1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оф-топици од модни критики (за не толку храбри феминки)

Дискусија во 'Канта' започната од angel92, 22 мај 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    4.508
    Sega go razbiram Joxy sto kazuvase, ne mu veruvav i budala go pravev. Ako komentirate, na site komentirajte a ne da skokate clenki samo za da spustate zvezdi na drugite i da se lizite. Pozdrav.
     
    На buba4e89, Adi888, pufi-cufi и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    ^ Јас на пример ти ја лајкнав сликата, но ете сум заборавила да коментирам. Тоа не значи дека коментирам за да се лижам (на пример). Некогаш тоа што ми се допаѓа само го лајкувам, а некогаш и давам коментар. Зависи од тоа како сум расположена за пишување.
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    4.508
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Konkretno za tebe ne ni mislev, ni na pamet ne mi padna ti. Pravam muabet za clenki koi pravat listi od konkretni clenki samo za da se lizat. :) (ps od mobilen sum uklucena zatoa i na latinica pisam)
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    ^Ангелче, не реков дека мислиш на мене туку јас ти дадов пример ете зошто јас некогаш не ги коментирам сите. А далеку од тоа дека се пронајдов во постов. Сакав само да кажам дека ако скокнеш некогаш некого не значи дека е намерно. Ќе отворам во слики и ќе видам некоја феминка ќе ја искоментирам (без притоа да видам кој постирал слика пред неа), некогаш ќе лајкнам, а сега ако има некој што прави шема и со намера скока одредени феминки или па ги коментира само одредени личности за да се лижи, тоа не знам. Јас лично за мене си кажав.
     
    На Cinderfakinrella, Mini-Mouse и angel92 им се допаѓа ова.
  5. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    ^ Е па ако на мене си мислела, провери наназад да видиш колку коментирам и составувам листи за да лижам туѓи задници. Мојава "листа" е сосем случајна и тоа се дел од феминките што ги запамтив да ги пофалам без да се навраќам на претходните страни. А можеби Џокси си има право, но кога ќе се потсетам едно време и он само ставаше слики без да ги коментира другите па од кога алиса го потсети се поправи. :)
    Мислам дека нигде не стои правило како да се критикува,по кој ред. Ако мора така,еве јас прва се извинувам што не се придржувам.
    Поздрав и од мене.
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Морам, ама морам офтопик да одам.
    Ангел92, озбилно?!
    До толку ви дојде работава, за да се жалите што некој не ве искоментирал?
    Патетично делува, од која страна и да го свртиш.
     
    На Cinderfakinrella, thinkerbell, Li0ness и 11 други им се допаѓа ова.
  7. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Мене не ми е воопшто патетично, од страна на фактот дека има многу членки кои ги ставаат своите комбинации, а се во тинејџерска возраст. Со самото “игнорирање“ на нивните комбинации, може да се створи некој комплекс и патење од не сум доволно добра.
    Како активни членови, кои ја следат темава, мислам дека доволно сме во тек и може да одвоиме по некој коментар.
    Не мислам на замачкување очи, туку реален коментар.

    Јас искоментирав околу 150-200 страни, па еве ме.... жива сум :)
     
    На lolyta777, marama, SunFlower94 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Ама и нас не ни се знае крајот.
    Ако ја кажеш вистината зашто изиграваш светски критичар.
    Ако кажеш што ти е по вкус одма се реагира и пола ти се налутуваат.
    Се извинувам ама во матурскиве комбинации има неколку дволични коментари, тоа да не е добро?
    Ако едноставно премолчиш, како што јас кажав молчењето е злато во многу ситуации, тогаш не си фер.
    А ако симпатизираш нечиј стил си гзолизач. Е ако е така на Боа сите и лижеме гз, само зошто девојката изгледа предобро, има топ стил и е секси. Абе ај.
    Навистина нема крај со овие дискутирања во темава.
    Темава не е важна ниту е тема која прва се отвара на форумов.
    Кој сака поставува комбинации, кој не сака не поставува.
    Кој сака коментира, кој не сака не коментира.
    Лутки и во двете ситуации ќе има.
    Во темава повеќе се гледа караници него комбинации и критики.
    Ај ако не нова тема да се отвори дискусија за модни критики |(
    Абе остајте кој сака така нека си прави...
     
