Внимавај зошто од отстранување на бенки можеш карцином да добиеш внимавај бенките се природно нешто!! *мал совет
Имам бемка под пазувите, цело време се плашам да не ја чепнам со бикче. Сега чувствувам и малку болка. Се плашам да ја отстранам, се плашам и да ја оставам да не ми направи проблем... Не знам колку е безбедно и тоа отстранување бемки? Совет ? И некој добар дерматолог?
Со течен азот само површинскиот дел од бемката отпаѓа, и постои можност пак да почне да расте. А хируршки се засекува длабински и се отстранува и коренот.
1 година помина и нема никаква нова бемка Не знам колку е можноста нова бемка да порасне на истото место , но со горењево со течен азот мене ми исуши и корен и бемка , а стануваше збор за бемки од 1,5 см и ризични . Јас сум презадоволна
Дај боже да ти биде све Ок, јас само пренесувам тоа што ми беше кажано на лекар пред и јас да отстранам голем младеж.
Еднаш и ставив паста за заби, и ми ја изгоре самата, ама џабе пак ми порасна за две недели. Многу ми смета, и не знам што да направам за да ми се изгуби.
Не, не прочитав од интернет, него знам дека пастата ги гори некои работи, па си реков да пробам, и успеа Ова ми беше прв и последен пат што сум пробала самата
И добро ли работат таму? Задоволна си? Страв ми е по државниве да не не сработат како што треба. И дали се сеќаваш колку плати за операцијата?
Да, све беше најнормално, лузната речиси и да не се гледа. Платив партиципација само, околу 300ден. Се оди на закажан термин на операција но се чека надвор во амбулантата, еден по еден викаат.
Закажав хируршко отстранување на бемка во државна болница кај др. Елизабета Жоговска, па ќе видам што ќе биде. Ме фаќа страв...
И што ти покажаа резултатите од патологија? И јас закажав операција на бемка на лицето на која имам премногу влакна,па поради тоа решив и да ја отстранам. Инаку закажав во државна болница на хирургија и се надевам си ја знаат работата и дека се ќе биде во ред. Пред да одам на хирург бев само кај еден дерматолог кој само кратко ја ѕирна со едно апаратче а не компјутерски некако и ми кажа дека не е опасна ама ќе отидам и кај друг да ја провери за посигурно