Златно компирче! Мене ми помага многу, додуша ретко се зацрвенувам оти и ретко се кубам последно ,ама порано додека ми беа тенки веѓите редовно го користев. И после си го јадев
Јас пак пред да ја земам пинцетата за кубење, го мачкам делот кај веѓите со бекутан и постигнувам двоен ефект: 1. со самото мачкање си правам некоја линија-форма по која се водам за време на чупањето и 2. потоа немам црвенило затоа што додека да завршам работа кремчето се впило во кожата.
Да, краставица или компир,имаше едно време и една крема во авон за смирување на црвенило,ама добро чим неќеш крема,тогаш другиве опции Ја лично воопшто не се замарам за црвенилото, ќе почекам 10,15мин и ќе се повлече одма и готово
јас имам еден проблем незнам дали е за тука , ќе ми простите од ко почнав да ги депилирам веѓиве исто и да ги чупам местото не прима ни крема ни пудра ништо.. стои бело.. го мачкам цело лице со пудра и течна и камена ма каква и да е не прима само тој дел стои бел и мн грдо изгледа.. се надевам ме разбравте .. некое решение ?
Јас ништо не правам, чекам само по себе да си исчезне. Освен ако не се брзам за нешто, е тогаш ставам помада и толку.
И јас ги чупам веѓите (на козметичар) и оставам само да ми помине црвенилото Поминува само, по час или два
Најчесто ги чупам веѓите кога не треба да излезам никаде после тоа. После чупањето не ставам ништо, црвенилото после час - два, исчезнува. Но, ако ги чупам веѓите кога би требало потоа да излезам, ставам крема или пак бебешка пудра.
Пробајте пред чупањето да ги поминете веѓите со топла вода. Од топлината, порите на кожата се отвараат и потоа е многу полесно и побезболно да ги исчупате. А по чупањето, ќе се јави сосема мало црвенило што за брзо време ќе се повлече.
И јас ништо не ставам, само си поминува Може само да си измијам лице и крем да си ставам ама па и немам кој знае колку црвенило
Јас ништо не ставам, само од себе си врви. Ако ептен е црвено и не спаѓа црвенилото може да подржите коцка мраз или исечкан круг од ладна краставица. Или ако немате ни едно ни друго земете една чаша наполнете ја со ладна вода и подржете ја така.
читав негде незнам на која страница дека пред чупање се поминувало со мраз на веѓите...е сега дали беше за побезболно чупање или за смирување на црвенилото...или пак можеби и двете не сум сигурна...пробајте и кажете..позз