Да сум остранала , во државна , со течен азот , и тоа две бемки ризични по 1,5 см големи и едната беше на лицево
Здраво! Дали би можела да ми кажеш како се одвиваше процедурата на закажување, колку отприлика се чека на таков зафат во државна? И ако веќе ја направи, како помина? Фала однапред!
Прво бев кај матичниот општ лекар и тој ме прати кај дерматолог каде ми ја провери бемката и потоа дерматологот ми закажа преглед во државна болница. Таму ми закажаа отстранување после еден месец. Сеуште немам појдено на операција.
Здраво! Може некој да ми каже како оди хируршкото одстранување на бемка во државна болница и колку време се чека после за резултатите од патологија? Исто, дали се посигурни резултатите од патологија од државна болница или од Хистолаб? Наредната недела треба да одам во државна за одстранување на една бемка на раката, и дерматологот ми има кажано да ја дадам бемката на проверка во Хистолаб, но сепак би сакала да знам дали има некој искуство од двете лаборатории и која е посигурна и колку чини биопсијата (проверката) во едната или другата. Благодарам однапред.
Денес ја извадив бемката на лицето и за резултати ми рекоја по 2 месеци. Само сега чувствувам болка на местото. Некој совет какво апче да се напијам или нешто друго да направам
@little.doll, пиј Rapidol S. Јас кога вадев бемка (исто хируршки, со шиење) Рапидолот ми ги пресече болките, инаку мислев дека сум готова
Здраво. Пред двамесеци извадов бемка хируршки и сега месотото сеуште ми е црвено и чувствувам како некое топче имам под кожата и ме боли. Можно ли е повторно да се појави бемка? Што ли е ?
Ако не сакате да подлегнете на медицински процедури, може да пробате ефикасно отстранување на бемки со билки или други природни средства. Испробајте го третманот со рачки од глуварче. Во пролетта, кога глуварчето цвета, а сега му е екот на сезоната тоа пушта млеко. Соберете неколку стапчиња, пресувајте ги и соберете го млекото кое ќе го пуштат. Нанесувајтна бемката со млечниот сок секој ден и до три недели ќе забележите како тие почнуваат да се намалуваат и исчезнуваат. Друг многу ефикасен начин за отстранување на бемки е со помош на 50 грама восок и 30 грама прополис. Растопете ги двете состојки во водена бања и кон нив додајте го сокот од еден лимон. Во уште топлота мешавина потопете парченце ткаенина, по можност памук, почекајте малку да се излади и се ставете врз бемката да отстои околу половина час. Ако по четири дена таа се уште е таму, повторете ја постапката повторно. Осигурете се сами колку лесно и ефикасно може да биде отстранување на бемки со билки и други природни средства. http://faktor.mk/gluvarche-ili-prop...uvarche-ili-propolis-za-otstranuvane-na-bemki
Не си играјте со вакви работи !!! Можи да ја "измалтетирате" бемката и да се претвори во најлошото !! Мене ми ја гореа бемката на лицето со течен азот на доктор и се беше успешно.
Здраво. Имам закажано отстранување на бемка на препони на 30ти мај. Како оди процедурата ,дали после тоа боли, дали ќе можам да се движам нормално? Инаку бемката е испакната и се држи на да речеме 2 мм кожа.
Контакт телефон од докторот ќе може или некое инфо? Во Тетово или Скопје со кои козметички студија соработува?
Здраво, не знам дали сум на правото место ама имам прашање, пред година дена ми се појавија две висечки најверојатно бемки на задникот. Едната порасна повеќе од другата. Всушност се си мислам дека со тек на време повеќе се зголемуваат. Забележав дека некој ден се меки како пликови и висат како на конче а некој ден се тврди и цврсти и се осеќаат и при седење. Дали сте имале вакви слични? Немам отидено на лекар затоа што ми беше глупо поради местото на кое се израснати, но денес забележав големо црвенило и испакнатост на едната бемка/брадавица ќе поставам и слика и би сакала да слушнам ваше мислење, совет а и искуство од добар лекар каде можам конечно да се прегледам.
Не ми изгледаат овие како бемки.... Зошто не отидеш на доктор и да ти каже што е ова ... Јас имам искуство со бемки , и ми ги гореа и ми паднаа