    На buba4e89, eloves, Dazzle и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Не би да оддам уште офтопик,и да давам реплики и контра-реплики,али морам. :)

    Секоја чест на тие што ги коментираат сите,али
    јас прва не ги коментирам ,и не зошто имам нешто против некој,ни зошто лижам гз на некој,само сметам дека некои коментари некогаш се излишни.
    Или се веќе спомнати од други членки,па ми и глупо по милион и осумстоти пат да ги повторувам,или едноставно немам никакви забелешки,
    или едноставно немам време да ги искоментирам сите.
    А сасвим друга работа е што 50% од членките не знаат да прифатат конструктивна критика,па не ми се ни коментира.

    Али да се жалам зошто некој не ме коментира е малце повише без везе.
    Едноставно,кој сака нек коментира кој не сака не мора.Секој нек си прави како му одговара и крај,не е никој тука на некој да му удоволува.
     
    На Mini-Mouse, tinkerbelll, kate21 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    ФБИ, Ангел, Џокси кој и да кажал нешто околу ова е во право. Сакам да додадам: ако ти се допаѓа комбинацијата стави лајк, ако не-не ставај. Ама ако веќе тргнуваш да коментираш, кажи што имаш за секоја комбинација, а не да скокаш како ти е ќејф зошто не е фер. Позитивни, негативни како и да се коментари се, а не игнорирање кое сигурно делува навредливо и да, се ствара ефект на нижа вредност. Сите комбинации што се видени од твои очи заслужуваат да бидат коментирани зотшо во главата сигурно си помислил нешто, па можеш и да го напишеш. Еве јас одамна немам направено листа на коментари, само стискам лајкови на она што ми се допаѓа, ама мислам дека е подобро така, отколку да коментирам едни, а други не.
    Или сите или никој според мене во однос на коментари, зошто сите се потрудиле да сликаат и постнат комбинација овде, без разлика колку е добра истата. Во однос на лајкови, се ставаат само на она што ти се допаѓа.
     
    На marama и FBI им се допаѓа ова.
  11. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Си кажавме мислења и сите се логични :) Ја би да ја прекинеме тука дискусијата (или пак ако има желба за дискусија да ја “преселиме“ на друго место), за да не ја полниме темава со офф топици и да и опнат клуч на темава.
     
    На Phyramide, MacaLove, Plavusa.17 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Мене не ми е јасно зошто на матуранткиве не смееше да им се даде лоша критика.За што се тогаш тука ставени сликите, на секоја да и викаме леле преубава си вака така?
    Да, разбирам сите се потрудиле и се тоа, ама ете ако не сакале критика никаква , можеле во тема Матура да ги стават сликите, па само да ги лајкнеме ако ни се допаѓаат...

    Не коментирам, ама цело време ја следам темава, и искрено кога ќе видам некои феминки што коментираат ваква сум |( , зошто секоја нивна критика се состои од тоа леле преубава си браво, леле волшебна бла бла...
     
    На lolyta777, Li0ness, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Од иста причина што не е нешто што би можело да се смени а тука се ставаат комбинации кои подоцна можат да се променат. Сигурна сум дека и ти за матура би сакала да слушнеш "Не ми се допаѓаш, вакво е такво е". Критики за такви работи-да, но со по благи зборови како што 1000 пати до сега кажавме.

    ЕДИТ
    За тоа во врска со постирањето, до некаде си во право, можеби ете требало во темата Матура, но кога се веќе тука, треба да сме малку по обзирни. Сепак, на некој тоа му е слабост.
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Всушност, би сакала да слушнам дека на некој не му се допаѓам, секако да ми каже и зошто, од причина што јас се гледам со едни очи, а другите ме гледаат со други очи и би сакала да знам каде грешам.
    И впрочем, ако некој не сака лоша критика, нека си пише не сакам и готово.
    Ама овде ако пишеш не ми се допаѓаш, на пик те ставаат до крај на форумска кариера.
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    4.508
    Модни критики (за не толку храбри феминки)

    Ne zboruvav za mene konkretno zatoa sto zabelezuvam veke 20strani nanazad deka preovladuva istiot problem.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.057
    Допаѓања:
    66.773
    Пол:
    Женски
    Бидејќи очигледно секогаш има да се каже нешто за темата, а да не се уништува истата искажете се тука и после ова оди во канта.
     
