не можам да си го редактирам мислењето, па сега го прочитав твоето и се сетив на уште неколку работи. Се што кажуваш е така. Во Штип пред мојата зграда чекајќи такси наслушнав мали деца од по 7-8 годинки си играа игра. Играта беше да го кажат она обиџуко, цела изјава на Оливер Спасовски ја кажуваа во хор, и кој ќе згреши губеше поени, па почнуваа одново се додека не се добие победник кој нема да погреши. Замислете бе деца од второ или трето одделение со што се занимаваат.. Нема кај да трошат време, нема ли некоја активност попаметна?

    За тоа дека за секаде се потребни врски.. Тоа не треба да се спомне. Станато е секојдневие и прифатено е од луѓето како најнормална работа. И тоа ми пречи. Јас што сум се мачела негде, сум пробала да постигнам нешто не сум успеала, а некои полуписмени се издигнале. Епа боли тоа. Ама веќе не само што боли туку и револтира.

    И јас не сум по журки и дружби. Интровертна сум.А верувам и нема да ми недостигаат глупите излегувања овде каде се се темели на тоа кој како изгледа и колку троши. Во странство сум одела на журки, многу е поинаку. Сум прошетала низ Европа. Сум се запознала со мои врсници од други земји. Многу е поинаку. Сум одела на еразмус проекти од по 10-15 дена и кога се враќав ми требаше време да се прилагодам на овдешново срање од живот. Последно бев лани, во Чешка. Имаше уште двајца од Македонија. Прв пат искусија такво нешто и беа решителни дека нема да биде последно. Журките таму се правеа со малку пари а многу забава. Не беше битно каков пијалак се конзумира и дали некој носи скапа облека. Имаше дружба.

    Друга работа е културата. Ние овде немаме културни настани. Библиотеките ни се празни. Луѓето се неизживеани. Имам комшивка образована, успешна во кариерата, ама празна во душата..

    Здравството ни е хаос. За тоа пишував во други теми но поради банални причини мислењата мораа да се бришат. Нема да пишувам околу моето искуство повторно. Нема да кажувам повеќе ништо за тоа. Само ќе кажам дека е срамота. Здравствениот систем е катастрофа и моето искуство беше ужасно. Ама наместо да се работи на подобрување на целата ситуација се дреме на форуми и се прикриваат работите. Наместо да се зголеми грижата за пациентите кога веќе не се инвестира во условите, се оди до дното уште толку. Се тоне секојдневно. Ама тонат и луѓето. Се уништуваат животи. Ама тоа е. Тука сме, така и ќе биде уште долго време.

    За образованието немам што да коментирам. Студирам ама за диплома. Видов дека знаење не се добива таму. И во основно и во средно е исто. Децата кои имаат капацитет ќе учат и ќе просперираат, тие што немаат ќе имаат слаби оценки и така ќе истераат и средно и основно. Нема професори и наставници кои ќе работат со тие деца и ќе им помогнат да напредуваат и барем нешто да научат.
    Еве јас ќе се земам за пример. Секогаш сум учела, сум била одлична. И сега на факултет секој испит од прва го положувам. Ама за сето тоа сум заслужна јас и само јас. Немам научено ништо на училиште. Не велам дека е бескорисно, од книгите сум учела сама дома, сум истражувала и тоа што ме интересирало сум го научувала така. Уште не знаев латиница, а сакав да учам англиски. Ме запишаа на курс, се трудев во училиште, ама немаше некој резултат.Кога имав 12 години и кога почнав повеќе да размислувам самата седнав и научив англиски најдобро од цело одделение. Имаше уште неколку такви во моето одделение и наставничките работеа само со нас, тие што не беа на тоа ниво беа тргнати настрана и си добиваа послаби оценки и покрај тоа што се труделе. Немало кој да им помогне, не умееле самите. Ми се сменија 8 наставнички по англиски и морам да кажам дека имаше само една која беше поразлична и беше посветена на сите подеднакво и се трудеше околу сите. Ама нејзе ја запознав на крај од средно. Така да ова е само еден пример.

    Исто така и сум гледала и слушала како малите деца уште од најрана возраст се обесхрабрени да направат било што. Ги гази овдешново срање.

    Ме нервира овде и тоа што психолог и психијатар се табу тема. Сум имала потреба од таа терапија и сум посетувала психолог. И на тоа сите гледале како нешто екстремно лошо и неприфатливо. Тоа е уназадување големо.

