Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Оф-топици од модни критики (за не толку храбри феминки)

Дискусија во 'Канта' започната од angel92, 22 мај 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Не смеело да се биде 100% искрен према матурантките осетливи биле,не смее да се дава искрена критика за да не се повреди некого,не смее да се прескокнува член ако коментираш МОРАШ за сите да коментираш зашто иначе си гзолижач |(
    Аман те бе луѓе,аман! Ако не ми се коментира нема да коментирам и готово!Коментирам тоа што ми останало во очи,друго не ми се коментира и што сега?Молите за коментар и се лутите притоа,ставрно нема смисла.
    И што ако сум го скокнала Џокси на пример пошто он прв се пожали така.Кој вели дека морам да го искоментирам?Нит барам некој да ме коментира нит молам како сакате така.Ако ви се допаѓам ок ако не пак ок,чим јас сум се осудила да ставам слика ќе си почитувам секое мислење или немислење.Нема потреба да се расправате за вакви банални работи.
    Неможете вие некого со сила да натерате кој како сака така ќе си коментира и готово.Од секоја тема компликации правите.
    И за крај кој вика дека несмеам за матурантки и апсолвентки лош збор да кажам?И јас бев апсолвент па на кој не му се допаѓаше си кажа и што?Ми го срони бисерот боже |(
     
    На buba4e89, Ognenija, Artemission и 2 други им се допаѓа ова.
  2. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.093
    Јас стварно не гледам зашто би било задолжително некој да фати и да коментира се по ред, форум е ало. Не ме обврзува постоењето на нечија слика јас да паднам од стол дури ја испофалам.

    Додека пишував коментари во таа тема, никогаш не сум составила листа пазејќи да не испуштам некого (ниту ќе составам), коментирав ретко и нешто што се издвојува, во позитивна или негативна смисла. Со тоа што и негативното сум го изнела на најбезболен можен начин и најдобронамерно, али пак бев лошата. Понекогаш само лајкот и ајт, не ќе пишувам реферати кога нешто се подразбира со давање односно недавање лајк. За мене Сефора остана број еден, дури ставаше слики, сега не ја приметувам по форумов воопшто, и ми се допаѓаа 90 посто од работите што ќе ги постираше и скоро секогаш ми беше мерак да пишам. Додека упикавање, паѓање у несвест на потпросечни комбинации што секој ќе ги состави, па несмеење да кажеш замерка (зашто тогаш слики?), па љубоморен си, па затуцан си дрн дрн јариња, темата одамна има изгубено од поентата.
     
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.651
    Допаѓања:
    4.555
    Пол:
    Женски
    А што прајме ако некоја членка ја знам органски не ја варам морам да ја искоментирам ?Не ,ќе ја прескокнам , за матурантите конкретно ако некој е облечен леле мале нормално ќе го напишам тоа , нема да мачкам очи , сепак секоја критика е добре дојдена без разлика дали е лоша или добра

    п.с. А треба ли да се коментира такозвана комбинација за школо пример составена од фармерки , блуза и патики ? М? |(
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Реинбоу кај ја напраи темава најактивна е :D
     
    На Miss.Ricci и Phyramide им се допаѓа ова.
  5. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Сеси ми требаа се’ на се’ 2 часа :) ....поради тоа што 2 месеци ја немав отворено темата.
    Мислам дека поголемиот дел од членките, редовно ја посетуваат темава и ќе им треба далеку помалку време.

    Пред се’ мислам дека не е коректно оние кои се активни во темава и активно ставаат комбинации, да скокаат.... (овде не мислам на тебе и на ред други феминки кои никогаш и не поставиле своја комбинација).
    Еве, јас тргнувајќи од мене, ќе кажам дека не се чувствувам пријатно да скролам, игнорирам, скокам- а сум подготвена да ставам комбинација и да добивам критики (негативни или позитивни во врска со неа).
    И сеуште стојам на ставот дека забележувам како тоа “игнорирање“ кај некој придонесува за синдром на пониска вредност.

    Сепак, секој нека си се води од она за кое што мисли дека е правилна постапка. Некој немал време, некој немал желба, некој едноставно не сакал, некој не сакал да коментира негативно.

    БлекЕјнџел- треба да се поработи на објективноста во тој случај. Имаш опција и за коментар на истата таа комбинација (пр. премногу обично, немам што да искоментирам)

    Големи сте- вие си знаете.
     
