1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отстранување на мирисот на цигари

Дискусија во 'Дом' започната од katka-slatka, 16 јуни 2010.

  1. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Е девојќи кажете ми како се справувате со мирисот од цигарите во домот. Мал е станот и мириса на цигари неподносливо. Пердињата веќе фатив навика да ги перам секој два до три дена, е не можам секој ден,па. Имам од овие едни спрејови што прскаат на 10 мин,едно што се уклучува во штек,ама пак ништо. Кога сум дома,мора да биде нон стоп вратата отворена. А недај боже да не нема дома цел ден, станот буквално смрди. Значи сакам да прашам некаде сум зачула ама не сум разбрала нешто сол се става не знам каде. Ако знае некој нешто пишете... :) ;)
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.983
    Пол:
    Женски
    Па јас знам дека помагаат миризливи свеќи... или обични, не мора да се миризливи, битно кога горат го собираат чадот од цигарите. Ако сте дома пушачи, пушете на тераса, надвор, пред врата, било каде, само не дома. Јас познавам многу такви пушачи што никогаш дома не пушат, ете и свршеникот мој дома не пуши (ептен ретко ако го мрзи надвор да излезе).
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Мирис од цигари само со прекречување,перење теписони,завеси и сунгерите од гарнитурата на хемиско,никако поинаку не може...многу е подмолен,упива и никако не може да се отстрани.
    Од чадот се прави слој како смола (добро не ја замислувајте како онаа од дрвјата) која длабоко убива и нема начин освен со детално чистење да се отстрани.
    Инаку,во Џамбо имаше како брикети малечки,зрнциња во различни мириси што се ставаат во пепелникот и ослободуваат убав мирис кога се гаси цигара или ќе се истресе жарче,ама не го сметам за решение,освен гости ако ви дојдат нема надвор да ги терате,сепак домаќините дисциплинирано надвор да си ги дувкаат за да имаат миризлив и пријатен дом. :D
     
  4. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    47
    Фала ви за коментарите,инаку свекички има насекаде,како демек го збира димот,ама ништо. На терасата ке пушиме,ама мал е станот и доволно е еден ден во неделата да се собереме друштво... Сепак фала ви...
     
  5. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка што пуши 2 кутии цигари на излегување, а дечко и пуши повеќе. Кога се собираме така во стан, нема шанси мирисот да се отстрани, само они двајца во вечер пушат 5 кутии, а другите ?
    Треба цунами да помине за да ги исчисти воздухот. Се сум пробала, од свеќи до оние како кандилца, доле стои свеќичка а горе некое миризливо масло испарува. И аспираторот го уклучував, демек влечел...ништо.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Исто и кај мене дома беше пушална. И јас и мајка ми и татко ми сме пушачи. Смрдеше цела куќа уште од врата кога ќе влезеш. Иако сум пушач сепак ми сметаше. Ама веќе од кога се направи генералка дома со кречење, перење теписи, завеси и се, стапи на сила законот за не пушење дома. Ниту гости кога ќе ми дојдат. Лето е, не е ладно надвор да седнеме во двор и да го испиеме кафето со цигара. И тоа другарки кога ќе ми дојдеа што се кријат од домашните дека пушат навасуваа по 10 цигари да се изнапушат да ги држи. Сега вака, на кој му се допаѓа арно, на кој не не мора да доаѓа.
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.776
    Пол:
    Женски
    Ах и јас страдам од ова.Лично јас и сестра ми не сме пушачи,ама мама и тато се.Најчесто миризливи свеќи и глејд освежувач-најдобар е. :)
     
  8. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    Ова е тежок проблем.Јас сум пушач,но кога некој кај мене дома во соба ми запали цигара јас не можам да спијам три дена ми мириса на цигари во собата :tmi:
     
  9. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Перење теписи , бутање завеси во машина за перење :lol: , цел ден отворен прозор ( сеа летно време :!: ) , малце освежувач и секогаш свеќи навечер ако седиме со другарки запалени .. ем атмосфера ем убаво мирисаат од океан и од лимон :lol: :inlove:
     
  10. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    586
    Допаѓања:
    463
    Додека се пуши во собата можете да запалите свеќи, не мора да бидат миризливи, може и обични. Дефинитивно помалку ќе мириса... ЈАс ги купувам оние на Глејд, а последно од Солун купив од Икеа свеќи кои беа по 1 евро...мирисаат преубаво и плус после не се ни осеќа мирисот на цигари.
     
