Најубаво ми вади тој од Галафарм, и еден од ДМ не знам како се викаше е добар ама поскапичок е, нема потреба кога и другиов вади. Моментално имам еден од Грчка што го донесов, вади преубаво ама луѓе немате видено такво одвратно смрдење. На брат ми обичниот ацетон му смрдеше, да го видам сега со овој. А најтрагичното е што очигледно требало да мириса на овошје, а ова смрди ли смрди, ама не можам да ви опишам како.
Најдобар до сега,дефинитивно.Пошто најчесто се лакирам со бордо,тегет,лилаков и црн лак,до сега најдобро се покажал,а сум пробала доста ацетони.Има и како пумпица горе,а и многу убаво мириса,првпат да ми се допадне мирис на ацетон,обично ми се одвратни.Го купив од ДМ,околу 80 и нешто денари. Прекрасен!
Јас го користам тој од кам веќе со години. Многу убаво ми го вади лакот од ноктите, цената му е ок, така да не планирам да го менувам скоро.
Женски, изгледа во КАм ги нема веќе тие на La ligne, сеа имаат нов донесено, и вика дека не содржи ацетон, а башка и многу убаво мириса. Германско производство стандард, нова амбалажа, исто како ebelin од ДМ, со пумпица е...
Добро ги вади темните лакови или уште немаш пробано? Интересно изгледа, ете би го пробала откако ќе ја завршам цела залиха од оној дугиот отстранувач од Кам. Не знам колку шишенца купив, многу ми одговара.
Јас го имам.Но не е како претходниот од кам што беше .Црвениот лак мн тешко ми го вадеше,потрошив неколку тупфери.Но има практична амбалажа.За разлика од другиот овој неможе толку лесно да се истури
Па не знам за потемни, јас исто така црвен бришев, и немам некоја замерка оти пак со црвен се лакирав Цел живот од кам купувам ацетони' и не можам да направам споредба со други производители... еве ако има некој нека сподели, јас сум задоволна,
Само што го сефтосав овој новиот од Кам и дојдов да се пожалам. 20 мин бришев бел лак, мн лошо тече, потрошив ептен памукчиња, тапа. Пола ацетон ми истече во празно. Од утре ќе барам нов, налик на стариот од Кам, најдобар беше.