Девојќииии...ве молам за помош! Си ги испозалепив прстите со супер лепак и сега успеав некако да ги одлепам, но лепакот уште ми стои и со што и да го стругам, не излегува
Сакам да прашам...? Јас последно вадев со ацетон. Инаку, најкорисно ми беше онаков Разредувач, знаеш за бои, за не знам што се користи... во флаша како вино од 1 л пакувано. Ама мислам дека со ацетон ке завршиш работа, иако малце повеќе ќе треба да се третираш.
Сакам да прашам...? Се надевам до сега си го отстранила лепакот, но за следен пат да знаеш, потопи ги рацете во топла вода (откако ќе се исуши лепакот ) колку што можеш подолго (10 мин отприлика)! Потоа убаво избриши ги рацете и лепакот ќе можеш да го излупиш! За мене лепењето прсти со супер-лепак е нормална појава, бидејќи често го користам и водата секогаш ми помага
Ми истече супер лепак по рацете (среќа не си ги залепив прстите ) и сега се чудам како да го извадам. Ова како здрвено и стврднато ми е и ме живцира многу Знае некој како да го извадам???
Девојкии помош,јас имам едни фармерки и на џебовите позади на фармерките имаа по две копчиња нешто такво и едното ми се одлепи или отштрафи штознам и ај јас да го залепам со супер лепаче и кога ми се истутри лепачето и еве година дена не ги носам во школо фармерките затоа што е доста видлива „флеката“ ,сега читам со ацетон ама за рацете ако се залепам да пробам и на фармерките со ацетон ? 65423 пати се имаат перено до сега и не е извадена дамката можеби малку ама пак се приметува,што да правам има некој искуство со ова ?
Јас несекајќи си го добрав мобилниот со секундарен и малце од задната страна мисе познава лепакот и неможам со ништо да го извадам. Пробав со ацетон и со алкохол ама не бива. Ако на некој му с еима ова случено нека ми пише.
ве молам за совет како да отстранам супер лепак од стаклена површина....се истурил на стаклена масичка
Маж ми лепел со супер лепак во кујна и му истекло на вратничка, иверка во плава боја. И ептен се приметува. Има начин да се избрише без премн да се уништи вратничката? Со ацетон и разредувач на боја ќе падне бојата и од вратничката.