Отстранување на бемки од тело

Дискусија во 'Тело' започната од blue.rose, 23 април 2010.

  1. blue.rose

    blue.rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    28
    Имам 3 бенки на грбот кои ми сметаат. Прво ми влијаат на самодовербата и постојано ја носам косата пуштена кога носам облека со гол грб за да ги покријам и второ ми е страв да не прераснат во опасни.

    Сакам да преземам нешто, но немам доволно информација. Знам дека може да се отстранат со горење со ласер или по хируршки пат.

    Имало и луѓе кои сами правеле креми со кои се мачкаш и паѓале, но на такви не им верувам, затоа што ако не се извадат правилно може и да направат проблем.

    Какво е вашето искуство? Има ли некој кој што си извадил бенки? Каде, колку пари е и дали му останале лузни? Секаква информација ќе ми помогне.
     
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    3.293
    Допаѓања:
    27.693
    Треба да одиш на дерамтолог, може во државна, а може и на приватно, има еден куп реклами за приватни дерматолошки ординации. Не би требало да станат опасни ако нема промени (ако не ти растат или менуваат боја).
    Белег дефинитивно останува, така што ако не ти се испакнати што знам дали вреди да ги отстрануваш, исто ти е, само наместо кафени, ќе имаш бели белези. Мислам дека белезите на сонце не е убаво да се изложуваат бидејќи во тој дел кожата е без пигменти.
     
  3. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Blue rose доколку си решена да ги вадиш, тогаш оди кај некој дерматолог и ќе ти објасни се што те интересира. Сепак размисли убаво дали сакаш да ги извадиш, затоа што после тоа како што ти кажа Ариел ќе имаш белези кои ќе треба да ги штитиш од сонце...
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.463
    Ако се испакнати тогаш можеш да ги поткачиш случајно и да стане опасно. Исто ако се повеќе се зголемуваат и тоа е опасно. А ако е на место кај што не се допира често или ако е рамна,неиспакната, тогаш не мора да се отсранува. Една моја другарка имаше на грбот баш кај прслукот кај што се закопчува и многу и сметаше и со тек на време стана поголема бенката а и повеќе пати ја имаше поткачено со рака. Отиде на дерматолог и два трипати ја гореа и потоа падна.
     
  5. babydoll

    babydoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    а што е со лузните имам мала лузна на коленото , одамна сакам да ја отстранам , дали знаете нешто повеќе околу тоа ? благодарам однапред :)
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    немој да избрзуваш да ги вадиш, доколку не се стварно сериозни и имаш потреба.
    во моето смејство сите сме така бемкави, јас со секое појавување на сонце добивам по некоја ситна бемкичка.
    сестра ми на пр. имаше една што сакаше да ја извади и беше кај Анчевски, ја советуваше да не ја вади затоа што не и пречи и не е сериозен проблем. сепак, консултирај се до дерматолог.
    и немој да дозволиш нешто такво да ти ја руши самодовербата.
     
  7. plavusaaa

    plavusaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    43
    а јас пак имам една испакната малечка бемка на грбот од страна а околу бемката имам и една голема кафена дамка како белег :^) ама ич не сум заприметила дали тоа дамката одоколу ја имам одсекогаш или ми се има појавено последниве години.. пред некое време ја приметив :lol:
     
  8. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Јас немам дел од телото кај што немам бенки, не сум за вадење тоа е знак на Убавина :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    и јас сум прилично бенкава, со секое излегување на сонце ми се појавуваат. Не сакам да ги вада, освен една која што ми фати око, а е малку поднадуена. За тие мора да се посети дерматолог.
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.542
    Јас имам над и под устата :@ Толку многу ме вадат од такт и никогаш не сум ги сакала. Ќе ги тргнам некогаш во животов па што сака нека е!
     
