Ме гледаше на абдоминално ехо и рече дека нема срцева реакција. По точно ли е ако ме гледа на вагинално ехо?
И на моја блиска пријателка и се случи тоа.. Прв преглед 6,7ма нед со срцева, наредниот веќе немаше.. Требаше да биде 11,12 недели, а плодот кај неа престанал да се развива уште накај 8,9та. Правеше киретажа. После тоа 6м не смееше да остане, па по некое време остана и таа бременост добро ја истера до крај. И кај што ќе одиш на киретажа секако ќе ти направат ехо... Биди силна
Нема врска дали е со абдоминално ехо, на таа возраст убаво се гледа срцето. Штом имаш ти дал упат, ќе те прегледаат и таму. Тоа е. И на колешка истото ѝ се случи, кога отиде на прв скрининг, докторот ѝ кажал дека нема срцева акција. Се случува, само биди силна
Верувај знам како ти е и јас го поминав истото, мораш да собереш сила да го надминеш ова. Исто беше до 9 недела ок, ама после тоа се случи што се случи. Се убив од барање одговори, зошто баш мене, како само на мене ми се случува ова и ред други прашања за на крај да испадне дека речиси секоја 2 жена се соочила со истото. Откако ме разбраа што ми се случило луѓево околу мене почнаа да зборат и мене ми се случи пред првото дете, мене пред второто и сл. Да не ме сватиш погрешно знам дека сега ништо од ова не ти значи, ама верувај ќе помине и ова и наскоро ќе си имаш здрава и лесна бременост. Еден од коментарите што ги добив баш онака ме поткрена, ми рекоа не очајувај Господ зема болно дете да ни врати здраво. Ти посакувам што полесно да го надминеш периодов и што поскоро да собереш сили за нови победи
Јас останав за рок од 3 месеци првиот додека се опоравам исто и вториот а третиот испитувања ехо крв брисеви и после резултатите веднаш останав сега сум 33+3 го чекаме синко здрав и жив да го земаме во прегратка...
И јас имав ситуација иста. Стегај заби, исплачи се знам дека ти е тешко.... После 6 месеци останав трудна ти ја посакувам цела среќа и бебче во раце.