    На SunFlower94, Miss.Ricci, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Многу јасно дека ако поставиш слика и притоа коментарите подолу се наменети за сите освен тебе ќе се осетиш по ниско. Не мора да значи дека ако некој се буни што не му ја коментирале сликата сака само позитивни коментари! Позитивни или негативни не е битно, битно е дека секакви критики во врска со комбинацијата се добредојдени, и сега кога веќе си можел да коментираш едно 10 комбинации, зошто да не ја вметнеш и комбинацијата на таа одредена личност? (кога веќе си се нафатил да критикуваш или фалиш).
    Јас и реков на ФБИ, секоја чест што можеби еднаш на некое време ќе искоментира, ама не прескокнува ни една комбинација, ма нека биде тоа пост од 100000km. Битно не дели никого, не коментира само за одредени личности туку ги става сите во еден кош.
    Нормално, има моменти на пример еве јас, ќе ме мрзи па само ќе лајкнам, некогаш ќе отворам и првите 2-3 слики што ќе ги видам ги коментирам, но тоа се случува некогаш, а не да коментирам на пример само Боа кога ќе постави слики, или само Плавуша (рандом никови земам). Али тоа е тоа.
     
    На FBI, SunFlower94, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Без разлика дали некоја феминка ви е омилена или не, не личе да коментирате за сите,а за неа не, само затоа шо не се согласувате со нејзините мислења. :^) Јас сум ставала ми се допаѓа на феминки со кои не се согласувам, крај краева ја оценувам комбинацијата, не неа. И глупо е покрај толку феминки искоментирани, вас да не ве коментираат. Исто се согласувам и со МацаЛове за матурантките. Можеше да дадеме некоја наша критика ова требало, она не. Мене не би ми пречело тоа. Вака испаѓа само рози цветаат. Нема веза.
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Јас секогаш коментирам за најдобрите комбинации од последните 3-4 страници.Можеби за некој не сакам да коментирам (всушност за некоја комбинација) тоа нема врска дали личноста што стои зад неа ми се допаѓа или не.
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Женски, правото да поставите слика за да добивате коментари е ваше.
    Исто како што е мое, или ваше, правото да коментирате на кои слики сакате, кога сакате и како сакате.
    Никој не може да ме натера да ставам фотка, и никој не може да ме натера да коментирам за комбинација.
    Толку е едноставно.

    Навредите, секако дека не доаѓаат во предвид, ама голем дел тука треба да научат прво што е конструктивна критика. Секој коментар во којшто една формуџика кажува дека нешто не и се допаѓа, не ја прави негативна, лоша и сл. Затоа и смешно беше кога се бараа “поблаги“ критики за матурантките.
    Нели сите рипате зад фактот дека за вкус не се дискутира?!

    ФБИ, види, реално, тоа не е моја работа, или твоја, или на некоја рандом форумџика што објективно си коментира што и се допаѓа, а што не.
    Во право си дека тинејџерите се доста осетливи, па може и нависитна некој си набива комплекс, ама ние не сме овде да градиме личности и карактери.
    Самодовербата се билда на друго место, а не на анонимен форум.
     
    На sesilija и Go-Girl им се допаѓа ова.
  10. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Незнам од кога дојде ова некој да ти кажува за кој да коментираш или да не коментираш.
    Пиштол под грло да не ми ставите што сум рипнала некој, и не само јас, било кој?
    Бог да чува и да брани, до каде ја дотеравте работава жими се не сте со сите.
    Прво беше за лајкови, сега за коментари, кој ќе ви го најде крајот.
    П.с наместо да се занимавате со глупости, кој кого критикувал, коментирал, лајкирал, одете прочитајте книга, гледајте филм, серија па коментирајте, барем нешто ќе научите па и ние ќе прочитаме нешто корисно и вредно да се чита, извинете ама мене ова ми е најголемата глупост која сум ја прочитала и видела на целиов форум.
     
  11. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Не можам да правам психолошка анализа на професионални игнорирачи или па на игнорирани феминки.
    Jaс коментирам кога ми се коментира и кого сакам ќе коментирам.
    Не ме интересира кој е членот, си правам визуелно селектирање на постови, тој што ќе ми фати око тој го читам.
    Што па и вие се замарате кој како ве искоментирал и дали ве искоментирал.. Има многу што само ја читаат темата и ви ги виделе комбинациите па се воодушевиле или превртеле очи, но не искоментирале. Јас редовно ја гледам, па два пати дали се собрало да искоментирам некој. Сите ве имам видено!
    Фала.
     
    На LivingGlam, mims-89, cigarce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    Да ве прашам само.... Модни критики темата за што ви служи? За делење и за собирање лајкови?
     
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    [​IMG]

    Сите што сте ми ги прескокнале комбинациите да горите во пеколот. :D

    Дечки, пресериозно сфаќате неважни работи. Keep calm and post your outfits. :*
     
    На mims-89, thinkerbell и Hipster им се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Еј што ви е бре, се си мислам си го започнувате денот со мислата ее сега како има да се скоцкам, сликнам и поставам слика на Фемина во темата и соберам 100лајкови.