    На Good.Girl. и Alesii им се допаѓа ова.
  11. KroKle

    KroKle Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    јас имав бенка позади ушето и еднаш една другарка малку ме поткачи и бенката ми беше малку отчепена и понекогаш ме многу печеше,неможев да го поднесам тоа печење ужасно беше....после некое време се јавивме кај еден доктор инотидов кај негода ми ја отстрани мислам дека ми зема 500 денари не сум баш сигурна оти таткоми плакаше ,отстранувањето не болеше ич,се мачкав некое време сојод и после 3 недели сама ми падна...поззз
     
  12. gloryengland

    gloryengland Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    mi se pojavi edna benka na celoto neznam moze pred 2-3 god ali znam deka od ragjanje ja neam..i sea mala e taka temo kafejava mazna kako pod koza i mn se nerviram nemozam da ja gleam postojano ja pokrivam so pudri...ne sum zabelezala da raste ili da se menuva no ja nemav od porano i sakam da ja izvadam.majka mi i povekje lugje me sovetuvaa da ne ja cepkam zosto moze da se komplicira no jas sum resena da ja izvadam zatoa sto mi ja namaluva samodoverbata i ne mi izglea ubavo na celoto e bas! dali ima nekoj iskustvo od vadenje na takva benka i dali e opasno? dajte nekoj sovet
     
  13. Neskrotliva

    Neskrotliva Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2009
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    5
    Pа еве крокле пишала дека им а отстранувано бенка а исто така имам и јас ама мислам дека бенката треба да ти е испапчена за да ја отстраниш мене ми сметаше и затоа ја отстранив и јас имам полно бенки по рацете ама баш ми е супер не ми сметаат ( не се испапчени) имам една на стомакот веднаш до папокот од десна страна ми е малку е испапчена и една на половина оваа е малку поголема ама мене не ми сметаат ,не чуствувам никаков срам.....Па нели бенките биле ЗНАК НА ЛЕПОТА !!! :D .....Хахаха позз...
     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски

    и јас ја имам таа до папокот :D
    инаку вистина е дека треба да биде малку испапчена, за да може да се отстрани, инаку ако е мала и површинска неможе.
    И јас имам многу и тоа на лицето , не ми сметаат воопшто.
     
  15. gloryengland

    gloryengland Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    abe da se povekje sitni nema ni mene da mi smetaat ali ova e edno gadno malo tockice koa se pojavi bez potreba :D i ne mi preci ali ne izglea ubavo..benkite tocno deka se znak lepota ali ne na bilo koe mesto ako gi imas :D a inace zaso da nemoze da se izvadi ako e povrsinska? nemoze toa so laser ????
     
  16. Zocuska

    Zocuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    1


    jas ne bi te sovetuvala da otstranuvas benki... baba mi imase otstranuvano iii uspesno i bese... jas sum medicinsko lice i ti velam nemas gajle zivejsi so niv. a zosto e to taka sega ke ti objasnam...ima benki koi se stetni poednostavno kazano se maligni
     
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    па можеби може, ама искрено не би те советувала. Како прво таа интервенција чини многу, а и скептична сум во врска ласер на лице,некако не ми е баш сигурно :^) Можеби треба да се навикнеш на бенката, и готово , ќе си ја носиш со гордост ;)
     
  18. chica.bomb

    chica.bomb Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    37
    Отстранување на бенки

    Имам две големи бенки на лицето, на носот и веднаш под носот. Вторава е далеку подобра, не би ја вадела, меѓутоа таа на носот ме иритира, луѓе ќе ме видат и реакцијата е: еееј, си стаила пирс? оо не.

    Сакам да ја извадам, иако е опасно.
    Совети?
     
  19. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    313
    Отстранување на бенки

    Како да спречам да ми се појавуваат темни дамки на лицето??? Совет?
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Отстранување на бенки

    Тоа се дамки, или бенки?!
    Зошто ако се дамки , веројатно може со некоја крема.
    А ако се бенки, тогаш едниствен услов е да не се изложуваш на сонце, на зрачење итн.
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.