Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отстранување на бемки од тело

Дискусија во 'Тело' започната од blue.rose, 23 април 2010.

  1. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Jas imam premnogu benki i po lice i po telo.Imam 2 na lice koi voopsto ne gi sakam i sakam da gi odstranam.Dali toa gorenje e bezbolno,dali ti ostanaa luzni,te molam objani mi podetalno,kaj koj doktor bese?
     
  2. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Дамки не ми останаа, малку само пецкаше, но тоа е нормално, се издржува.
    Инаку бев во Румунска Болница, со упат од матичен. Но прво кажи му на матичниот лекар да провери дали ќе можат да ти ги горат, бидејќи можно е да има и некои проблематични,затоа.
    А инаку ми земаа 80 денари само, најверојатно дека со упат бев. А приватно мислам дека е окоолу 500 денари од бенка, или зависи од големината, незнам како оди тоа.
    А инаку горењето со азот е всушност мачкање на бенката со една ладна течност, попросто кажано,тоа е тоа. По горењето бенките треба да се воспалат, и со секое наредно горење треба се повоспалени да се, за на крајот сами да паднат.
    Единствена лоша работа е што МАЛКУ ме болеше кожата на местото, но ми помина. :)
    И да напоменам уште еднаш, тоа е само површинско отстранување, и најлошото нешто што може да се појави како последица е бенка пак да се појави на тоа место поради тоа што коренот не е уништен, но така е посигурно бидејќи со операција и отстранување на коренот заедно со бенката, велат дека е опасно, незнам зошто и незнам што е лошото што може да произлезе од тоа, но ете, така сум слушнала.
    Но ова со азотот е подобра варијанта мислам дека, и многу се мали шансите за пак да ти израсне бенка на тоа место, мали се, но ги има. :)
     
  3. phoenix204

    phoenix204 Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    17
    Луѓе, јас имам многу бенки по рацете и нозете, и на лицето. Меѓутоа не се “надворешни“ туку како дамки. Има можност да се отстранат? :?:
     
  4. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Znaci tamu ne ti vrsat nekoe ispituanje,tuku maticniot treba da ti kaze dali moze ili ne da se odstrani?Samo uste nesto da te prasam se sekjavas kaj koj doktor bese?Ti blagodaram mnogu.
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.898
    Пол:
    Женски
    Напротив, површинското вадење на бемката е поопасно од длабинското, се вади коренот а на местото каде што се наоѓала останува само лузна, по 2 години телото “заборава“ дека имало бемка на тоа место и едноставно зараснува и толку, додека со површинското мачкање со течен азот коренот може да создаде реакција и да биде уште поопасно. Јас мојата што ја извадив не осеќам ништо, еве година дена поминува уште малку немам никаква мака, никакви воспаленија, никакви реакции, едноставно си зараснува ткивото.
     
  6. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Секој со свое искуство. :)
    Инаку lal, докторката кај што бев јас се пензионира така да некој/а друг/а ќе ти ги гори. :)
     
  7. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Ti blagodaram.Jas ne sum od Skopje kade se naogja Rumunskata bolnica?Se mislam dali najprvin da zemam upat za na klinika da mi gi proverat detalno benkite,pa potoja da se odlucam za nekakva intervencija.Dali nekoj znae kolku cini eden pregled na benki na privatno kaj ancevski ili dermo medika?
     
  8. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Ух, па незнам како да те упатам.. Знаеш каде е салата Борис Трајковски? Да знаеш да стигнеш до таму, па да прашаш да те упатат до болницата. А преглед не би знаела да ти кажам колку чини :worried:
     
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Јас пред 9 години по хируршки пат вадев две бенки во исти ден во државна.Со локална анестезија за само 40 минути бев готова.Немам никакви проблеми од тогаш па навака.После операција одиш неколку дена по ред на преврска а после тоа се мачкав со Контрапен крем против лузни.После операцијата само таа година не се изложував на сонце,но подоцна се си беше најнормално.
    Поздрав :*
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. whit3.cat91

    whit3.cat91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Jas na 10ti juni ke ja vadam po hiruski pat.. no me interesira po kolku vreme mozam da pochnam so vezbanje i dr normalni aktivnosti..?
     
