Веќе една година сум отселен од мк. Има и позитивни и негативни страни. Ке ви набројам 5 позитивни 5 негативни. Позитивни: 1. Пари малце повеќе нема со вреќи 2.Подобри институции 3. Подобрување јазик 4. Можности за напредување 5. Запознавање со нови места, луѓе, култура Негативни: 1. Нема дружење како во мк 2. Нема угостителски објекти како нашите ми фалат 3. Мораш сам да ги завршуваш домашните обврски(чистење, готвење, перење, поправки по дома итн) 4. Со фамилија роднини и пријатели контактираш преку нет 5.Прво планираш за сметки(ќирија, струја, интернет, телефон, радиодифузна итн)па за тебе што ќе остане
Ќе продолжи да си постои де. Ќе останат главно повозрасни лица со веќе оформени семејства на кои можеби не им се ризикува во смисла на снаоѓање со јазик, работа, живеалиште (што скроз е океј патем, не ги осудувам), ќе има и таков процент на луѓе кои навистина сметаат дека може нешто да се промени на подобро (и им посакувам да им се исполни таа замисла, што и да значи за нив тоа подобро), а и оние кои можеби се поприврзани со блиските и тоа е тоа. Сите нема да си заминат, тоа секако. Без грижа. На темата, јас сум во тие што си ја бараат соодветната шанса за надвор. Причините мислам дека се и повеќе од јасни, да не се повторувам. Не се пронаоѓам во едно место, сакам да менувам средина и се' помалку се плашам од тоа. Студиите ми беа одлична подготовка за она што значи да функционираш самостојно (од уплаќања во пошта/банка до пазарувања и средување по дома, па и учење поголемиот дел од проблемите кои се појавуваат попатно како и здравствени проблеми да си ги решаваш самостојно, па и да посетиш лекар), што значи за некои празници да не си дома, како да си победуваш некои стравови и внатрешни борби или барем да се научиш да ги контролираш и уште доста други нешта. Доволно како за почеток. Што очекувам од преселбата, па накратко би било: пристоен живот, култура на однесување на средината, функционални институции, можност да се почувствувам дека сум на соодветно место. И тоа би било тоа.
Јас студирањето ќе го прекинам во миг да ми се нудеше таква опција. Сакам во Германија, можеби Словенија па дури и Хрватска таму има наши на високи функции. Мене повеќе ми е до јазикот дали ќе го совладам.
Овде не е само проблем сиромаштијата. Реално водиме живот под стрес, постојано, секој ден. Не е само сега за време на короната така е откако знам за себе. Би сакала да се иселам најмногу поради син ми. Овде едноставно животот е тежок. Живеам во мал град каде последните две години воздухот стана неподнослив не дека претходно нешто подобро беше ама сега е катастрофа. Се грижам за здравјето на син ми. Моите веќе се отселија, работат во странство, и не дека таму животот е песна далеку од тоа, ама кога гледам брат ми од работа како е задоволен во културна фирма со културен газда. Не дека пари им претекуват ама се е некако опуштено има ред и секогаш на време е се. А овде сме под притисок, маж ми буквално се отепува од работа а со какви луѓе има работа се нервирам од самата помисла. Овде најмала ситница да те здоболи не знаеме на каде да фатеме во оваа ситуација. Брат ми за време на корона два пати се разболува, два пати културно е примен со испитувања со се. И тоа температура имаше, овде кој би те примил со температура, преку телефон и прозор не лечат. И таму има киксови не велам не ама брза помош стигнува најбрзо што може, а овде, моли бога да не ти треба доктор а камоли во вакво време. Градинките се многу подобри, по малку дечиња, татко ми и брат ми работеа во школо, која дисциплина се има таму, а овде катастрофа, не унакажаа за век и векови. Имам и пасош, само што маж ми не е решен, за ова што го постигна дебела жртва даде, се плашам на здравје да не му се одрази. Сакам да живеам помирен живот, овде едноставно се нема мир, ред, култура. А не додека јас се жалам како е овде под прозор секоја вечер да врескаат, буквално врескаат на цел глас и се кикотат. Разбирам и младост и се, ама повеќе ја разбирам културата, а пред се па и состојбата не е за вакви дружби.
Кога сме кај чист воздух... Во Шведска не можев да се изнадишам од што е чист воздухот, ама од Исланд луѓе велат, дека според нив, Шведскиот воздух бил лош. Перспектива. Не знам зошто ти е ова негативно? Посебно сам да чистиш и готвиш... кој сакаш да ти чисти и готви? Мајка ти? Сметки, и тука да си, исто ќе плаќаш. Кој ќе ти ги плаќа? И тие ли мајка ти?
Хахаха Кај повеќето е така затоа така пишав. Знаеме како е во Мк. Сеа ако тераме инает ќе кажеме не е така. Кога живеев во мк моите не ми имаат дозволено да плаќам струја, вода. За готвење и чистење исто. Може затоа што често бев на пат. Не сум мамина маза имам возено камион околу 3 год низ Европа кој има шофер во фамилија знае точно шо пишувам.
Перспектива, сериозно? Мерни единици нешто, честички, ранкирање во светот? Перспектива бе, мислиш за филозофска тема збориме.
Имам силна желба. Идев на германски курс, пробав, ама имав многу обврски тогаш. Знам дека можам ако се потрудам, сега учам словенечки преку интернет. Одвојувам колку што можам и супер ми иде.
