Имам некои средни така што ме нервираат, не сакам воопшто да имам никакви Каде сте ги ваделе хирушки и колку чинело? Дали може да се вадат оние што се мазни со кожата? Како било вадењето и како после тоа, имало некој проблем или нешто, многу прашања знам, ама подобро да си прашам се што ми лежи отколку да се мислам И според мене мислам дека баш тие од државна болница не се преоптеретуваат со тебе и твојот проблем, после една операција во државна не би стапнала таму, а на приватниве им плакаш поскапо па подобра услуга ке добиеш
Прочитај малку поназад сите прашања ќе ви се одговорат, да не се повторуваме постојано, имаш одговор на сите прашања, само треба две три страни да разлисташ
Мислам дека не треба да ги рчкаш секој има бенки јас иам 5 на лице па не се секирам.еден другар на татко ми од естетски причини извади бенка и по некое време доби рак на кожата.Не срами се од бенките тие те прават уникатна
Бемките не секогаш се вадат од естетка причина, најчесто се работи за претпазливост, кај мене беше тоа, ризикот да ја поткачам и да направам проблем е многу поголем отколку да ја оставам. Затоа ја извадив, а дека под дифолт се појавува рак на кожа нема врска, како прво бемката иде на патологија каде се проверува, а дека може да настане компликации поголеми доголку се остави и касно се реагира е многу поверојатно од претходното.
Zdravo...vaka imam benka na glavata nad uvoto ,taka golemka e 4-5 mil nad kozata i e svetla,ne e ni crna ni kafeava..ja imam od odamna, e sea neznam dali raste (valjda ne) ..koga se ceslam malce smeta (ja potfakam)...da se isisam pokaratko se poznava i toa me nervira.....ke moze li nekoj da mi kaze nesto ako znae ,da mi preporaca nekoj doktor i od prilika kolku e cenata ?! (a i dali boli).......fala mnogu
Тие бемки кои се на ризично место се вадат по практика и без поголеми истражувања. Мојата беше на место каде се нафаќаат прерамките од прслукот и баш е незгодно. Исто е и со твојата, можеш да направиш дополнително проблем, да ја поткачиш со шишање, со чешлање и да ја разраниш а тоа е уште поопасно. Мој совет ти е доколку си од Скопје да си ја извадиш на Пластична хирургија во Хируршки центар. Јас со мојата до ден денес мака мачам, склона сум на создавање келуиди, па изгледа ко да имам пајак на деколтето, ама барем се отарасив, а планирам да извадам уште една, на едно уште понезгодно место, ама не се откажувам, оваа во иднина на пороѓај може да ми направи вистински проблеми, така да ќе ја извадам уште зимава.
Незнам дали се наследствени или не, али од страната на мама сите имаат големи бенки. Во таа бројка влегувам и јас Тетка ми (на мама сестрата) има две големи бенки од двете страни на градите, точно на меѓу градите и мишките, на абсолутно истите места имам и јас. Многу ми сметаат, особено кога сум со градник, прерамките ми се вртат околу бенките и ужасно ме нервира. И се разбира немам само таму. Имам на грбот неколку големи, на стомакот 2-3 и под мишките (и двете) и секој пат кога се депилирам вложувам посебно внимание на овој дел, кај што се бенките. Дури бев уште во Бугарија, пред 3-4 години бев на преглед за да ми ги види специалист. Гледаше ги со лупа и ми рече, дека тоа е доброкачествен тумор. Секоја една од нив е склонна да стане злокачествен ако не се пазам. Ми преписа само млеко за сонце, 50 фактор. Ми препорача да се мачкам со млекото дури кога одам до продавница ( ми се стори малце претерано, али ја послушав). Во нај жешките денови секогаш се мачкам, ама веќе ми е преку онаквото и сум се решила да ги отстранам. Посебно пролетта , пред да тргнеме за Охрид ја чепнав едната на грбот и ми падна притисокот, крвеше слабо, не ме болеше, но ми се вртеше. Одма појдов кај матичната (близо до дома е нејзиниот кабинет). Таа ми кажа, дека кога ке се решам, сама да и кажам и ќе ми помогни да ги отстраниме сите што ми сметаат. Таа самата имала бенка на устата, што ја премахнала и се гледа сосем одблизу мала лузничка. И се решив конечно во нај скоро време ќе го направам и со големо задоволство ќе им кажам бај бај
Кај ја вадеше сестра ти и колку ја кошташе? Јас исто сакам да извадам една на лицето не е голема милиметар дали е ама пусти страв да не ми остане лузна
Општи прашања Колку кошта ласерско отстранување на бемки и дали се врши само во приватните клиники или има негде и во државниве?
Зависи од кој град си, кај нас секој месец иде доктор од Скопје, во еден козметички салон и ги гори бенките за 500 денари.
Јас по хируршки пат пред 8 години имам извадено 2 бенки (едната на грбот и едната во долниот дел од стомакот) во исти ден.Операцијата беше со локална анестезија и за двете траеше одприлика 1 час.Не е ништо страшно,но се препорачува да се вадат бенки само ако навистина мораш да го направиш тоа ,а не бидејќи лично ти сакаш да ги извадиш !!! Местото се шие со неколку конци,се оди на контрола на неколку дена и од кога се вадат конците местото се мачка со Контратубекс (мислам така се викаше кремата)
Можеби глупо е, али ќе прашам - Дали постои некоја крема за избелување на тие површинските бемки ... ??!
Навистинаа ?!?! А каде може да се најде, и колку чини отприлика, и ако имаш искуство да ми кажиш нешто повеќе за неа ... Фалаа многууу ....
Да,да Јас ја најдов во парфимеријата „Тамара“ во Охрид, ама ич не ми текнува колку чинеше, само знам дека не е скапа Еве ти го бројчето што го пишува на пакувањето 070/22 50 14 и 3082 638
Фалаа ти мноогуу, мноогуу ... Сега несакам да те замарам со тоа далии и за колку време има резултати (и дали воопшто има) ... Сепаак ќе се обидам да ја побарам ... Акоо има резултати (прво, ако ја најдам), те чеестаммм, да знаеешш ...
Бенките можат и да се горат со течен азот, но НЕ секоја..Прво треба да се разгледа,па ќе ви кажат. Јас сега скоро пред 1 месец, со упат од матичен, бев во Румунска болница, на 2 пати ме гореа,и верувале или не платив само 80 денари Инаку бенките на вратот ми беа и ми сметаа бидејќи цело време ми се закачуваа на блузичките Но како што реков, со 2 горења, и за 2 недели ми паднаа И редактирам бидејќи заборавив да додадам.. Коренот на бенката НЕ се чепка со ова горење, затоа и не е опасно, туку само таа површински се отстранува, и најлоштото што може да се случи во овој случај е бенка пак да израсне на тоа место (но тоа и не е толку страшно )