Синојќа бев премногу вознемирена и од секоја страна во животот од се притисната премногу ми е тежок животов ако сум млада и од семејство,љубов,другарки се ми е катастрофа и незнам што ме натера земав цигара запалив земав 3-4 пати и земав цела ја изгорев и пепелта ја оставив во шпорет после тоа земав мастика отворив дома се се напрскав мирис алиштата да не ми мирисаат .. денеска многу ме боли главата и ме тера нешто па да земам .. нема да си дозволам сеуште сум млада имам 14 ипол години знам дека ви е несватливо од една страна
И сега сакаш да те советуваме колку цигарите се штетни по здравјето и дека треба да одолееш на искушението? Се е до карактер.
Психата те тера да мислиш да го правиш тоа. Наоѓај си занимации и не пуши више.Особено не дома! Една денес, една утре, уште една задутре и више почна со пушење. За секој проблем имаш решение, не се подавај на пороците.
Какви проблеми ли те снашле за да запалиш цигара на 14 години? Не е којзнае што,ама уште сега ако не се изградиш како карактер против пороците,верувај дека вечно ќе бараш спас и утеха во нив кога ќе ти скисне..Не е убаво тоа
Ете почнуваат,коментарите дека децата се безгрижни,зошто би се нервирале а тоа е сосема невистина,незнам зошто некој би размислувал така. А јас,потполно те разбирам но решението не е цигара.Знам многу девојчиња(неможам да ги наречам другарки)и на помала возраст кои пушат цигари.Велат дека тоа ги смирува,ја исфрлаат нервозата така а јас никако неможам да сфатам како увлечување јаглероден диоксид в себе може да ја исфрли нервозата од тебе.Затоа мој совет е да не продолжуваш бидејќи нема да можеш да престанеш,никогаш.
Какви и да се проблемите,немој никогаш да дозволиш таму да бараш спас.Пред проблемите треба да застанеш цврсто пред нив и да ги решиш..Немој со цигари,алкохол,дрога не дај боже,и незнам уште што.
знам дека ти е тешко.. ама цигарата не е решение.. пробај да читаш книга, или да гледаш филмови. верувај ми, помага. ти го подобрува расположението кога на момент не мислиш на проблемите.. по завршувањето на филмот или книгата, проблемите уште ќе бидат тука, ама ти ќе се осеќаш поодморено и посилно, посреќно, и ќе можеш да пробаш да се соочиш..
И самата гледаш телевизии и читаш и треба да знаеш дека цигарите се штетни по здравјето. Кај мене дома и двајцата родители пушат ама јас лично сепак неможам да поднесам цигари од самиот мирис ми се лоши. Во клас сме 24 деца од кои половината пушат. Ме имаат понудено ама сепак несакам. А тие што пушат едно си го уништуваат здравјето, друго фрлатт пари за глупости. Девојчиња кои ги познавам по цел ден седат гладни во школо. Зошто? За цигари да си купат. И после им се врти глави ги болат ова тоа. ГЛУПСОТИ! И најмногу од се мразам кога некој ќе рече " Пушењето ме смирува кога се нервирам". Може да смирува не викам не ама сепак каков и да имаш проблем само моментално те смирува, а не ти го решава проблемот. Проблемот пак си останува. А и сега ако почнете уште од 14/15 години толку таа после тоа прераснува во навика и колку и да сакате да се одвикнете многу тешко ке ви биде. Затоа девојче ти што ја отвори темата батали тоа уште сега а и сигурна сум дека ако еднаш пробаш пак ќе сакаш и ќе ти прерасне во навика + дома ако дознаат ќе си направиш проблеми.