1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Охридски маратон

Дискусија во 'Спорт' започната од Snow-Queen, 19 август 2012.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Триесет пливачи на 26. Охридски маратон

    Кои се вашите коментари? Можеби некој од вас учествувал?
     
  2. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Епа денеска Петар Стојчев од Бугарија го сруши поставениот рекорд 05:19:49 со време 05:19:30 :) .
    Човеков 11 пат по ред победува на охридскиот маратон. Секоја му чест,му симнувам капа.
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Баш вчера коментиравме со моите околу маратонот: колку само има изгубено во публицитет!
    Порано низ цел град се лепеа плакати, се делеа промотивни материјали, немаше човек кој не знае кога се одржува маратонот и едвај чекавме да дојде тој ден, да се нацртаме на пристаниште што е можно порано, да фатиме место и да чекаме. Абе какви гужви беа, знам секогаш имаше по некој (претежно деца) што ќе паднеше во вода притиснат од толпата.
    А сега?! Дури вчера вечерта разбрав дека вчера се одржал маратонот. Срамота...

    И баш дискутиравме за Бугаринот. Минатата година нели изјави дека нема да се пријавува веќе? Нели неколку месеци уназад кажувале од неговиот тим дека не е во најдобра форма? Ништо лично, ама искрено, досаден е веќе |( :D
    Шала на страна, му посакувам до година и новиот рекорд да го сруши. 11 пати еееј му тргнало ептен на човеков :D
     
  4. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Mхм и јас Хипице дознав вчера дека е, случајно бев чаршија излезена и една другарка ми кажа, и отидовме да гледаме, немаше гужва како порано,ама воопшто.. А тоа е воедно и најдобра промоција на градот, ама годинава ни самите охриѓани незнаеја кога ќе се одржи :doh: