Jas nemam iskustvo so doktorot, no mislam deka e super I iskusen. Jas gi nosev sama vo histolab. Doktorot Sega raboti vo one hospital pa Ako ne e tajna kolku ti pobara za intervencijata?
Здраво, дали некој исто како мене има приметено дека после ласерска епилација му се имаат појавено повеќе бемки на кожата? И дали има нешто што би можело да се повлечат?
Kaj dr Kamberova e 2000 den, Kosta Cvetkovski 3000den taka nekako se dvizat cenite osven sistina sto e 5000den..
Здраво девојки, имам бемка на лицето која на почетокот беше обична мала бемка ама со тек на време почна да расте и сега ми е како испакнато топче и на врвот има мала бемка. Страшно ме нервира и ми смета затоа што е на лице, а и неколку пати по грешка ја имам поткачено и ми течеше крв. Слушнав дека постои опција да се горат со азот ама мојот општ матичен лекар ми збореше дека било опасно да се гори бемка со азот и најдобро е да се извади хируршки. Јас сум многу плашлива од операци, сечења и слично за да ја вадам хирурши, а поготово што ми е на лице ми е особено страв. Дали има некоја слично искуство со ваква бемка и како сте ја извадиле и дали можеби некој знае да ми препорача некој доктор или не знам некое место каде што горат со азот ама најпрво да прават испитување дали може да се гори? И уште едно прашање, дали боли горењето со азот?
Би ти препорачала пред да преземеш било каков чекор, да одиш на дерматолог да ти ја прегледа бемката. Ќе ти каже каков тип на бемка е, дали е ризична и што би можела да направиш. Инаку јас сум била кај повеќе дерматолози на преглед, последно одам кај доктор Камберова. Прочитај по темите, феминките препорачуваат и други дерматолози па види каде би ти одговарало да отидеш на преглед.
Мене од дерматолог ми е кажано дека бемка не може да расте, може да станала поголема ако се имаш здебелено и никаков азот, само хируршки! Би ти препорачала 8ми септември кај др Весна да идеш на преглед многу е стручна
Кај мене бемката стана испакната поточно како топче имам и на врвот на топчето има бемка, баш е чудно како ваква ми стана а беше сосема обична бемка. Инаку можеш ли да ми кажеш презиме на докторката или е таа една Весна само?