Дали некоја го има бројот на др. Боро Стојков што вади бемки со премачкување? Од св.николе е, доаѓа во Скопје, порано имаше ординација во кулите лево одма после железничка
Јас правев, кај д-р Тања Бурјаковска кај Анчевски. Мислам дека 2200 беше со се прегледот. Ама баш и не се сеќавам дали точно толку ми зеде првиот пат, после одев само за контроли, мислам дека 1000 денари ми наплаќаа.
Имам бемка на лицето веднаш до носот, приметив дека со тек на време се зголемува. Препорака за доктор каде да ја испитам и да ја вадам, во Скопје?
Јас бев на дермоскопија во Дермаестетик, откако ќе ја прегледа докторката ќе каже дали треба да се вади.
По грешка од што мислев дека е бубулица на грбот си расчепкав една мала бемка, не ја скинав. што да правам дали треба нешто да ја мачкам или самата ќе се повлече?
Здраво девојки, имам бемка на носот, сакам да ја извадам бидејќи страшно ме нервира, ми ја прегледа дерматолог рече не е ризична и сл но јас поради естетски причини сакам да ја отстранам. Може да ми препорачате кај кој доктор имате вадено, како сте задоволни, колку чини итн?
Јавете се на телефон и прашајте за цена. И на клиника се плаќа 1250 денари плус за биопсијата доколку сакате да биде побрзо и платите приватно.
Здраво дали можи некоја што во скоро време вадела бемки да ми кажи искуство и предлог за болница и доктор. Имам 2 бемки што многу ми сметаат бев на кожно ми рекоја демек не биле опасни но подобро да ги извадам да не ми сметаат оти постојано ќе треба да ги следам. На многу незгодно место ми се, со кекој раб од блуза ми се загаќаат...