    Ах што ви прават тие лајковите..

    Само не знам зошто толку сте исфрустрирани, сте сакале да ставите слика и сте ставиле. Нели тоа е ваш стил, што се замарате толку дали некој ве коментирал или не, позитивно или негативно..

    -Кога коментираме зошто коментираме, само за лајкови било коментирањето...
    -Кога не коментираме, сме одбегнувале сме скокале некој.. бре бре.

    Реално мене лично за да искоментирам треба некоја комбинација да ми остави силен впечаток, а онака најчесто тие што ми се допаѓаат си ги лајкнувам и готово. Има комбинации кон кои сум индиферентна, а доколку нешто сметам за голема утка ќе напишам, ќе прокоментирам околу тоа.

    Ама ако сакате толку да знаете и го влечете човек за јазик, една добра третина од поставените слики во темата и не се комбинации. Сликнал некој таму слика поставил од 2mm, притоа нозете сечени не се гледа што носи како обувки, накит нема, детали нема, само фустан или панталони и маичка битно се гледа газот натртен, нозе згодни. Тоа ми е мене повеќе како види колку сум секси, одошто оцени ми го стилот :wasntme: Реално што ќе оцениш кога не е тоа комбинација, комбинација ти се вика да се види се од чевли до чанта, до накит и остали детали. А не само груди у вис и ајде коментирате срцки, па згора на се на крајот се повеќе има и смајлиња од типот смејем се а плаче ми се..

    Секоја чест на другите сум се изнагледала прекрасни комбинации на темава
     
    На mims-89 и Ognenija им се допаѓа ова.
  15. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Премногу лично го сфаќате форумот. ;) Ова всушност и не наликува на нормален форум туку на ''приватен форум'' каде повекето од членките се познаваат па го користат да си искомуницираат да си се испофалат, да се подржат или да ја докажат својата супериорност над останатите. Сум забележала дека одредени членки ,обично од оние со поголем број мислења, што веќе подолго време се на форумот се однесуваат како форумот да е нивни и се дрски кон останатите, особено кон новорегистрираните членови.
    Секој нивни пост, макар и само еден збор обавезно :!: е проследен со 10тина ѕвездички.

    Се сложувам со мислењто на Тинкербел, ако сака- ќе коментира, ако не- не и готово. Зошто го земате ова толку лично и на срце? Како да се борите за коментари и ѕвездички така ми изгледа |(

    Боже, боже..''не ми ја коментираше сликата толку веќе крај, револт''

    Замислете си како ке изгледа форумот во очите на некој странец, србин, бугарин или хрват го отвара и има што да види, лутешки и револти за тоа ''оти некои членки само нивната слика не ја коментирале'' ццц...смајлиштосекрсти.. |(

    П.С каде пишува дека сме обврзани да ги коментираме сите слики во темата модни критики, чим веќе сме започнале со критикување? :) Да не има и вакво правило случајно? :^)
     
    На buba4e89 и Sara123 им се допаѓа ова.
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Па олку не сме се расприкажале во сите теми заедно.
    Жени бе жени :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Ај да ја смениме темата, место Модни критики да се вика Модни Пофалби, и сите среќни и задоволни.

    Не дека и сега се ставаат комбинациите за критики, ама ај...
     
    На buba4e89 и marama им се допаѓа ова.
  18. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.910
    Допаѓања:
    4.542
    Прашав од причина што само тоа читам веќе 2 страни назад. За џабе темата не се вика модни критики каде што треба да се коментира т.е. да се даде позитивна или негативна критика за сите.

    И никој не ја направи големата, јас само си кажав што ми лежеше на душа а не ни посочив никој. На крај како и секогаш сите скокнаа да искоментираат и да се надмудруваат и затоа се разви непотребна дискусија со иронични препукувања каде сите се светици. Форум со 20000 жени, не е лесно.
     
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас немам коментар, дојдов само да и кажам на Мис Ричи да не ја злоупотребува темава за лични цели :fubar: :rofl:
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Чекајте, најсериозно толку сериозно по сопствениот живот ја сфаќа некој темата за модни критики?!

    Едно ќе речам, секому му е мила одредена потврда, сознанието е пријатно кога нешто што правиш е одобрено или пофалено, АМА да изнудуваш признание или барем свртување внимание врз себе - не е во ред, било кој друг израз нема да употребам, не сакам некој да се навреди, не ми е тоа целта. Сосила убавина не бидува, народниот мудрец е секогаш во право.

    Ех, да, сосема е можно некои форумџики и намерно да ги изоставаат негативните критики, посебно ако увиделе дека не секоја знае да се носи со истите ;) ...
     
    На thinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.