По кревање на толкава прашина од страна на медиумите меѓу народот, а и тука на форумов, редно беше и ваква тема да отвориме. Многу од вас знаат (затоа што јас и Ана сме ви кажале) дека не е толку страшна ситуацијата. Али колку за проверка, да видиме што мислите, што ни се случува нам тука?
Па Хипица од една страна не е толку страшно колку што се прикажува,а пак од друга страна е помалку страшно.Па и да се прелиело езерото не ми се верува дека е до толку.
Па јас мислам дека искрено за џабе креваат врева кога пред некое време гледав вести беше стварно накачено,и сеа преска пак гледав по една недела и истото место снимено и сватив дека се спуштило нивото малце (ваљда добро сум приметила),али тука од политички причини дигаат толкава револуција што фала богу не беше толку опасно,а па не дај боже да се деси нешто како во светов толку јаки земјотреси цунами и толку жртви ќе направат не знам каква приказна,може да биде опасно само ради штета на тие што се блиску до езерото а нешто повеќе да се деси мислам дека не,полека полека ќе се спушта
Епа тоа е Лолита. Креваат врева за ништо. А цунами да фати не-дај-Боже? Таму каде што им излегла вода, тоа е затоа што имаат градено на ниво пониско од езерото. Или на тој во Струга што се жалеше дека немал доволно вреќи со песок. Па дрвата во вода му беа. Тој на 2 цм од езерото да не живее? Страшно. И тетка ми живее покрај езеро, ама е на 10 м негде, и не им излезе вода, ниту ги стигна езерото. Нормално дека ако тој самиот влегол в езеро со куќата, ќе го поплави. Глупости. Наколно живеалиште нека направел. Емче Не сум толку блиску до езерото, ама ќе размислам за ова Да не пеат после ХИПИЦА КАЈЧЕ ВЕСЛАШЕ
Цунами онака го кажав али како што креваат врева да не направат дека ќе има цунами бран од охридско ензеро пу пу не дај боже
Се изнасмеав за новокомпонираната песна! Па вака..... Охридското езеро ,А ПОСЕБНО ОХРИЃАНИ ми се останати во многу убаво сеќавање. Од мојата 5-10 година секое лето одев на одмор во Охрид и седев по цел месец. Мајка ми таму имаше една другарка и таму седевме на гости. Најубавите спомени ми се на тој град и езерото ..време пред 20 години ,кога градот се уште имаше душа и срце. Еден од најубавите градови во Македонија. Езерото е бајка...мислам дека ништо толку не ме фасцинира колку што ме фасцинира гледката од Св.Пантелејмон. Кога сум во Охрид ,осеќам дека се враќам кон минатото .......... спознавајќи си ги своите корени. Ете зошто јас го сакам Охрид и охриѓани-секако!
Бејбикети, иако ги сакаш ОХРИЃАНИ, душава ми се наполна од постов твој шо го прочитав. И затоа еве за тебе
Ееее бејби па што чекаш ти утре, ајде во Охрид брзо купувај едно станче, сега и ќе се иселат многу, па ќе најдеш нешто поволно
не се секирај ти за пари, ќе кренеме една петиција ќе собереме потписи да ти доделат еден стан, во чест на твоите патриотски чувства за Охрид
Ситуацијата не е страшна, и тоа не само дека ти и Ана ни кажувате, туку и гледаме на вести :mrgreen: Поплавени подруми во 20 куќи во пештани, кои патем речено се на 2 метри од езерото, не е нешто трагично. Всушност, и мене во Скопје еднаш ми беше поплавен подрумот, ама ете не ме даваа на вести Мразам кога заради политика се крева толкава фама. И во Пелагонија има поплави, ама тој градоначалник е од владеачката колаиција па нема проблеми, а овој во Охрид е од опозиција, и одма крај на светот е. Е многу ми идат на живци такви ситуации, а со такви се судирам секој ден. Туку ај нека се живи и здрави... Интересно е како се менуваат работите... пред некоја година суша на сите страни - Вардар, сите езера, Дојранско веќе ќе го снемаше, а сега се преполнија. Тоа ти е, природа. Инаку Охрид и Охридското езеро ги сакам најмногу!. Погледот од Канео е нешто бесценето.
