Не сум така пишал. А маж ти што е папучар и не го переш го жалам. Каков маж бараат девојките? Да лиже гз у политичка партија? Да се продава за 5 пари? Да купува диплома? Да клима со глава на се и сешто? Да папучари?
Затоа ти сам, јадниот оти не си папучар. И среќа не си во Македонија свекорот и свекрвата сметки да ти плаќаат...
Маж ми не е папучар ако јас не го перам. Ти си мамино лигле што најголем проблем во друга држава му е перење на гаќи. Луѓето растат, созреваат, се осамостојуваат. Ти уште бараш дозвола од мајка ти за да се испереш. Многу поверојатно е таквите мажи ко тебе да станат папучари. Пошо маж ми бил самостоен и пред мене, ќе биде самостоен и со мене. Ти без мама си изгубен во свемиров и веројатно ќе бараш некоја да те спаси од шокот на пуштање машина за перење па ќе се држиш за неа ко слеп за стап пошо не си способен сам да се испереш. Дојди после кажи кој е папучар. Девојките сакаат мажи што се самостојни, што знаат да се грижат за себе, а не што не знаат газот да си го избришат без мама.
Не гледам проблем ако некому му било тешко да се пере, гледам само глупави коментари и осуда. Не е срамно ништо, и да нема научено ќе научи. Се се учи.
Жално... Да, апсолтно е срамота најтешкото од живеење сам да му е дека нема кој да го пере. Значи дека е разгалено мамино синче што го перела цел живот мама и да не отишол во странство исто ќе го перела. И дека утре жена му ќе го пере оти „не е он папучар па сам да се пере“
Ако би се селел тоа би било дефинитивно Холандија, преубава земја, зеленило насекаде, чист воздух, систем кој функционира, значи кога се возев со градски автобус на станица кога ќе дојдеше се навалуваше на едната страна за да може тие што се со хендикеп или колички да можат полесно да се качат, мислам обична ситница ама ме купи одма да идам таму. Некој ден дефинитивно би се преселил таму. Ама тоа во иднина. Сега ми е ок тука, фамилијата и пријателите се тука, тоа ми се клучни фактори за седење, срце не ми дава да ги напуштам, али да кажеме 5-10 год од сега највероватно би се нашол у друга земја.
Некое време не сакав. Од тие генерации сум каде што образованието сѐ уште беше квалитетно, оценувањето реално итд. Откако дипломирав и добив "дипломче" професор, и слушнав што треба да правиш за да работиш по струка во оваа наша држава драга..не. Сега работам со струката од средно, одам во три смени ама ми е мирна душицава. Финансиски сме средни со муж, се тешиме дека добро функционираме, ама. Кредит на 30 години за стан. Здравство катастрофа. Образование такуѓере. Менталитетот и така-така, ако се оградиш нема да ти пречи толку. Кога ќе си сумирам, да би се преселила, само ни фали малце повеќе амбиција.
Сегде е така, барем од Австрија нагоре. Мене фамозното застанување на коли на пешачки ме воодушеви, после сфатив дека е правило, не е исклучок.
И тоа уште пред да стапниш на пешачки. Ако стоиш на тротоар до пешачкиот, по дифолт застануваат возилата, за да поминиш. Дури незгодно да ти падни, ако не планираш да преминиш.
Значи не можам да опишам, се чуствував како од пештера да сум дојден кога бев таму. Цивилизиран систем кој функционира на таков преубав начин и ако сакаш може како ѓубре да го искористиш за сопствени цели ама немаш потреба бидејќи зашто би го правел тоа, све е дозволено. Куќите имаат повеќето огромни прозорци на кои можеш директно да им буљиш у дневна што прават без решетки без ништо, ама никој не го прави тоа бидејќи сите си го гледаат своето и никој не се замара со тебе. И сега овие сите се ситници ама богами ако идам би идел заради тие такви работи. ЗНАЧИ Холи ШИТ има корпа со хартии за кога си го шеташ кучето да си извадиш хартивче и да му го избришеш гомцето и да го фрлиш во ѓубре, немаше едно гомце од куче низ цела Холандија што ја прошетав, АЛОООООООО ИМАШ дугме на семафори да стиснеш за пешачки зелено да ти се уклучи а на колите црвено за да поминеш АЛООООО Е сега лошото е што многу е тешко сам да се преживее таму, или со партнер или со цимер и слично, бидејќи се изгор цените...
