Имам зборувано на друга слична тема за ова, па затоа ќе се обидам да кажам само на кратко. Од кога добив смисла за себе, кога ми се оформи карактерот, мислите, сопствените идеи/замисли, сфатив дека Македонија не е земја за мене. Имав убаво детство, супер ми беше, додека не станав свесна за многу работи, додека имаше некој друг да мисли и да се грижи за мене. Ме нервираше тоа што без разлика колку и да се трудев, тоа не беше ценето. Без разлика каков факултет да имав завршено, и колку да сум имала знаење или искуство на тоа поле, немав луѓе за да ме вработат на подобро платена позиција. И да имав, тоа ќе ме фрустрираше уште повеќе мислам. Зошто не сакам некој друг да ми ги врши работите. Сакам да сум вработена затоа што моето знаење вреди, и мојот труд се цени. Ме нервираше менталитетот на луѓето. Како сите се знаат што е најдобро за тебе. Како сите кои живееја во лоша ситуација (политички, финансиски..) одлучуваа да се помират со тоа, да ја игнорираат реалноста, и да прифатат живот кој не е по нивна замисла. Не можев ни да замислам да живеам како што ќе ми диктира државата, системот, фамилијата. Ќе се гушев во тоа. Во странство сум една година скоро, ги средив најбитните работи за престој и документи. Почнав од 0, но успеав. Сега си заработувам убаво, пари ми стигнуваат. Немам некои големи стресови во животот. Многу близу сум до трајно решавање на стамбеното прашање (заедно со партнерот). И среќна сум, убаво се живее. Од Македонија ми недостасуваат само некои луѓе. Не успеав да се видам со нив поради Коронава, инаку планирав да си дојдам на некоја недела. Но ќе биде и тоа кога ќе се потсмири малку ситуацијата. Дали би се вратила да живеам во Македонија? Во скоро време не. За подалечна иднина, да сме живи и здрави!
Од перспектива на некој што живеел гол и бос на улица цел живот, имањето чевли, капут и покрив каков таков над глава е богат живот. Не. Може ние по дома да се лажеме со наши перспективи. Кога си на врв на светска листа по загаденост, не можеш да релативизираш.
Не релативизирам, само ти објаснував, пошто чудно ти дојде зборот 'перспектива'. Тоа не значи дека не знам што е во ред, а што не. За другите, не знам...
Да се надоврзам на муабетот за децата. Ги трујат уште од мали со политика, затоа е така. На внук ми завчера му купија точак, сино со црвено, поминува еден дедо, му вика "аааууу шо е ова комуњарски точак ти купиле, види ги, немало ли на црвено/жолто, да се знае".... Детево прееска ми вика "нине точакот ми е комуњарски, не го сакам". Детето е прво одделение. Несакам да останам овде, детето од бебе да ми е определено партиски од комшиски затуцани муабети.
Ама баш! Тоа ми беше муабетот. Одиш на празнична слава, прв муабет е политика, а деца слушаат, па повторуваат. Во Македонија и мачките да можеа да зборуваат за политика ќе проговореа.
У свету постоји једно странство, у њему царује зен будизам Ја па мислев сегде у странство е така, никој со никого не се замара, никој никого не трпи Е сега ако ти се погоди комшиката, што да кажам, имаш пар опции...
Ова за тешки случаи се мисли тука Билјарчич, иначе да, на дуњава за секој има место сеуште....арна ми е комшиката , ми се најде јучер нешто ете за џабе ја оговарав
Тоа е тоа, кога мамина маза ќе се соочи со реалниот свет, во шок е првите неколку месеци Па уште си пишал во Македонија твоите не ти дозволувале да чистиш Добро, на толку години не ти беше малце срам мајка ти гаќите да ти ги пере
Не сум мамина маза, уште од средно излегов од дома. Башка перална ги пере. Јас не знам вие како толку вредна домаќинка во 9 сабајле што дремите на форум? Немате работа? За вредни луѓе секогаш има што да се работи
Хаха не е дека е толку тешко, само се обидов да отсликам дел од животот во странство. Изглеа ти фали јатрва или свекрва уживаш да се рчкаш
Не бе не ми фали мене свекрва, само ми е смешна врската македонска мајка и син кај што мајката не дозволува гаќите да си ги пере синот сам, не и е грозно да ги фаќа со рака пошо нели синче, а синов не гледа ништо погрешно во тоа, и кога ќе оди некаде кај што не е мама, најстрашно од се му се гледа тоа што треба сам да пере гаќи и да плати струја. Ко ќе те чуваат под стаклено ѕвоно тоа е, перењето ќе ти е страшно, ами другите проблеми кога ќе дојдат, што ќе правиш тогаш
Не отсликуваш дел од живот во странство, отсликуваш дел од самостојното живеење. И во МК да живееш самостојно, истите ,,тешки животни предизвици,, ќе ги доживееш
Одамна сум сам на себе. Во МК на 80% на младите брачни парови сметките ги плаќаат свекорот и свекрвата или мама и тато. Децата истотака и ги чуваат, им помагаат на милион начини, да не набројувам и не гледам ништо лошо во тоа. Повеќето неживеат самостојно. Не се правете дека не е така. А кога си идам во МК што ме разгалуваат тоа е др. иако многу ретко си идам p. s(не љубоморите, не осудувате може и вие ќе начекате некогаш )
Дали сериозно мислиш дека некој ти љубомори. Да одиш во странство и да пишеш најтешко ми беше што морав сам да се перам е срамота. На што да ти љубоморам. Маж ми не бара дозвола од мајка му да си ги пере гаќите. На тоа да ти љубоморам? На тоа што тој е самостоен, а ти кога ќе дојдеш во домот од мама се претвораш во 5 годишно дете? Ептен љубоморни сме, сите девојки се пукнати за таков маж ко тебе