    Луѓето овде секојдневно пропаѓаат грижејќи се што ќе речат луѓето. И затоа сме овде каде што сме. Пропаст. Осудени на пропаст.
     
    На sj *O*, teaiva, Ladybug98 и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    844
    Допаѓања:
    1.936
    Пол:
    Машки
    Сум размислувал многу на оваа тема , сега ќе се запишам на факултет но во иднина би сакал да се отселам надвор па ако можам и моите да ги повлечам. Највеќе од економски аспект. Во оваа држава не се живее туку се преживува. Да не можеш да си ги покриеш основните елементарни потреби со смешната наша економија и да мораш ко коњ да работиш 24/7 за да живееш уоу. Другари ќе поднесам , дружба ќе поднесам ама ова дереџе више не се трпи. Порано се живеело некако сега не можеш да помислиш на нешто друго(одмор пр.) освен основни потреби и некое чат пат излагање. Дете сум на самохран родител и само ја знам како со 28.000 ден со сметки и се друго се тера цел месец.... мука ми е од државава што да би ми дале карта за Африка би отишол. Не можам да поднесам више , факултет ќе почнам психички растргнат

    Државава (вукојебина) ја водат страшно лоши политичари кои ништо ама ништо не прават за народот 2020 година сме , ние уште у 90тите сме.... страшно
     
    На sj *O*, teaiva, Ladybug98 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. TashSefton

    TashSefton Популарен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2016
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    1.743
    Јас сум 4 год отселена. Никогаш не се покајав. Ниту јас, ниту Mr Right не бевме финансиски мотивирани за отселување. Едноставно изгубивме секаква желба за живеење во Мк. Некогаш ме фаќа носталгија, некогаш пцујам кога ми паѓа тешко што немам никаква помош околу син ми (освен сопругот се разбира, но тоа не би го категоризирала како помош, бидејќи како родители, сме еднакво инволвирани). Најстрашни ми се деновите кога и јас и партнерот сме болни, а немаме право на sick days со мало дете. Сега сум трудна со второ. Дури и да има летови, немам намера никој од нашите да ризикувам по авиони и аеродроми, така да пак ќе бидеме сами. Се ежам од тоа. Ама ќе гледам да се снајдам со професионална помош hopefully.
    Ми паѓа тешко периодов, бидејќи сме воглавно затворени дома поради коронавирусот. Но во нормални услови, не ми смета ич што не сум во Мк.
     
    Последна измена: 18 јули 2020
    На sj *O*, dunika, Purplelilac и 3 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Дури нереално е, толку луѓе да се свесни за се' што се случува околу нив, а во тие луѓе да има разни кадри(доктори, правници, наставници, административци итн)... и никој-ништо да не се обидува да смени.

    Сами на себе сме си непријатели.
     
    На sj *O*, Ladybug98, Herrera и 4 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Откако веќе живеев у друга држава кај што воедно и работев, поинаква перспектива добив.
    А далеку од лошо искуство имав.
    Сфатив дека стрнство у поголемиот дел случаи нема додирна точка со она што ни се презентира и всадува дека е, што од роднини, пријатели, медиуми.
    Тоа е една пренапумпана сторија, ништо повеќе ни помалце.
    Секој со својот избор сепак.
     
    На Celltica, WildMk, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Животот во странство не е идеален, не тече само мед и млеко таму, сепак ако имам посериозна можност не би размислувала два пати. Имам професија која е ценета и многу повеќе платена и вреднувана таму отколку тука.
     
    На sj *O*, *Amethyst*, ForeverYoung и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Среќна сум што се отселив.
     
    На sj *O*, *Amethyst*, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  11. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    25.595
    Пол:
    Женски
    Џепчето полно, душичката празна, јбг не може се да е 100%
     
    На teaiva, WildMk и malerozna им се допаѓа ова.
  12. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    424
    Допаѓања:
    512
    Пол:
    Женски
    Најголена желба ми е да се отселам од тука. Знам дека нема мед и млеко да е во странство и дека тешко ќе биде многу ама не можам со малограѓанштинава од тука повеќе. Да ми искочи прилика одма би отишла.
     
    На sj *O*, *Amethyst*, Fallen.Angel и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Еве ќе си одиме сите,и што ќе се деси со државава?
     
  14. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.218
    Пол:
    Женски
    Пола од тие што кукаат за иселување прва прилика кога нешто ќе тргне лошо спасот го барат назад во Македонија, како што беше сега случајот со коронава па трчаа да се спасат пошто им фуфка ама битно по социјални мрежи се најјаки на тастатура, пљукаат по се шо мрда овде.

