За скрининг на бемки ја препорачувам др Камберовска. Има ординација на бул Кочо Рацин во Скопје. Не знам цена, одамна бевме таму...
Дали после вадење на бемка редовно се пие антибиотик или може без? Мојава е подоткачена, испакната и мислам дека многу лесно ќе ми ја извадат.
Се пие антибиотик, скоро секогаш, сепак има ризик од инфекција на раната. Иначе не ја вадат само бемката, и околна кожа вадат, па и дел од поткожно ткиво ако оди во длабочина. Јас кога вадев бемка беше една мала точка, како зрнце ориз, па ми ја исекоа кожата околу како триаголник, колку поголема монета и отидоа и во длабочина. Зависи и од местото, зависи и колку е длабоко коренот. Мојата беше површинска, рамна, ама имаше зафатено дел од поткожното ткиво, па мораше така да се сече. Башка мојава беше новопојавена бемка, немав претходно ништо на тоа место.
Немам струка за оваа тема но лично познавам подалечен братучед, отишол да си ја отстрани бемката и после некое време починал поради тоа. Не си играјте со здравјето, тоа ви е најбитно, не треба бемките да бидат табу и да не прават да немаме само доверба
Не починал од вадењето, најверојатно се работело за карцином, многу веројатно меланом. Не е тоа табу или немање самодоверба, туку некои бемки едноставно мора да се извадат. Или се на лошо место каде што постојано се закачуваат и оштетуваат, или претрпеле некои промени кои водат кон малигнитет и е пожелно да се отстранат со време.
Имам мала бемка на носот површински рамна е и сакам да ја отстранам, ми ја видоа во државна докторот ми кажа дека може да се вади само со операција. Па ме интересира каква лузна останува и ако може да сподели некој слично искуство.
Не разбираат, а и знам за кој збориш (мислам) иако има повеке случаи. Има акупунктурни точки, ако се погодат да е врска (индиректна) со мозокот/кичмата/нервниот/мрежа главна (доктори знаат само нерви) и кога ке се елиминира контактот е исто како жица од миксер да си извадил (и престанува). Има метода: микронизиран цинк во шприц се убризгува во центарот, и се мачка со исто, за кратко време се балансира со другиот дел на ткивата. Цинкот е секогаш бел (и да го изгориш со лет-ламба пожолтува малку за неколку секунди после пак е бел). Цинкот ја регулира влажноста, размена на материи, комуникации нерви, имунитет на клетките и ткивата.
Бев на дерматолог за една бемка таа испадна ок сега докторката ми рче друга требало да се проследи за 3 месеци да види дали имало промена, како сомнителна , незнаела претходно каква била .. имам многу по телото , значи душа немам , јас сама неможам да кажам на грб ми е и незнам ни каква е била точно и сеа само на тоа мислам и си правам лоши филмови ...
Не се секирај и мене така ме имаат враќано. Штом се следи ќе биде во ред. И да има нешто ќе се фати на време и ќе се отстрани Дали знаете која е цената за вадење на бемка во државна?
Спојлер Преска додека се туширав ја приметив оваа бемка/израсток незнам ни јас што е. Претходно немав ништо. Дали е нешто опасно и дали може да се острани безбедно? Некој искуство?
Вака не изгледа страшна, но ние не сме доктори, оди на кожен за мирно да спиеш, јас изгорев над 10 бемки до сега ништо страшно
Целосен преглед на сите бенки каде прават и колку чини? Бев на државно но таму те брзаат и само една бенка имаат време да видат (а јас имам 100+), па после и само една да извадат. А јас сум хипохондрик, па...
Каде беше на државно? Јас правев годишни прегледи кај доктор Зорица Милошевска во Букурешт и супер беше докторката, сите бемки ги гледа една по една ( и јас имам премногу). Лани поради една сомнителна ме прати на државна и таму сум кај доктор Силвија Дума и исто сум многу задоволна. Сега ќе продолжам со годишни прегледи таму зошто ми ги сликаше со некој апарат и ми изгледа се посовремено. Пробај да закажеш кај неа, лесно се наоѓа термин. За џабе само ќе ги дадеш парите на приватно.
Кај Елизабета со-две-презимиња на државно. А за термин со месеци чекав кај неа, за друга не ни знаев зашто не сум од Скопје и не се разбирам.
Епа види кај матичната за некоја од овие докторки. Мене кога и да ми закажува буквално за следниот ден има термин.
Во Жан мж Митрев имало апарат што прави скрининг на бемки на сите одеднш,,но ако не се лажам 500 евра било со попуст во мај онака уште поскапо
A ti sakas li da ja otstranis benkata ili samo da ja sledis... I jas sakam da otstranam dve no mnogu se plasam...
Doktorkata Silvija duma raboti vo drzavna ili e privatna jas odam kaj ancevski za pregled na benki isto so dermoskop gi pregleduvaat no mnogu e skapo 2200 den za edna benka sekoja dopolnitelna plus se doplaka a imam mnogu.. vas taa sto vi bese somnitelna sto napravivte samo ja sledite ili ja otstranivte? Pozdrav