Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отстранување на бемки од тело

Дискусија во 'Тело' започната од blue.rose, 23 април 2010.

  1. jojjo135

    jojjo135 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дали знаеш како се со цените? Преглед колку чини, вадење бемка?
     
    На elimkd и Ladyinblackkk им се допаѓа ова.
  2. Ladyinblackkk

    Ladyinblackkk Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2020
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Има некој искуство со Дермаплус кај Др. Коста за отстранување на бемки? Јас конкретно за лице прашувам, не знам дали кај него или Др. Анчевски..
     
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Пред околу 2,5години ме прегледа констстира дека не е опасна и веднаш следуваше интервенција платив 3.100ден
    Имам пишувано тука на темава
     
    На jojjo135 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    Мене ми побараа 250 евра за една мала бемка. На грб, не ми беше битно да нема лузна. Ласерски не можеше, мораше класичен рез. Си отидов во градска болница, за 1250 денари завршив работа.
     
    На Alex.T му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    јас го кажав точно моето искуство и тоа стануваше збор за огромна бемка во големина на прстен на стомак што мислам дека не игра улога големината зошто и свекрва ми вадеше во близина на окото, таа сума што ја пишаа воопшто не ми е за верување, 250е за бемка...
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    Така ми кажа докторката, и јас се изненадив. Ама во таа цена освен хирургот пластичар на повик, беа вклучени и анализите, пошто мораше да се прават хистопатолошки анализи. Небитно, завршена е веќе работата.
     
  7. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Може не велам не, битно се во ред завршило
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.539
    Пол:
    Женски
    Јас имам, но испадна не е бемка, туку некаква вирусна лезија. Отидов зошто ми се повреди при бањање и ми беше страв. Ми ја испрска со азот, по некое време си падна . Требаше да одам на контрола, не отидов бидејќи ми падна по некои си десет дена. Илјада денари или илјада и петсто ми зема. Инаку бев баш кај докторот, не кај другите вработени доктори. За бемка не знам која би била цената.
     
    На Ladyinblackkk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.886
    Пол:
    Женски
    Јас сум малку загрижена. Имам бемка помеѓу градите. Од секогаш ја имав, но при крај на бременоста некако порасна и е испакната.. А не беше воопшто. Чудна форма е како со ситни меурчиња. Еве веќе 14-15 месеци е таква. Го прашав општ матичен лекар, вика не изгледа како да е нешто страшно, да почекам па ќе видиме. На дерматолог ли треба да одам за проверка?
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    Бемките се менуваат во бременоста. Повеќе се испакнуваат, може и да се зголемат. Може и да се појават нови бемки, на места каде што си ги немала претходно.
    Веќе постоечките бемки обично за некое време после породување се враќаат во нормала.

    Ако ти е на мисла дали има нешто, направи си дермоскопија, да си бидеш раат.
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Economylover998

    Economylover998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Каде е најдобро да се направи дермоскопија? Дали некој правел во Санте моментално имаат промоција?
     
  12. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Каде можам да испитам бемки?
    Имам една што многу ме загрижува…
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    Дермоскопија да направиш. На кожно, или пак хирург пластичар да те види. Секако после вадењето оди на патологија за испитување.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.865
    Допаѓања:
    5.204
    Пол:
    Женски
    Имам бемка која ми се наоѓа на грбот и постојано ми се допира на прерамките и ми пречи, па сакам да ја извадам. Каде ми препорачувате да одам и колку би ме чинело?
     
  15. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    На Клиника за пластична хирургија, 1500 денари со упат.
     
    На Elence93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    3.268
    Јас имав две такви што ги закачував на прслук и ланче. Бев во Промедика ме извадија од памет, вадење со сечење, операција. После тоа ме пратија кај Коста во дермаплус, ми кажа дека не се опасни туку површински и ми ги изгоре за 10 минути. За два дена зарасна. Ме чинеше некаде 1000-1500 од преглед + вадење.
     
    На carly j, Alex.T и Elence93 им се допаѓа ова.
  17. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Дали некој има вадено црвени ангиоми? Ми се направија во последно поради оштетување на кожата и сакам да ги отстранам. Дали некој знае цени? Има искуство?
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Дали имате искуство со отстранување на младежи? Или постои некој домашен лек?
     
  19. carly j

    carly j Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2017
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    342
    Дали е таа цената за една или повеќе? Јас имам премногу што ги закачувам на грбот и страв ми е бидејќи неколку атипични имам.

    И дали е Дермаплус на приватно или и за таму треба некој упат?
     
  20. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    3.268
    Прегледот е за повеќе бемки, а вадење беше само на една. Јас приватно бев, мислам нема со упат. Има бројче можеш да се распрашаш, да не е нешто сменето во меѓувреме.
     
    На carly j му/ѝ се допаѓа ова.