За отстранување за Даскалов имам слушнато, исто така дерматолог од мојот град ми препорача било кој пластичар од градска .. Инаку ги следам бемките кај Камберова и сум многу задоволна. Кај Анчевски имам вадено папиломи со тоа како пенкало што го рекламираа, ама ми остави многу јаки лузни на вратот, може пет години ми се регенерираше кожата и конечно ги снема. Објаснување од друг дерматолог (не од кај нив) ми е дека не е е до мојата кожа,туку процедурата била несоодветна и наместо да го пецне само горниот слој,тоа оштетува и втор/трет слој од кожата...така што моето искуство од таму е негативно за таков тип на проблем
Има ли кај неа дигитален дермоскоп? Другиве приватни бараат 50тина евра за преглед плус уште 20-30 евра за снимка ако сакам. Од Анчевски уште не добив одговор. А Систина/Ремедика/Жан Митрев верувам дека се изгор. Од државно ме осакатија минатиот пат, а бенките што сакам да ги вадам ми се на лицето. Не мислам да шетам како Франкештајн. Update: 250 евра кај Даскалов
Искрено не знам има ли диг.дермоскоп,ги слика со апарат и ги гледа на компјутер и плус ги гледа со некаква лупа сите.. преглед е 2000 ден
За отстранување ангиоми од каде сте задоволни? Дали после вадење ангиом може повеќе да се појават или не?
Ми извадија голем ангиом во Св. Наум Охридски, зимава. Зафатот ми го направи д-р Арџанова, ми отстрани и бемка и супер поминав. Дали ќе се појави пак, не се знае, ама сега раат носам отворена блуза, ептен беше грдо иначе
Здраво девојки, д-р Камберова никако не ми креваат за да закажам преглед. Имате ли друг контакт некој?
Мене докторката хируршки што ми го отстрани ангиомов, рече дека вака не би требало да се врати, а демек со течен азот се враќале.
Мене па ми е кажано обратно за една од моите бемки. Конкретно кај др. Тихомир во Дермаплус. Дека е таков тип на бемка - gloubular compound naevus, кој што е нормално да расте со тек на време и да не ме плаши. Но планирам да ја извадам за да не ја мислам. Има ли некој искуство со отстранување на бемки во Дермаплус? Исто, дали може да си побарам да биде извадена како меланом ( со дел од здраво ткиво ) или тоа мора да биде по препорака од доктор ?
На кој начин отстрануваат бемки во Дермаплус? Јас мислам најдобро е бемките да се отстранат хируршки, кај пластичен хирург. Најдобро е на преглед на одиш кај дерматолог, а потоа доколку решиш да ја вадиш, да се консултираш со пластичен хирург.
Искуства кај Анчевски? Сакам да отстранам две бемки на лице, не ми се ризикува било кај да го направам тоа ради лузните сепак за лице се работи… Исто така ме интересира за отстранување со радио бранови каков вид на бемки се отстрануваат со тоа?