    На FBI, Chocolate.me и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Раин, ај види погоре коментарот за levely не ми е оф топик. Знам јас ти дека ти ветив синоќа за мислењата и сега ме мачиш да пишувам :D
    Не навистина, не е оф топик, ама готово веќе на ново коментирав во модни критики.
    Скарана!
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.203
    Допаѓања:
    56.783
    Пол:
    Женски
    Искрено, не коментирам за сите во темава затоа што немам трпение, а и за повеќето комбинации немам што да кажам посебно, не сум моден критичар.
    Кога имам што да кажам си кажувам и да, обично тоа е за комбинации што ми се допаднале многу па преовладуваат позитивни коментари.
    Бреееј, "зошто за овој напиша, а за мене не" :D
    Навистина е така, пишуваме за некого, некого ќе прескокнеме, ама искрено... патетично звучи кога ќе го искажеш така и ќе се побуниш што некој не те искоментирал. Трајте си бе луѓе. Ставате слика, добивате лајкови и коментари од форумџии што сакаат да ви дадат - нема потреба од изнудување!
     
    На Trendafilka, kate21, Minnie-e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе, аман не правете од мравка слон.
    Кој сака и кого сака ќе коменитра, што се креваат узбуни, ако нешто ти се допаѓа само лајк, ако нешто сакаш да коментираш, постои таква можност.
    А веќе ако си се навредил дека не те коментирале тоа е друго, и немора да значи дека твојата комбинација не е добра, па ќе си набијат комплекс, ако ја имале таа храброст ќе си трпат и коментари и ' игнорирање '
    ...Ако нешто многу ти се допаѓа и си го искоментирал, и 10 страни понапред за тоа се зборуваз значи дека сите сме газолижачи? Туку дека навистина се восхитуваме на убавината од таа девојка и ја фалиме, да не потенцирам имиња сега, а за тој што мисли дека сме газолижачи и сака да даваме негативни коментари очигледно е искомплексиран и љубоморен. Не потенцирам имиња! Толку.

    ~
    Исто и за матурантките. Вистина е дека таа вечер била и не може да се врати, ама ако матурантката одлучила тоа да го носи, ако тоа е нејзиниот стил нема што да се навреди, затоа и ставила слика во модни критики, за да слушне други мислења. Позитивни и негативни, а не да се разочара, затоа што ништо не може да врати, а ако ја имала таа храброст да стави слика ќе си слуша и добри и лоши критики.
     
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    ФБИ пишала дека требало малку време за да се искоментираат сите, а јас ја прашувам колку време и требаше да ги напише огромниот пост во кој се опфатени 150 страни?

    Требаат 10 секунди да го скролаш, не пак цел да го исчиташ.

    Плус тие што постираат слики, не знам како може толку трагично да го сфаќаат тоа што не биле искоментирани, или скокнати, еве на пример Џокси- дете бре, кој сака ќе те искоментира, кој сака ќе ти даде лајк, кој сака ќе те скролне, негово право, и јас додека не ја прочитав “твојата теорија“ не ми беше јасно дека стварно некој тоа така го сфаќа, дека намерно го скокаат.

    Јас лајкувам ако нешто ми се допадне, а коментирам ако нешто ептен ме запрепасти, дали во позитивна или негативна смисла, додека нешто што не ми оставило впечаток го игнорирам, затоа што да кажам пример треба вака и вака ќе добијам одговор дека ова не е ред карпет, немаме сите 100 работи, импровизираме, ова она, и ајде на крај испаѓа дека треба да кажеш дека е се супер, а не е, ама изгледа е полесно некогаш да се каже толку посакуваното “супер си“ отколку вистината.

    И знам, јас ве мразам и сум исфрустрирана дебела која затоа не става слики, бидејќи се прави моден критичар, а којзнае како се облекува и каква е навистина, и затоа и ги поштетувам повеќето членки од моите коментари, да не ги полнам и нив со фрустрации, доволно ми се моите ;) :)

    Поздрав
     
    На Go-Girl, starfish и kate21 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.