1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отстранување на мирисот на цигари

Дискусија во 'Дом' започната од katka-slatka, 16 јуни 2010.

  1. ivanapinki

    ivanapinki Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2009
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски






    еј во право си за ова од лично искуство кога бев на гости кај едни пријатели пушачи имаа такви купени и ептен убаво мирисаше не се осеќаа цигарите:)))
     
  2. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Кај мене никој не е пушач така не се справувам дома со таква миризба... Ама во собата 3 цимерки пушат и ја луфтираме собата иначе ќе се загушиме некој ден (а дека сме и по 6 во соба) :tmi: :o
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.457
    Пол:
    Женски
    Јас го имам овој само зелен е,
    [​IMG]
    помага, си изнакупив и етерични масла и многу убаво ми мириса дома.
    Кај мене проблемот е што другарка ми и дечко и на ден пушат 5 кутии цигари ( двајцата заедно ). Па кога си правиме седенки и цунами да помине нема да го исчисти тој воздух.
    Кога пуши само дечко ми не се приметува, што се 3 цигари во денот, ама кога сме во друштво е неподносливо, ако ги терам да пушат на тераса треба цела вечер сама да ја преседам :D

    Инаку во нормални денови јајцево многу ми користи, обевезно го пуштам на тивко да си испарува.
     
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мојата соба корне на цигари.
    Кој како ми доаѓа на гости ( а во секое време имам некој) пуши, и тоа не една-две цигари, туку ако се може и цела кутија!!!
    Затоа ми се чини дека и душеците мирисаат на цигари, алиштата иако се во плакар, марамите што висат...А јас не сум пушач |(
    И што да правам? Прскам со освежувачот, палам миризливи стапчиња и свеќи, луфтирам...ама се чини дека тој мирис се пикнал во секој атом од мебелот и нема спас!
     
  5. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Во чаша за чај наполни алкохолен (бел) оцет и стави мало парче памук. Нека си седи таму, во неделата еднаш го менувај. Значително добар ефект има.
    Исто така ми текна за уште еден вариант, којто е многу добар! - Вечер пред легвине, отворете прозорите за 5-10 мин. Накиснете крпа со омекнувач (за добар аромат), истискајте ја добро и ја испружите на .. примерно на отворената врата(накај входник. Цигарениот чад ке се е впил во крпата, а крпата ке си е пуштила убава миризма од омекнувачот и ет ти освежувач :D
    Добар ефект има. Пробај, ќе се увериш!!! :rock:
     
    На sesilija, Fearless и Phyramide им се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Старфиш, па не дозволувај да се пуши во собата кај што спиеш, еве јас сум пушач ама при самата помисла ми се слоши од смрдеата која сигурно е навлезена сегде :(
    Или нека пушат на отворен прозор. Те разбирам од една страна дека не сакаш да ги ограничуваш гостите ама ете додека не не рокнала вистинската зима подотварај го малку прозорот за да се луфтира колку толку.

    Инаку тие камчињата од Џамбо кои ги спомнувате се одлични! Јас имам со мирис на ванила (но има и со мирис на лаванда) и навистина помалку се чуствува мирисот на цигари. Се ставаат во пепељарата и баш како што кажа Свити, мирисот се ослободува дури кога ќе ја изгасите цигарата. Исто така во Џамбо има ароматични ќесички за во гардероба но јас си ги закачив во дневна на цевката од радијаторот и навистина шират убава арома.
    Евтини се и чинат некои 20 денари ако не се лажам.
    Исто така Лилит во темата за омекнувачи ми даде супер идеја, во шишенце за прскање ставам малку омекнувач за алишта и вода и така со тоа си ги прскам завесите и мебелот па собата поубаво мириса.
    Правилно перете ги завесите - тие најмногу упиваат. Јас за среќа нит имам теписони ниту завеси - само онакви декоративни врзани на краевите и да ви кажам дури и тие кога ги перам се чудам колку многу усисаваат од чадот иако пушам во кујна на отворена врата од балкон. Водата е црна - катран! Ужас.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Мајка ми не дава дома да се пуши оти ни мама ни тато не пушат ,ама кога ке дојдат гости некогаш треба да им се напраи меракот,мајка ми си користи обичен спреј за во соба ама кога е претерано загушно користи од оние за во гардеробер од Џамбо,како што спомна Пирамитка.Иако се за гардеробер ние ги закачуваме негде во дневната ,навистина помагаат за трајно острануње на мирисот од цигари.Мене ми се гади од овој мирис и право трчам соба или ке го грабнам мирилзивот спреј што е најблизу до мене ,па и дезедоранс да е :lol:
     