Не би се иселила, самотијата и оддалеченоста од фамилијата не би ја поднесла, самата помисла колку е кратот животот, а јас далеку би ме убила
Зошто животот во странство го опишувате како осамен и без пријатели? Во кои земји сте иселени? Иселена сум 2 години и никогаш не би се вратила да живеам во Македонија. Сметам дека својот потенцијал треба да го користам онаму каде е вреднуван, а тоа не е Македонија.
Убаво е да имаш некоја основа, да го имаш барем слушнато јазикот како звучи.. ама неможеш да го научиш додека не почнеш да комуницираш од искуство. Или штом отидеш имаш бесплатен курс за странци кај што се учи топ. Да се надоврзам на темава. Некој спомна скапо било во странство.. големи се и платите Шишање ти е 25-30еу со дневница 80еу, кај нас е 500 ден. со дневница од 700денари. Ги споредувам и другите цени на храна, облека според стандардот иде поефтино од кај нас. Забави и дружење сите викаат дека нема ама не се согласувам. Може ги нема како кај нас секоја вечер по кафани(што е претеризам), ама обавезно секоја сабота се собираат и ако имаш пријатели си поканет. Живеев скоро две години во Словенија и се дружев и се журкав и тоа баш со словенци. Пред неполн месец се преселив во др.држава и уште првиот викенд комшивката ме покани на забава да се запознаеме, друга ме покани на кафе. Нема седење по кафани и ресторанти како што сме навикнати туку се дома или во барови со мнооогу пиење и ич јадење. Недела е ден за со фамилијата и тоа е тоа. Тие што живеат во странство и го кажуваат обратното без навреда, не сакам никого да повредам ама ги гледам по Фб. Се дружат само со македонци оти уште не отидени имаат мислење дека домаќините во државата се ладни, недружељубиви, не живеат туку само работат и не не сакаат нас туѓинците.
Да имав доволно финансии ќе избегав далеку од тука, Канада или Нов Зеланд. Ама да имав толку пари можеби ќе си речев добро ми е и тука. Сакам природа, езеро, море, океани. Би избегала заради децата, тие да живеат поубаво. Кога и да ми текне оваа тема тешко ми паѓа, највеќе заради нив. Лани прв пат ги водевме на море и многу им одговара климата, ги опушта, делува тераписки. Затоа ако некогаш имам можност, би се отселиле некаде покрај море, Нов Зеланд, Аљаска, Канада... Ќе ми биде тешко далеку од моите, но ќе гледам кон иднината. И татко ми да не мислел на неговите (синко што ќе праву без тебе ќе умру) сега ќе сме биле во Австралија. На кој кога му е судено тогаш ќе си умре. Затоа секој нека си ја бара среќата, а родителите треба да им го отворат патот на децата кои се пораснати и со свое семејство.
Гласав за отселување од Македонија. Средувам документи за да се отселам заедно со маж ми. Скоро цело мое и негово друштво или е отселено или планира да бега. Жалосно е што ќе остане од ова парче земја за десет, дваесет години, но тоа е. Сите трагаат за своето место под сонцето. Моето, очигледно не е овде..
Хаха и во Мкд мама и тато ако не ти плаќаат, прво планираш пари за сметки. И сам си ги завршуваш работите по дома. И има подобри ресторани во странство , само се поскапи. И за другарството не се согласувам. Јас имам другари од странство кои се закаа од крај на свет да ми дојдат на свадба, а некој од тука цел живот другари не дојдоа ради глупи причини.. Барем секогаш добиваш искреност и директност од 'странците'.
Сум ДА за темава. Половина од мојата фамилија живее во Германија и кога завршив средно сите очекуваа да се преселам таму. Година дена бев во дилема и одлучив да запишам факултет и да останам овде. Странство е добар избор, ама не секој го може тоа.Причини зошто не отидов: 1.многу сум приврзана со мајка ми и татко ми; 2.немав ниту една пријателка која би дошла со мене; 3.имав само 18/19г. не бев доволно созреана за таков чекор; 4.не ги познавав јазикот и местото и поради тоа чуствував голем страв. Сега имам уште две причини поради кои морам да останам, ама во иднина за неколку години планирам да одам и да си ја пробам среќата.
Оди на Work and travel прво на неколку месеци, види како ти се чини па ако можеш оди и на година. Ако се секираш како ќе го завршиш студирањето, не се секирај се завршува, може ќе го влечкаш со години, али немој да се откажеш!
Негативно за одење странство било тоа што ќе мораш сам да си чистиш ајјј златен мама ти чистеше во македонија и сега тешко ти се виде е ме насмеа
Сакам сега да живеам во странство на тропскиот остров Фиџи пошто не ми се живее тука со никој ни со моите оти сакам да ги заборавам сите одеднаш заради што се чуствувам стресно дур живееам со нив али сеуште неам пари за тоа.Да прашам кога првпат заминавте у странство и на кој начин заминавте ако сте биле мн млади?
Сериозно бе. Перспектива на тој што живее со емисија на 2 пм честички секојдневно, и тој што живее со емисија на 200 пм честички секојдневно. Не ти се чини дека искуствата и секојдневието ти ја прават перспективата низ која го 'гледаш'/доживуваш светот?