Живеев кратко ама слатко, иако во соседна земја, таму дефинитвно се пронајдов себеси, никогаш пред тоа не сум се сум се одвоила од дома, но таман се привикнав морав да се вратам Назад. Кога се вратив паднав во голема депресија по цели денови плачев и сеуште не можам да заборавам. Зеленило, природа насекаде, просто убавини ...
Срамота е лажеш и крадеш. Никој не се родил учен и не секој имал мајка да научи. Жално е твоео преосудувачко мислење. Би требало да се засрамиш да покажеш прст кон некого само затоа што не знаел да пере.
Некој не може да научи дека нема мајка, некој не може да научи баш пошо има мајка и така Дечкото не рече дека не научил затоа што немал мајка, туку затоа што го разгалувале и не му дозволувале ниту да зачисти ниту да плати сметка.
Можеби навистина е такво дугмето ама во Германија јас мислев дека е за тоа ама испадна дека тоа било само за кога ќе се смени зелено да има звук. Не знам, можеби за слепите лица е. Инаку и без да го стиснеш се менува семафорот ама ако го стиснеш има звук, тон кога ќе се смени зелено.
Би додала и дека сакам да избегам од тука поради вакви срања https://glamur.mk/татко-и-син-од-македонија-станаа-хит/
Не ми е за "хитот", туку за тоа како се упропастуваат децата. Ова е реално, немаше ни потреба од видео. Утре твоите деца ќе одат заедно во градинка и на училиште со вака "воспитани" деца. Наместо да му купи книги, да му купи атлас, заедно да учи со него, или да му пушти нејшнал џеографик и слично, тој му го покажува мевот на детето и ново научениот потег со лупање на маса. Подобро да му дал мотика и да го снима како копа во бавча.
И мене перењето ми беше голем проблем, а маза мамина никако не сум. Некои стварчиња кои се за перење на рака, тотален дибидус сум. Ме переше другарката. Ама ова сигурно не би го сместила у еден од разлози зошто не би живеела у странство.
Во денешно време на развиени технологии кога ако сакаш ќе пребараш и научиш, смешно и жално е да НЕ САКАШ да научиш и примениш некои нешта во животот, чисто да си го олесниш и подобриш тој твој живот. Веќе пишав, сум живеела кратко во странство и не тече само мед и млеко, има се и сешто. Затоа треба да знаеш што сакаш и колку си способна и спремна да дадеш од себе за да успееш. Како и тука секојдневно вложување во себе и постојан развој, следење на новитети, само што тоа тука и таму е многу поинаку валоризирано и финансиски и како поим. Сепак и таму си има многу трошоци, ама има и задоволство од тоа да напредуваш и да ти е праведно вреднувано тоа.
Една година живеев. Очекував подобар систем и повеќе опции генерално а се чуствував многу поограничено отколку кај нас. Луѓето се спори, кај нас сум научена на брза услуга, навидум ситница а уствари у секојдневен живот знае многу да нервира. Имигрантите од Азија исто многу ми сметаа, не сум расист но имаат многу лошо однесување и некултура која ја не можам да ја толерирам.