Ау, ме стопи сега така си е, се си е така за Недерланд. Јас секој ден се изненадувам себе си колку ја ЉУБАМ замјава. Ама онака, баш, чисто сакање....заради тоа што спомна и уште плус работи. Е сега, да не забегаме, има и негативни страни, али спрема мк- бог к шеширџија е разликата..
Ама и платите не им се ко во Македонија. Пред 15 години... еден познаник прајме муабет... типот роден Холанѓанец, тогаш беше накај 40, и ми кажува дека живее сам, и не планира да се жени, ниту сакал да има деца. Си замислив ситуација во Македонија. И му реков... да беше кај нас, нема шанси 'неќам да се женам/неќам деца'. Има да те оженат бабиштата и да ти стојат над гла дури не напрајш дете. Баш таа слобода да одлучиш сам за себе, и да немаш притисок од околината за твојот личен избор на начин на живот, ми звучеше како рај на Земјата (условно речено).
Кога ќе застанеа само за мене над 10 коли во ред поттрчнував да преминам побрзо оти срам ми паѓаше Цивилизиран народ се, секаде од Австрија/ Словенија па нагоре.
Вака така, ќе те инспирираме вајлдке со " навлажнувачки" муабети да фатите патот странција Па и плодно тло за активизам пусто странство
Холандија се толку money oriented што ебено немаат пос терминали за виза и мастеркард оти и дебитна виза и мастеркард земаат повеќе провизија од маестро и поевтини им се пос терминали кои подржуваат само маестро. Така, на пример, многу е грдо кога кафетеријата на работа не ти дава да платиш оти имаш мастеркард дебитна (оти ни една македонска банка не издава маестро) и не само македонска, скоро никаде на друго место во Европа, а не прима ни ќеш. А дека со колега ќе се договориш како кај нас „ајде ти плати ми доручек, а јас ќе ти дадам ќеш.“ Тоа малку морген. Оти не сум видела постиснат човек од Холанѓанец (без разлика дали приватно или деловно). Не сум од Охрид, нели и Охриѓани се жалеа дека Холанѓаните најмалку трошеле Првиот ден ми се случи кога не сакаше картичката колега СЛУЧАЈНО да ја провлече неговата, ваљда сакаше да види дали ќе фати. И кога помина викам ќе му дадам штом станеме. Јок бе, само што седнавме на маса „Јас ти го платив ручекот, знаеш“. Викам еве ти, на, со измиени раце сега пари ќе фаќам за да ти дадам И бегај им од точаците. И патат од препотентност. Холандија најдобра држава е на светот. Таму ништо лошо не се случува. Им викам ќе бегам јас, ова со коронава ќе загусти. Да се прибирам додека е со време. Случаи скокааат како луди, им викам сите држави задолжителна самоизолација воведоа од Холадија кога идеш тие одговараат со „Холандија? Не бе, нема шанси. Холандија е ова. Што мислиш ти. “ И така, на слетување од фамозната Холандија завршив во самоизолација... Оти „Холандија е ова, што мислиш ти“. Уште 900 студенти од Гронинген на скијање во Италија отидени, и покрај препораките да не се оди во Италија. На крај кога ги депортираа ги пофали владата „многу послушни биле и соработувале со властите цело време“. Тоа што се усраа и отидоа кога им рекоа да не одат, нема врска. Битно од кога им помина одморот убаво и мирно се вратија. И тоа имам јас за Холандија да кажам. Тотален културен шок и желба да живеам таму сосема отидена у курац
Холндија е првата земја која успеа да направи да нема повеќе ниту едно бездомно животно на улица, во 2019. Само зборнете со холанѓанец на тема животни
Ахахахх е па ти сеа... Тек за бегалците ставот да им го знаеш порано имале посебна пин картичка за ситни плаќања, а посебна дебитна. Па tikkie и слични срања... Па " we are going dutch" во кафана А за скијањето, не можат тука да скијаат, немамо ридове и планине Себични си се, ама имаат одговорност кон опШеството..сеа не сите наравно, мафија има и е triving, фала на прашање.. Тешко те примаат во нивен круг, ама кога ќе влезеш, ок се... Данокот. Ох. Да. Не. Почнувам. Посебен данок за браните. Ама иначе ќе е потопена цела земја. Мк да беше- ма какви брани дај стаи од тоа еФтиниО песок..оп морето жглап копното... Мене ми е фајн, ама знам луге што ја мразат а ЖИВЕАТ тука шта речи...