  8. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Ако многу се пуши дома, мајка ми става во чинија оцет и го остава во просторијата цела ноќ да отстои...демек оцетот го собирал миризот
     
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Кај нас дома салонот е голем, ама кога имаме гости се осеќа мирисот на цигари, па затоа после луфтираме обавезно, понекогаш палиме и миризливи свеќички, а секогаш јас прскам со освежувачот кој стварно помага и ја освежува цела просторија (само многу брзо го трошам :) )
    Ваков е:
    [​IMG]
     
  10. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Јас ги купив истите ,но можам да кажам дека нема ефект.Од кога ке го испушам цигарето дури тогаш се осека блага миризба и тоа на момент само,не ми се допаѓа и не ми е практично :(
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Единствено решение е едноставно да не се пуши во тие простории каде не сакаме да ни мириса. Секој треба да го цени својот и туѓиот личен простор, на пр. спалната, бањата и сл. Држењето отворен прозорец додека се пуши помага само делумно, бидејќи и тој чад што демек искача низ прозорот делумно се впива во ткаенините и тапетите.

    Кога ќе влезам во соопствената соба сакам да почуствувам не само визуелен и аудио, туку и водзушен мир односно чистотија. Кај нас цигари ако пшалат гости можат само во дневна и тоа со подотворени прозори(„Леле ама било промаја кај вас!„), може кујна или секако балкон.
     
  12. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.901
    Ако сум пушач,сепак ми смета мирисот од цигари и е невозможно да заспијам во просторија каде ми мириса на чад од цигари.
    Па освен непушење во просторијата,помага често перење на завеси,отворени прозори,миризливи свеќи.
    Али како и да е мирисот од цигари е упорен и сепак се осеќа.
     
  13. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.611
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Treba sekoj da ima licna kultura i oset deka vo zatvorena prostorija treba da vnimava kolku cigari ke ispusi.Za sreka kaj mene doma retko se pusi,pa ne mora tolku cesto da gi peram zavesite.Za dimot pomaga sveka obicna da zapalis,da pogori pola saat,navodno go sobirala dimot.A i osvezuvac za prostor ne e na odmet.
     
  14. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Обично кај мене дома кога ќе се запали цигара, палиме од тие украсните свеќи што се, и го привлекуваат димот од цигарата :) исто така во Jumbo има во шишенца малечки, освежувачи што се ставаат во пепелникот за да не мириса :)
    http://4.bp.blogspot.com/-BOUyV6bi6XE/T ... pot.com+(5).jpg

    http://www.yiwushunan.com/products/b/20086255811421.jpg
     
  15. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Само промаја,се друго е безвезе . И нема ефекти :|
     
  16. BettyBoop25

    BettyBoop25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    1.107
    Уф маки наши пушачки :( Јас и маж ми пушиме корниме за жал... И цела куќа мириса на цигари. Ставам во пепељара од едни како топчиња што се од Џамбо ги земав се тураат во пепељара и не мириса ДЕМЕК :?: Мириса ма како не мириса тоа смрди не мириса :) Се пуши само во дневна кај нас, а во спална НЕМА ШАНСИ. И кај што спиев и кога не бев мажена во детската НИКОГАШ не пушев. Кај моите дома се пуши ептен некој кога ќе дојде на гости што не може да издржи да не запали цигара, инаку моите се антипушачи и мама ја гуши чадот. Ах, кога би можела (со силна желба и војла да ги откажам цигарите) здравје Боже кога би останала трудна ОДМА се откажувам и кога ќе имам детенце маж ми надвор со се гости ќе оди на тераса да си пуши. :lol:
     
