Во 6 недела е прерано да се одреди полот на бебето дали ќе биде машко или женско и мислам дека толку рано не се гледаат срцевите отчукувања на бебето
кај мене се движеше од 100-120 и бесе машко значи по се изгледа голем е процентот на точност срцевите отчукнувања со полот
Јас во 7 недела бев за срцева акција. А ова со полот и отчукувањата не ми е воопшто веродостојно. Може да се погодила коинциденција,не верувам дека е правило. Ако е така, докторите ќе го кажат полот уште на првиот преглед, нема да чекаат да помине 15-16 недела за да може да утврдат пол.
се слуШа како не. со вагинално ехо, така мислам затоа што цитав во некои постови дека ако била срцева акција под 140 машко било а над 140 женско па затоа прашав. фала на одговор
Jas vo 6ta nedela prv pat mu go slusnav srcenceto toa custvo nikogas Nema da go zaboravam. Bev vo sistina zoshto pokrvarev i jas pomisliv na najlosoto i doktorot mi vika se e vored so bebeto slusni ima srceva akcija lele togas uste poveke pocnav da placam no od radost
Бев вчера и го слушнав срценцето душичка на мама...дури и солзичка пуштив од радост. На 8 недели и 1 ден.
Мојата докторка кога го слушнавме срцето ми рече дека брзо му чука, но дека било нормално. Прв пат слушам дека тоа има некаква врска со полот на бебето, ама јас сега малку се загрижив. Сега ги гледав резултатите и читам Heart Rate 176 bpm, тоа е тоа? Ако твоево во 6 недела е 118, а моево во 7 недела и 7 дена е 176 стварно ми е чудно, зошто разликата ептен голема ми се гледа!
Немам искуство на темава, но од она што сум го читала, можам да ви кажам да не се плашите за наглите промени на бебето во првите недели. Значи најдов некаде еден податок во кој се вели дека доколку бебето се развива со ист интензитет цела бременост како што се развива во првите недели, би требало да тежи 1.3 тони кога ќе се роди. Така што, мислам дека тие нагли промени во првите недели не се за загрижување, особено ако самиот лекар не ви укажал дека нешто не е во ред. И имам читано исто дека обично во првите недели бројот на отчукувања кај бебето може да го надмине бројот на отчукувања на мајкатах2 а со текот на бременоста се регулира. Не сум доктор де, ама од она што го имам прочитано и чуено вака лаички, да ве смирам барем да не мислите веднаш на најлошото. Сепак докторот го има последниот збор.
Мојот гинеколог ми закажа преглед на првиот ден од шестата недела за да провериме дали има срцева акција или не! Сега читам нешто низ сајтовите за срцева акција и некако ми се чини дека е рано на 6 недели и 0 дена бременост да го слушне отчукувањето на срцето! Што мислите вие? Да го презакажам ли прегледот неколку дена подоцна кога ќе бидам 6 недели и 4 дена? Дали тогаш би биле поголеми шансите за да има срцева акција? И се случило на некоја феминка да го слушне отчукувањето на срцето во почетокот на шестата недела од бременоста?
јас го видев како си тупкаше на 6 недели и некој ден... само докторот не ми пушти да си слушам... инаку си видов како трепкаше срцето мое убаво
jas pred dva dena bev na eho i mnogu bese mirnicko si uzivkase, ama mu go slusnavme srcenceto kako na pilence uff edvaj cekam da si go rodam
синоќа го слушнав срценцето леле само како си чукаше слатко слатко... убавото мое бебенце душичка на мама..
здраво сноу квин читам дека контролата за срценцето ти била закажана за 8 ма недела и дека веќе си го имаш одамна слушнато срценнцето на бебето.прекрасно сакам да те прашам кога прв пат беше на гинеколог во која недела и рано ли беше па ти закажаа наредна контрола за срценцето? јас вчера бев и сум 5,5 г.н (тоа е 6-та недела?) но сеуште нема срцев ареакција има само добра почетна циркулација (незнам што тоа значи?)инаку ембрионот е 2,8мм така пишува. Ми закажаа контрола за 10 до 14 дена за срцева реакција, ама многу се плашам читам насекаде дека кај некоии во 6-та недела имаат видено срцева реакција. како ќе издржам 10 дена? ве молам која нзае нека ми пише
за неколку дена треба првпат да го чујам срценцето на моето бебуле. Сакам да прашам дали е возможно и маж ми да биде со мене, сакаме заедно да го слушниме тоа најслатко пулсирање на нашиот нов живот
џенј-мм секоја контрола иде со мене нормално дека може јас до сега 2 пати го слушнав срцето на бебуш,брзо чукаше душичето мое