Си го сакам градот И за ништо не би го сменала, иако викам дека ми е здосаден, сепак, кај и да одам, овде ќе се вратам. Ги знаете прекрасните места, што да кажувам, сум поминала многу денови така под отворено небо, сум дочекала многу изгрејсонца и зајдисонца.. магичен град. И езерото си го сакам, одделни плажи и мали слатки местенца до езеро. Едно од омилените ми е кај Куба плажата на клупите за лежење... е тука ми е душата.
Се изнасмеав од срцееее!!!!! Мислам дека треба да ми дадете титула -почесен граѓанин и да ми доделите ,ако не стан...еден апартман...не за друго ,туку затоа што мислам дека охриѓанио се слатки ,а тоа ретко е !!!
Е да, медиумите стварно ја прават ситуацијата драматична, иако не е таква, и мислам дека фактички сето тоа е една политичка игра... ама политиката настрана, луѓето можеби и самите се виновни што до толку ескалира ситуацијата... ако гледаш дека надлежните не ти помагаат, прави нешто самиот, а не само да седиш со скрстени раце... А во принцип, езерото си го зема она што му припаѓа... кај течело, пак ќе тече - некој одамна го рекол тоа и во право бил - човекот треба да ја почитува природата - кога зема, треба и да дава... најголем дел од оние што се поплавени, куќите си ги изградиле на земја одземена од езерото - и никогаш ли не им паднало на памет дека и ова може да се случи? Кога веќе градиш така, заштити се... Холандија на пример повеќе од половина земја е изградена на територија одземена од морето... ама тие луѓе паметно граделе, се заштитиле... овие нашиве грешка направиле и за патот Охрид - Св. Наум, и за куќите покрај езеро, во Пештани и во стариот дел на градот... место да го подигнат земјиштето и да изградат насипи, оставиле така... па сега ќе има поплави, нормално... не дека ќе немаше поплави со сите овие снегови и дождови што заврнаа, ама немаше да има толкава штета... тоа е мое мислење, ама приметив дека многу луѓе, особено постарите го мислат истото (зборувам за Охрид)... И не се грижете... кај да е, ситуацијата ќе се оправи!
Браво бе Анче алал да ти, убаво си кажа, треба да излезеш ти пред камера кога ќе снимаат пак и да си го кажеш се ова, и онака секој ден се таму и сминаат па вестиве се преокупирани со тоа. Кутри немаат веќе што да даваат на вести па се фатиле за езерово како слеп за стап, туууу
вчера на вести кога слушнав што кажаа неможев да поверувам колку глупав народ има значи езерото се прелива и има поплави и тн. а градоначалникот отишол на пат во Австралија и тоа службен пат, па затоа што не седел тука да полни вреќи со песок и да им прави брана за подрумите да не им се наполнат земале дваесетина луѓе гуми и прават фешти среде градот јас колку што се сеќавам градоначалникот прв реагираше кога се покачи нивото на езероти и засега прави се што е во негова можност, моментално имал службена должност да оди во Австралија и отишол, па што да прави човекот - да седи до езерото и да ги враќа брановите назад или да ги запре изворите кај Св. Наум а одредена група на луѓе излегле и демек протестираат зашто градоначалникот отишол да се одмара таму :roll: епа решението за своите поплавени подруми треба сами да си го најдат, никој неможе ништо против природата ама убаво викаа глуп народ - силна држава ilent:
Абе ајде ќе речеш проста раја, ама суми ја изјавата од нашиот ни градоначалник денеска: „Ќе ги тужел тие што биле виновни за поплавите" А кого ќе тужи Господ можеби... :roll: