Оф-топици од Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)

Discussion in 'Канта' started by ariela09, Aug 9, 2013.

Thread Status:
Not open for further replies.
  1. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Joined:
    Apr 30, 2012
    Messages:
    1,427
    Likes Received:
    1,935
    Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)

    Сфатив дека сум направила голема грешка што анализирав така.Нема да се повтори... :) :bow:
     
    Sw3et.Ang3l likes this.
  2. feminium

    feminium Истакнат член

    Joined:
    Aug 25, 2012
    Messages:
    1,709
    Likes Received:
    1,740
    Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)

    И јас што се обидов да ја доведам во ред темава, се извинувам

    Се обидов темава да ја доведам во ред,делумно успеа, беше супер за дел од форумџиките, за жал не за сите, не за мнозинството, а како што реков претходно ќе одлучи мнозинството-така и бидна, повеќето сте за темата славно да стои во мирување-така нека биде

    Уште еднаш ви се извинувам за создадената збрка-нема да се повтори

    За оние форумџики кои дадоа се од себе темата да функционира:
    Девојки деновиве се дружевме, секоја од нас виде каква слика оставила за себе-колку и таа слика де е детски цртеж,колку и таа слика да е безвредна за нас беше слика, но за жал не не сакаат на темава.Деца сме, што ќе правиме, се читаме на други теми :hai:
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,428
    Gender:
    Female
    Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)

    Феминиум, тоа е некое мое мислење и јас така перцепирам на работите т.е на анализата.
    Една сеопфатна анализа во права смисла на зборот дефинициски е анализирање на карактерните особини на личноста, маните и доблестите, начини на размислување за животот и перцепција на настаните што се случуваат во општеството, некоја скромна микро анализа на психата на една изградена личност.
    Ние до нашата 18 година се форимираме себе, се бараме каде сме, кои сме и што сме, што сакаме од животот и каков траг да оставиме понатаму во општеството.
    До моите 15 години и додека не се запишам средно не сум знаела премногу за тоа што сакам јас и која сум, зашто сеуште не сум имала вистинска перцепција за општеството и како тоа функционира. Па и професијата што сакав да ја работам еден ден не знаев како одат скалилата на неа и што всушност таа преставува.
    Кога ќе завршиш средно и ќе продoлжиш да се оформуваш како личност на факултет веќе почнуваш да го доградуваш карактерот и личноста која ја имаш, и понатака и после тоа со самото вработување, љубовна состојба се влијае на тебе и те гради како особа ама буквално се. Човек се доградува како личност се додека е жив, но според мене една единка вистинки може да се каже дека е созреана и спремна за анализирање тек после 18, дури и после 21 година ако гледам според себе си и моето опкружување.
    Во ниеден случај не реков дека тие се нерамноправни или дека не заслужуваат анализа, ама нит имаме соодветен материјал, нит пак они на 12 години, и 15 земи ги не се доволно изградени како особи за да можат и да дадат и да им се врши анализа. Секоја чест на исклучоци, ама и таа анализа не е дефинитивна и крајна анализа, зашто се градат како луѓе со секоја измината година од животот.
    А според мене подобро е да не напишам ништо него да пишам било што колку да биде напишано и да речеш дека не сум ги изигнорирала, а некои работи се пишани ради реда.
    Секој со свој став и свое мислење ова е мое мислење и мој став спрема тие работи.
    Нит барам нит нудам анализа, иаку се набљудувам и се гледам и читам ама не сум сигурна колку таа анализа за некои луѓе би била вистинска зашто не знам колку тоа е вистина и право ги познавам за да ги анализирам. Тоа не е сеир пукање за мене, само читам тоа што некој решил јавно да го сподели.Ако сака да биде интимно нека пишува дневник.
    Секоја чест на правите анализи, за мене тое е комлексна таа работа и долг процес на пишување и составување,барем јас такви анализи сум пишувала и така ме научиле да ја пишувам.
    Јас еден филм/серија ќе изгледам па ќе се туфкам со денови за да склопам некоја убава анализа па тек за личност. Можда е до мене, не знам, зашто кога ќе е нафатам нешто да правам сакам да биде направено како што треба.
     
    manja666, lolyta777, danichap and 6 others like this.
  4. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Joined:
    Oct 3, 2012
    Messages:
    945
    Likes Received:
    1,765
    Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)

    Ако вака фанете убаво да размислите....ќе видите дека нема за што да мислите и дека сите мислите едно исто. :^) :?:
    Како и да е, сите истото го кажувате само со други зборови, незнам зошто само се полни темава со офтопици. Јас само налетав да го кажам тоа и да и кажам на анабел-а дека ја згрешила личноста што е увреџена :lol: Не сум јас навредена туку јас на некој начин грубо се изразив во анализата за Дрим и се извинив за тоа, затоа мислам дека не треба више да се дискутира на темава. Ако сакате анализи ајде барајте или ако давате анализи давајте.
    Посакувам да бев модератор на темава и да ги избришам сите овие мислења.

    Вакви сте:
    Член 1: јаболкото е зелено
    Член 2: јаболкото не е црвено
    Член 3: јаболкото расте на дрво и е зелено
    Член 4: јаболкото сака да е црвено ама за жал не е црвено зелено е.

    Уау да си пукнам од моиве примери ѕверски. 8)
     
    feminium likes this.
  5. feminium

    feminium Истакнат член

    Joined:
    Aug 25, 2012
    Messages:
    1,709
    Likes Received:
    1,740
    Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)

    И онака тамава е преполна со офф па сметам дека едно мислење + /- нема да нанесе којзнае колкава штета

    Со ариела потполно се согласувам-сите овде велиме дека анализите не се анализи како што некогаш во добрите стари времиња сте си ги правеле, единствената разлика е во прашањето дали е подобро темата да стои празна-без анализа со месеци(пример од месец март овде нема “добра“ анализа) или да има какви такви анализи

    Прашањево за среќа се реши мнозинство се тие што сакате темава да стои неактивна и ок

    Она што ме интересира е ставот на Хипстер
    Хипстер еве сега што би направила ти со levely ? има 15 години и бара анализа
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Joined:
    Jan 9, 2010
    Messages:
    24,571
    Likes Received:
    207,291
    Gender:
    Female
    Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)

    Нема врска возраста. Јас само ќе кажам, не можам да склопам анализа на членка (небитно која) што има 500 мислења, а 90% и се во „форумски игри“ и „храна и рецепти“. Недостигаат квалитетни мислења од кои барем малку може да процениш некого, пак ќе кажам, без разлика на возраста. Што можам јас да кажам за членки како што ги спомнав погоре, освен дека сакаат да играат игри и да јадат, со оглед на квалитетот на мислењата што ги оставаат. Затоа кога се отвори темава, децидно беше кажано дека ќе се анализираат членови кои учествувале активно во квалитетни дискусии на форумот, и затоа е поставена границата од 500 мислења. Ама порано форумов имаше многу помалку членови на број, кои оставија прилично квалитетни мислења. Не има доста што останавме од самиот почеток, ама голем дел си отидоа, за жал. Можеби затоа што не можеа да се справат со напливот на нови членови на кои им е најважно да го зголемат бројот на мислењата и да добијат многу лајкови, а можеби и друга е причината. И јас размислував да го напуштам форумов еден период затоа што квалитетните дискусии замреа. Сега има чат-пат по некоја, ама ретки се, за разлика од порано. И најчесто, вие што барате анализи не се вклучувате во тие дискусии затоа што и не сте дораснати, односно, не можете да дискутирате бидејќи не сте запознаени со тие теми, немате аргументи и знаење за дискусија, што е и разбирливо со оглед на вашите години... па како човек да стекне мислење за вас, за да добиете анализа?
     
  7. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,615
    Likes Received:
    290,534
    Анализи на членови од форумот (со над 500 мислења)

    Штета што некој се почуствувал дискриминиран поради својата возраст, тоа не е целта на никој, а верувам најмалку на Хипстер.

    Анализата на лице од возраст 11, 12, 13...бара уште поголема внимателност и претпазливост одколку кај некој полнолетен.
    ОД една страна тоа лице е во фаза на развој и наместо да се потенцираат евентуалниот недостатокот на речник, некои детски утки кои биле споделени, или интереси кои се одамна надминати за возрасните , според мене треба да се опише патот на созревање. Дали тоа лице претрпело некаков вид на промени(без разлика интелектуално, културно, емотивно...).

    Фондот на зборови и способноста да сврзе неколку реченици кои кријат далеку поголемо значење од само неколку пишани зборови се неопходни и кај оној кој ја прави таа анализа.
    Не само материјалот и квалитетот на материјалот кој е оставен од страна на лицето кое ја побарало анализата, туку и претставата за поимот анализа од страна на лицето кое ја врши е многу важна.

    Според мене подобро да остане темата празна со месеци одколку да се полни со оффтопици.
    Токму така, оффтопик, бидејќи тоа не се анализи во вистинска смисла на зборот.

    Квалитетна анализа може да биде продуцирана и за тинејџер доколку лицето во својата активност оставило доволно материјал, а оној кој се нафатил на истата го сторил тоа на вистинскиот начин.
    Категоризацијата помеѓу полнолетни и малолетни беше извршена не само поради суштинските основи за една интро анализа кои кај едно лице се поставуваат од одредена возраст(а некаде сеуште не е започнат тој процес, а тука нема никаква врска дискриминацијата) туку и начинот како едно возрасно лице и едно дете реагира на критика.

    Јас би рекла слободно нека си се пријавува секој, не гледам причина зошто да не , се додека го исполнува зададениот критериум од 500 мислења.
    Подеднакво важно е како се врши.
     
Thread Status:
Not open for further replies.