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Уф ја мразам миризбата на цигари.Јас сум антипушач и таа миризба ме гуши.Кај нас дома не не се пуши,тој што сака да пуши зима-лето надвор си пуши или пак на другиот спрат.Некогаш кога имаме гости каде што седиме на спратот ние тогаш луфтираме еден час и прскаме со спреј за освежување на просторијата.Некогаш помагаат и свеќите било миризливи било не,но тоа е само привремено.Најубав начин да не мириса е да не се пуши во просторијата каде што престојуваме,другото колку и да прскаш,што и да употребуваш поторно мириса бидејќи тој се впива во зидот,теписонот,пердињата.Најубаво е да се направи генералка,а по неа нема пушење дома :).
     
  18. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Најдобриот начин да го отсраниш мирисот е да не даваш да ти пушат цигари внатре, па нека излезат на балкон, нз нешто слично, кај мене е така и прекрасно е :)
     
  19. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Ова денес го прочитав случајно на boza.mk може некој го знае или постирал тука. За оние што не знаат и не виделе еве некои начини да се отстрани мирисот од цигари. А добредојдени се и кај мене овие мали финтички, но како што пуши мм ни ова мислам дека нема да помогне. :lol:
    Ај да не зборувам многу и јас сум пушач :lol:

    Само неколку мириси се поомразени од оној на цигарите, особено кај непушачите и кај „поранешните“ пушачи.

    Еве неколку трикови како да го отстраните мирисот од цигари, без притоа да го отворате прозорот и да си ја оладите собата. Само… без претерување

    Наместете мали чинии оцет, средство за чистење со мирис на бор или активен јаглен низ собата. Ако во вашиот дом имате мали деца или миленичиња, наместете ги чиниите надвор од дофатот на децата/миленичињата. Затворете ја собата во текот на ноќта.

    Испрскајте ја оладената сијалица со вашиот омилен парфем или колонска вода. Кога ќе ја вклучите сијалицата, од нејзината топлина мирисот ќе испари и ќе ја исполни вашата соба.

    Наполнете ги пепелниците со песок за мачки. Така кога ќе ги гаснете цигарите, песокот ќе го апсорбира мирисот.

    Наполнете едно шише со распрскувач со раствор од сода бикарбона. Испрскајте ги просториите, килимите, тапацирот. Наредниот ден поминете со правосмукалката.

    Потопете крпа во малку оцет, исцедете ја од вишокот и мафтајте со неа низ собата една – две минути.
     
  20. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Зависи и со каков тип на поликолор се мачкани ѕидовите.
    На пример кај дечко ми, цела куќа им е мачкана со еден мрсен поликолор кој може слободно да се брише ако има некоја флека. Малку е поскап заради тоа, ама има една мана (ако може да се рече дека е мана) - не впива никакви мириси. И баш поради тоа кај нив е многу тешко да се одмириса ако некој внатре запали цигара. Среќа што никој не е пушач, ама кога ќе им дојдат гости, по цела вечер ги оставаат прозорите отворени.
    Кај нас дома не се пуши, иако за гости правам исклучоци. Дома имаме завеси, па често ги переме за да ми мириса на чисто. Во глобала нема проблем со отстранување на мирисот од цигари, затоа што кај нас дома ретко некој да запали цигара - обично кога ќе ми дојдат другарки палам неколку свеќи, а потоа ги отворам прозорите и вклучувам фрешер.
    Иако татко ми е пушач, никогаш не пуши дома, туку излегува на тераса.