Вистина е дека технологијава премногу навлезе во нашиве животи, но мислам дека постариве генерации колку-толку сеуште го цениме добриот разговор во живо со кафенце. Ако зборуваме конкретно за социјалните мрежи тие понекогаш дури и се добри за поврзување со некои пријатели кои се географски оддалечени или пак долго време не сме ги виделе и не знаеме што се случува со нив. Но ова што се случува со новиве генерации ме загрижува... Страшно, е дури тие ќе имаат проблем со отуѓеност
Јас немам фб користам скајп и воопшто не се осеќам отуѓено туку ми е супер,а нарочито откако сум на феминава девојки навистина ми е супер.До сите феминки голем поздрав
До некаде сметам дека е така.Дека интернетот и комуникацијата делумновлијае врз отуѓеноста. Но тој што со некого е вистински пријател,тој секогаш ќе сака да се види во 4 очи и да си се испоприкажат.
otkako pocnavme mnogu so kompjuterive site poveke sakkat da se dopusuvaat na net nego da se gledaat vo zivo
И тоа како сме отуѓени ние луѓето,делумно ради модернава технологија,делумно ради брзото темпо на живот и стандарди кои ни се наметнуваат се повеќе и повеќе,се плашам дека доаѓа до многу полошо
Се приметува тоа, ќе излезат на кафе а како да излегле со телефоните а не со пријателите. А нема смисла, непристојно е да излезеш со некој и наместо со него да разговараш ти си гледаш во телефонот. Добро што има совесни луѓе кои го ценат разговорот во очи само не знам што ќе биде со новиве генерации. Повеќе штета видовме отколку корист од ова модерно време.
Се поголема и поголема со тек на времето. Излегувањето на дневно кафе,пиво или вечерно диско,кафич се сведе на 24 часовно гледање во телефон. За промашени дејтови па да не правам муабет . На чат расположена, муабетчика . Во живо цел дејт со телефонот во раце и здраво,како си - шо си ,чао
Реалноста е таа, ингернетот и социјалните мрежи придонесоа чуѓето да се оддалечат и се’ повеќе да коминицираат електронски или виртуелно, а средбите во живо се сведени на минимум.