  11. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Многу тешко се отстранува мирисот, а и дури ги пожолтува и ѕидовите,поготово ако ти е бело кречено... :doh: Нема попаметна опција од пушење на тераса ;)
     
  12. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Кај мене дома само татко ми е пушач и излегува на тераса да пуши и не е важно дали е пролет,лето,есен или зима.Цело време е на тераса.
    Имам комшика која дома пуши и ќе земе во еден огормен сад-како тањир е нешто и ќе настава свеќи ,ќе ги запали и вика дека тие го собирале чадот од цигарите.
     
  13. RedRose97

    RedRose97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    158
    Јас имам слушнато дека содата бикарбона помага. Стави ја во пепеларата и ем ќе ги чистиш полесно ем ќе мириса поубаво. Пробај и со растенија, има видови кои го собираат чадот од воздухот. Но сепак најдобро решение е да не се пуши во домот.
     
  14. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Пробај со „Туласи“ миризливи стапчиња ми казжуваа дека не се осекал чадот...
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Со еден пушач во нашиот дом е исто како со 3 во некој нормален :^)
    Да, татко ми е никотинохолик кој не се ни мачи да проветри, него не му пречи ништо од мирисот на цигарите, јас и мајка ми сме имале осетливи носиња според него :^)
    Нејсе, се сеќавам еднаш на една презентација на Кирби, покрај многуте употреби, една беше прочистување на воздухот.
    На специјален хартиен филтер се капнува било какво етерично масло по желба и за половина час до еден час го врти целиот воздух во просторијата, како да не било ништо.
    Арно ама 3500 евра за Кирби јбг, немам.

    Сакам да прашам дали некој го има оној јонизаторот за прочистување на воздух Дормео, во облик на јајце и дали е ефикасен?

    Инаку сме пробале со миризливи свеќи и стапчиња и озонери и суви цветови и џабе е се'...
    си мириса и точка.
    :(
     
  16. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    пробајте со сода-бикарбона,ставете во едно филџанче во денвната во некое аголче и ке собира,јас така пробав кај алиштата каде што ги чувам,мирисаше многу неубаво,ставив и се изгуби миризбата,а и свеките Air wick лаванда се многу јаки,сигурно ке помогнат :)
     
    На BettyBoop25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Јас пушам на подотворен прозор т.е. врата во кујна и непушачи кои доаѓаат на гости ми велат дека не се чуствува мирисот. Ама секако само тој простор ми е резервиран за пушење. Малку ги ограничувам гостите ама што да правам, навистина мириса :(

    Air Wick и антитабак свеќите се многу добри и помагаат. Завесите дома исто многу го тегнат никотинот, па јас избегнувам да имам завеси, а тие што ми се во дневна редовно ги перам. Отприлика ете тоа е чарето, или навистина пушење на подотворен прозор.
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Со оглед на тоа што неможам да си го скратам задоволството за пушење цигари и пиење кафе, така почесто си перам завеси, купувам миризливи свеќи а во последно време ми се погодија оние од ервик миризливи масла што се ставаат на апаратче па во штекер. Мада и прозорот ми е секогаш подотворен на пола да може често да се проветрува.
    Е тоа е, нема спас само може да се камуфлира миризбата ама не и да се уништи 100%.
     
  19. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    500
    Видов во Џамбо има едни миризливи како камчиња се (ванила, некој морски мирис, лаванда) се ставаат во пепелникот и ако оставиш цигара на него се шири мирис. Убави се. Свеќите помагаат и озвежувачите за простории, ама сепак најдобро е да не се пуши внатре или пак со отворена врата или прозор.
     
  20. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    Да јонизаторот исто така помага колку-толку во комбинација со миризливи свеки или спреј или па како што реkов погоре Туласи мислам дека ќе биди успешно или барем многу подобро