Имам бемка под пазувите откога знам за мене, сабајлево бричејки се ја потфатив со бикот и како да потфатив мал дел, многу сум исплашена понеделник секако ќе одам на доктор. А во моментот и дојам, не знам дали би можела да ја извадам
Zdravo imam bemka kaj kolenoto period e cista period se polni so krv i sve taka veke podolgo vreme... sto bi mozelo da bide
Најдобро да си отидеш на преглед кај дерматолог, ќе ти ја види со дерматоскоп и ќе ти даде совет за понатаму.
Zdravo imam mladez na grbot uste od mala. Posle nekoe vreme mi se pojavi i druga pomala. E sega vidov mi iskocila use edna mn pomala od drugite ama kako da me boli mestoto. Vaka ke dopram ne me boli ama kako mestoto okolu me boli. Isto taka ukocena sum.cela. se plasam da ne imam rak. Se plasam da odam na lekar da ne mi kazat posleden stadium. Moze li da e toa normalno sto me boli ? Ne me boli mn i ne me boli celo vereme. Posle lezenje posle nekoe mrdanje. Ve molam malku utesete me
Те молам оди на доктор и не се стресувај. Има милион случаи на нови бемки па не се рак. И сигурно нема да ти кажат последен стадиум. За последен стадиум ќе имаше многу други симптоми. Веројатно е само обична бемка. Оди на доктор.
Нормално е да реагира кожата и да чувствуваш било што, кожата се обновува, има дразби.. Сепак закажи си еден преглед на дерматолог со дермоскоп и мирна глава. Мене неколку пати така ме имаат извадено од памет моите бемки (на пример приметувам пораснале или ме пецка/боли) и секогаш со страв одам ама се трудам да е редовно..
Некој што во последниов период вадел бемка кај Анчевски да сподели искуство, Исто така ако има некој подобар доктор кај што сте биле слободно споделувајте искуства. А каде го правеше зафатот?
Јас имам малечка ама темна над устата. Рамна е ама тешко се покрива со пудра и секогаш ѕирка. Ми смета сакам да ја тргнам зошто очите само во неа ми одат. Имам и на образ ама таа секси ми е. Кај е најдобро да ја извадам па макар и лузна да ми седи само црно да не е?
Здраво Дали се сеќаваш колку ти зема? Ми треба мислење за Јасмина Ѓорѓиевска и Маргарита Пенева, кој е подобар од овие два доктори и дали некој имал искуство со некој од нив да сподели
На времето работеше еден Борче во Скопје, веќе долги години го наследија роберт и син му александар. Доколку некој знае, би била благодарна да сподели контакт информации каде можам да ги најдам.
Дали ова е страшно нешто или не? Се скина малце, нема крв и не боли, од доктор пред некое време е кажано дека не е страшна таа бенка и нема потреба од отстранување. Сега со ситуацијава треба да закажиш прво, но до тогаш да не ми е во мисла ако некој знае нека каже. Фала ви
Дали и каде можат да ми извадат бемка која само смета, а не е опасна? Имам една што цело време ја закачувам со облека и боли кога ќе ја подзакачам. Па сакам да ја тргнам ако е можно.
Најдобро е да си закажеш на дерматолог, особено затоа што имаш повреда. Бемки отстранува пластичен хирург. Особено за бемки што се изложени на траума, се препорачува да се отстранат.
За вадење? Јас во градска вадев, ако ти е итно. Отидов без упат, само усно закажана, почекав малку повеќе, ама ме примија и одма ја извадија.
Како е процедурата прво ја проверуваат каков тип е или прво ја вадат па патологија? Имам една на грб поголема, нонстоп ја пазам, неколку пати поткината ми е мислам на конец се држи. Ми е страв да одам.
Кај мене беше обична бемка во ниво на кожа, пред вадењето почна красти да прави. Иначе скоро ми се појави, ја следев некое време кај Анчевски со дермоскопија, ми предложија да ја вадам. После вадењето се носи на патохистолошки анализи, кај мене тоа само ја потврди дијагнозата што ја дадоа двете докторки. Не е опасна, ама ќе се ширеше ако ја оставев. Вака раат сум. Ако ти е за интервенцијата, не боли воопшто. Со локална анестезија ништо не се осеќа, осеќав само тегнење, малку погруба беше докторката. Ама прилично голем дел од кожата и ткивото одоздола отстрани, иако бемката беше четвртина од мало нокте. Мислев дека после интервенцијата ќе ме боли многу, ама не, се издржуваше. Се пие антибиотик, на контрола после десет дена, раната не се мокри, конците не ми ги вадеа, се ресорбираа сами.
За вадење, да. А како усно договори? Јас на клиника сакам да одам. Зедов упат, ама не знам дали после тоа пак ќе чекам да ме закажат.