    На таквите доживотно би им забранила назад, ама нели, кога тони бродот сите бегаат да се спасат и да се вратат од кај што дошле, и после кога ќе спласне тоа, повторно од почеток дека своето не чини туѓото вреди.

    Инаку, сум имала прилика да заминам во странство и се уште имам ама одлучна сум да останам овде, само овде се чувствувам слободно, спокојно и мирно. Мирот никој нема да ми го купи.
    И во странство не цветаат рози, и во странство треба да имаш среќа да налеташ на фер газда и работа каква што сакаш, не е таму мед и млеко како што се претставува, ама пак добро секој со своја одлука.
     
    На teaiva, Devotion, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.919
    Допаѓања:
    32.528
    Пол:
    Женски
    @bicycle така ти е тоа. Тогаш Македонија чини, а во спротивно се плука. А нешто зачкрипи, одма сакаат назад.(facepalm)
     
    На candy.cane и bicycle им се допаѓа ова.
  16. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Зошто да не се вратат? Тие се уште го имаат државјанството ако не се откажале, и се исто толку државјани тука колку и ти што си. Ги имаат истите права како и ти.

    Менталниот склоп е не важен. Погрешен е, ама тоа не е причина човек да должи одобрување од некој небитен за да се врати назад.

    Државата не е твоја или од татко ти. ;)
     
    На sj *O*, *Amethyst*, Biljarkata и 3 други им се допаѓа ова.
  17. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.218
    Пол:
    Женски
    Зборам за тие што пљукаат по се живо и диво, што јавно кажуваат колку не ја сакаат државата, што колнат се тука.
    Ако пљукаш по државата, ако не ти се допаѓа тука, ако навредуваш се живо и диво, шо по ѓаволите се враќаш?

    Ехе, колку се расправав со другарка која од странство ја пљукаше државава и посакуваше се најлошо, од најблиски до најдалечни, до влада, до градови и села, најгласна на социјалните мрежи беше, се случи ова со коронава, прва долета па сега сака земја да бацува.

    На многу не им чини тука, ќе испљука тука се живо и диво, па ќе чкрипне нешто и пут успут дома си е дома.

    И не е моја ама не е ниту на татко ми, него не го спомнувај на темава, ќе те замолам, да не мешаме фамилии.

    мене ми е сеедно дали ќе се тука, ама преку глава од тоа своето не чини другото вреди.

    Зошто да не се вратат? а зошто па пљукаат? Разбирам незадоволство и разочарување ама не трчи назад кога ќе ти дојде јајце на газ или пак научи повеќе да го почитуваш своето наместо да величиш друго.
     
    На ForeverYoung и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.176
    Допаѓања:
    37.949
    Пол:
    Машки
    @bicycle ќе се сложам со тебе, ама ќе се сложам и со @Snow-Star . Едно е да изразувам не задоволство, друго е да плукам. Не знам дали преку моите мислења некој мисли дека ја плукам државава, ами само изразувам не задоволство од сè што се случува околу нас.

    Ни јас не ги поддржувам тие што плукаа тука по здравство, а во март беа веќе вратени затоа што Македонија им била посигурна. Сега едвај чекаа да се отворат аеродроми за да повторно си отидат. Тоа за мене не е во ред, иако можеби некаде ги разбирам.

    Јас кога ќе заминам во странство, сигурно нема да се вратам за системот и за државата како држава, туку најмногу за семејството и пријателите кои сум ги оставил тука. :)
     
    На *Amethyst*, ForeverYoung и teressa им се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.469
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Јас пишав дека однесувањето е погрешно, и сепак, тие се исто толку државјани како сите други Македонци. Смеат и можат да се вратат кога ќе посакаат.

    Ти можеш да мислиш што сакаш.Што ти се допаѓа, што не, твое си е.
    И не го замешав татко ти, туку фразата од "oд татко ти" значи дека не е твое наследство.
     
    На sj *O*, *Amethyst* и Ahoy им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    40.218
    Пол:
    Женски

    И јас сум незадоволна, и јас сум разочарана, ама никогаш не сум кажала лош збор за државата, си ја сакам државата, само тука се осеќам убаво и слободно.
    Сум имала прилика да седам неколку месеци во странство, исто и да работам, ама преферирав да се вратам назад од многу причини, не само фамилија и пријатели.

    Дека системот не чини, не чини ама ако гледаме на никој не може да му се погоди.

    @Snow-Star се разбравме. :D

     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.