Зедов ваков ацетон и да ви кажам дека сум презадоволна. Имам користено и поскапи ацетони али не се покажале како овој. Дали беше до тоа што бришев со влажна марамица или не, ама ацетонов има голема 10ка од мене. Го зедов 35 денари
точно не ми текнува од која марка е мојот бидејќи го потрошив сеа немам купено треба да си купам но неммат донесено иначе е многу убав но само мирисот не е пријатен
Кога сме кај ацетони, овој од ДМ дефинитивно е најдобар што сум го користела. Маслен отстранувач е всушност и одлично го вади лакот, брзопотезно и без размачкување. Јас обично ставам два слоја и одозгора top coat, со обичен ацетон не се отстранува така лесно, со ова брзо се брише.
Најмногу сум задоволна од Афродита со кокос, толку многу не ми ги уништува ноктите, се лупат ама не како претходно. Се надевам ќе најдам некој подобар и од овој. Имав многу цврсти нокти, на толку витамини што ми се случува со нив не знам.
Одличен е. Го земав многу евтино од КАМ. Не мириса тешко како ацетон, напротив има некоја убава арома, лакот го вади многу убави. И тешки нијанси како црна, темно црвена ги вади без проблем, без да ги размачкува прстите околу ноктот. Многу ме изненади квалитетот на производов, за тие пари повеќе од што очекував дефинитивно. И не ми се кршат ноктите откако го користам, не знам дали е до него баш или случајност ама забележав разлика.