  11. La-na

    La-na Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    За тие што ги интересира преглед во Дерма-медика чини 500 денари. Но истите работи што ќе ви бидат кажани во Дерма-медика ќе ви бидат кажани и во државните медицински установи. Препорака од мене е преглед во државна установа, освен доколку сакате бемките да ви бидат сликани, т.е. зголемени и со тоа на некој начин да дознаете дали се бенигни или малигни, бидејќи не сум сигурна дали тој апарат го имаат во државно.
    AngelOfArh дали ти стигнаа резултатите од патологија, ги прочитав сите постови, па најпоследно околу тоа, беше дека поминало 4 месеци и уште немало резултати и баш се заинтересирав и се замислив дали доколку и јас правам хируршка интервенција на некоја бемка ќе чекам толку долго за резултати од кои што може да зависи и мојот живот.
    И дали некој има вадено бемки кои што не се многу испакнати, т.е. речиси и се израмнети со кожата но сепак се чувствуваат при допир. Бидејќи моите две бемки што сакам да ги видам се наоѓаат на 2-3 цм во близина на окото(едната на носот) и се темно кафеави, а едната и може да се каже дека е поголема- околу 5 мм радиус, па од естетски причини многу ми сметаат, иако докторите ми велат дека ако не е од здравствена причина да не одам да ги вадам, поради тоа што ќе ми остане бела лузна, ако е само тоа причината тогаш подобро бела лузна отколку голема црна бемка, но се плашам да не се јават и други проблеми па затоа ако има некој вадено ваква бемка во близина на окото кое е чувствително место ако може да ми каже каков бил целиот исход или пак совет од некој за вакво нешто.
     
  12. Sa.se

    Sa.se Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Zdravo, sakam da prasam vadev benka so gorenje i sakam da znam dali postojat opasnosti ?
     
  13. gentle.girl

    gentle.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    251
    Сама ми се откорна бемка од налице и сега се плашам дане ми биде нешто ???
     
  14. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Вчера бев кај Др.Нина од Медикоз на преглед за бемка на грбот која ја имам од кога сум се родила. Летоска бев на клиника во Хрватска,моите запнаа да ме однесат чисто да слушнам мислење. И таму ми рекоа дека спаќа во ризични бемки и пожелно би било да се санира односно да се отстрани,но да си појдам и во Скопје. И вчера го добив истиот одговор од Нина. Ми рече дека само на пластична хирургија ги прават тие зафати. Но ми напомена дека во лето не се препорачува да се оперира па уште кога и кажав дека сум со мало бебе кое го дојам ми рече дека треба да престане да цица пред да го направам тоа. Дури не смеело да се крева тешко барем месец после зафатот и ми советуваше тоа да биде во април. Синко тогаш ќе има година.

    Е сега проблемот е друг мм ме кандисува да не ја вадам,што ако останело некое мало делче во коренот и по некое време направело проблем?! Што мене искрено не ме тангира ако се најде добар специјалист. Дали некоја може да ми предложи некој стручен пошто не сум запознаена? И ако некоја имала сличен проблем би сакал да сподели искуство,фала :)
     
  15. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Имам две бенки на лицето едната е од левата страна одма под носната шуплина а другата е од десна страна над ридчето(или како да го наречам незнам)на устата.Оваа долнава некако ми сменува форма и како да е потпорасната а и крв ми пушти пред некое време,стварно незнам дали сум ја потфатила-што не верувам,а на оваа горната ми растат малецки влакненца кои упорно ги отстранувам и ужасно ме нервираат!Не се големи бенчињата и ми се од раѓање.Мајка ми никако не ме остава да ги чепнам бидеќи стварно ми се уникатен белег ама мене почнува да ми смета а во исто време и ми е страв!На лекар немам појдено планирам деновиве и сакам да прашам како оди таа процедура за утврдување дали е бенигна или малигна бенката?Да не гибаат нешто или е само слика?
     
  16. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    334
    Јас имав три поголеми, на грб, на врат и во коса.. И трите ги извадов пред 5 месеци, со мачкање/горење кај еден доктор што доаѓа еднаш на три недели во приватен стан во Прилеп. Сестра ми изваде 7 тогаш, и 2 пред тоа.. Со нас беше и братучед наш, но него од 3 што сакаше да ги вади, за една му рече дека не е за вадење.. Мачкање на една бемка е 500 денари, се чека 2-3 недели да се исуши и да падне сама, ако не падне се оди на ново мачкање, кое е бесплатно..
    Долго време се плашев ама собрав храброст, навистина ми сметаа, посебно таа во коса!
    А сестра ми вадеше 2 по хирушки пат, и има огромни лузни.. а од овие 9 ништо не и се познава..
     
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    jasBia а каде ги вадеше сестрати и кај кој доктор ? Колку време трабаше да мирува?
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.322
    Допаѓања:
    102.898
    Пол:
    Женски
    Лана извини што не сум ти пишала досега, прв пат го гледам постот, не сум отворила. Ми стигнаа резултати од Патологија и супер беа, еве две години поминаа и немам никакви проблеми, здравје, кој да знае за иднина. Неодамна на систематски правев и тумор маркери и тие беа супер.
     
  19. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    334
    Не ти го разбрав прашањето. Имам пишано дека ги вадевме кај доктор што доаѓа во приватен стан во Прилеп, или мислиш на тие по хирушки пат што ги вадеше?
    За овие што ги вадевме во Прилеп воопшто не требаше мирување..
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Не ти го разбрав прашањето. Имам пишано дека ги вадевме кај доктор што доаѓа во приватен стан во Прилеп, или мислиш на тие по хирушки пат што ги вадеше?
    За овие што ги вадевме во Прилеп воопшто не требаше мирување



    Како се вика тој доктор,колку чини вадење на една ?